логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Hristos.angel.jpg

Борбата се води храбро и непрестајно (НЕВИДЛИВА БОРБА -Свети Никодим Агиорит)


Ако сакаш да го победиш духот на злото што е возможно полесно и побрзо, потребно е да се бориш против сите свои страсти, храбро и непрекинато, а особено против САМОЉУБИЕТО, угодувањето себе си, самосожалувањето, затоа што тоа служи како корен и извор е на сите страсти и тоа не  може да се скроти со ништо, отколку и  само со радосното примање на неволјите, лишувањата, неоснованите оптужби и угнетувања од страна на луѓето.

Ако ова се  се испушта од вид и човекот се самосожалува себе си, тогаш сите напори се безуспешни, а победите несовршени и несигурни.

 Затоа борбата мора да биде постојана и мора да се води со голема душевна храброст. До храброста сепак, може лесно да се дојде доколку таа се измоли од Бога.

Излези, значи, на бојното поле без колебање. Ако ти дојде и те заплаши помислата дека лошиот дух е силен а ти си слаб, сети се дека е Бог Семоќен, и дека Он те љуби. Сети се дека ти помагаат хорови на ангели и молитви, како што е напишано за Амалика: (2 Мој.17,16).

Колку ли само слаби жени и недораснати деца ги подигнала на  борба помислата на таквата голема помош. И ја сочуваа победата , ја победија целата мудрост на светот, сите лукавства на непријателите - духот на злото и целокупната злоба на адот. 

Затоа од ништо не смееш да се исплашиш кога ќе започнат да се ројат мисли дека дека борбата која што ја започнале против тебе непријателите е страшна, дека нема крај , дека ќе се оддолжи до крајот на животот, дека нема да те одминат паѓањата до крајот на животот и дека тие ќе се повторуваат многу пати и на различни начини.

Знај дека нашите непријатели со сите свои лукавства се наоѓаат под раката на нашиот Божествен војсководец,  Господ Исус Христос, во чија чест и слава ти војуваш.

 Бидејќи Тој самиот те води во борба, секако дека нема да им дозволи на непријателите да извршат врз тебе насилство, ако ти самиот по своја волја не прејдеш на страната на непријателите, туку  Тој Сам, ќе се бори за тебе и ќе  ти ги предаде непријателите во твоите раце, кога тоа Нему ќе Му биде угодно, како што е напишано ( Мој. 23,14,).

Ако Господ задоцни за да ти ја даде потполната победа над непријателите и ако ја одложи до последниот ден на твојот живот, знај, дека и тоа го прави само заради твоето добро, само ти не не отстапувај и не престанувај да  се бориш со сета своја снага. Макар да бидеш и рануван, не го отфрлај оружјето и не бегај од бојното поле.

Имај само една намера -  да се бориш и да се бориш...со сето воодушевување и со сета храброст, бидејќи тоа е неопходно. Не постои човек кого што го заобиколила борбата во текот на животот. А кој што не  се бори против страстите, тој ќе биде предаден на смртта.

 Корисно е исто така постојано да мислиш, зошто на Бога Му е угодно  да не остави     во таа борбена положба. А еве зошто.

Како што некогаш водејќи го Израел во ветената земја Бог не наредил да се истребат сите народи туку оставил пет други непријателски расположени племиња кон Израил, - прво затоа за да види дали е цврста верата на избраниот народ и дали верно ги исполнува Неговите заповеди, а второ за да го научи Својот народ да води борба (суд 1: 1-4), - така Тој не ги истребува одеднаш ниту сите наши страсти, туку ги остава да живеат во нас, за да се борат со нас до самата смрт, за да ја испита нашата љубов кон Него и нашата покорност на Неговата волја и за да не научи на духовна борба. 

Бидејќи сме постојано опкружени со толку и такви непријатели кои страотно не мразат, не можеме да очекуваме мир и прекин на непријателствата, туку мораме во секој момент да бидеме спремни за борба и штом непријателите ќе ја најават, веднаш храбро да влеземе во неа.

Се разбира, би било подобро во почетокот да не сме ја отворале својата душа и да сме ги пуштале внатре страстите. Сега, кога тие  си го расчистиле патот не можеме веќе да бидеме безгрижни, туку мораме да се вооружуваме против нив за да ги истераме од себе. Тие се бесрамни и упорни и нема да излезат ако не ги истераме со сила.

Ти претстои борба со страста и другите твои непријатели, ти зборува Тој. Не плаши се и не бегај од бојното поле.

Затоа што јас сум Господ Исус,  Твојот Војсководец,  кој стои блиску до тебе, опкружен со ангели, спремен да се заедно со тебе против непријателот.

Тој нема да дозволи непријателите да те оборат и да те победат, зашто ветено е: Господ ќе се бори за вас (2 Мојс.14,14).

Затоа секое утро започни го со молитвата: Господи Исусе Христе помилуј ме.

Тоа страшно Име, блеска како меч во срцето и како гром ги погодува злите духови и страстите. Затоа, Св. Јован Лествичник рекол:

„ Со Името на Господ Исус Христос, камшикувај ги непријателите“.

Со тоа оружје победувај ги непријателите најпрвин со спротивставување на страста, потоа  со омраза кон неа и најпосле со делата на добродетелта кои  и се сосема спротивни .

Се разбира сето тоа мора да се извршува во молитвена атмосфера. Правејќи така извршуваш дело што му е угодно на твојот Бог, Кој со Својата прославена Црква на небесата ја посматра твојата битка.

 

Преведе и подготви М. Даниловска



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2037
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2057
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 503
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная