логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

СВЕТИ МОШТИ

Свети мошти се остатоците од телата на светителите. Црквата не го вовела почитувањето на светите мошти со позитивна наредба, туку тоа го сторил народот, а Црквата само го допуштила.
Светителите се осветени како луѓе кои имале тело и дух. Оној којшто го почитува ликот на светителот, не може а да не го почитува и неговото тело, кое за време на животот било во најтесна врска со духот на светителот, а кое и по смртта, во извесна смисла, ја задржува таа врска.
Најстар пример за почитување на моштите е забележан кај св. Игнатиј Богоносец, епископ антиохиски и апостолски ученик, кој во ИИ век пострадал маченички во Рим, растргнат од дивите животни. Коските од светителот биле собрани со пиетет, донесени во Антиохија и сочувани во еден ковчег. За почитување на моштите се говори и во во едно писмо, каде е забележано мачеништвото на свети Поликарп, епископ од Смирна. Тамошните христијани, откако ги собрале неговите коски, ги чувале со побожност, како големо богатство и го славеле со голема свеченост споменот на светителот. Колку почитувањето на моштите било вообичаено во ИИИ век ни сведочи и податокот дека за време на гонењата од страна на царот Диоклецијан гонителите, со цел да се оневозможи укажувањето на соодветната почит, ги фрлале моштите од светителите во морето.
Кога гонењата престанале, над гробовите на мачениците се издигувале цркви и капели. Оттаму во времињата по гонењата, па и денес, еден храм не може да се освети без мошти од светител, кои при чинот на осветување се ставаат во престолот од олтарот. Тоа е утврдено и со 7. канон од Седмиот вселенски собор.
Антиминс - така се нарекува четвороаголното платно на кое е насликано погребението Христово, а во кое се вшиени мошти од маченици или светители. Неговите почетоци датираат од времињата на гоненијата, кога многу често незнабожечките гонители ги изненадувале христијаните за време на богослуженијата и на светата Евхаристија. Затоа, наместо постојан престол се користело осветено платно, во коешто, при ненадејните напади од гонителите, можеле да се завиткаат светите дарови и да не ги остават да бидат осквернети. А бидејќи најстарите цркви биле подигувани над гробовите на мачениците, подоцна се започнало во платното да се вшиваат и мошти од мачениците. Денес во секоја црква обично има антиминс, којшто за време на светата Литургија се распостелува на престолот во олтарот.  Според св. Исидор Пелусиот, антиминсот го означува платното со кое било обвиткано телото на Господ Исус Христос во гробот.
 Уште одамна, откако моштите на светителите почнале да пројавуваат чудотворна моќ, а посебно од 4 век па наваму, христијаните почнале да практикуваат и поклонички патувања на гробовите од светителите.
Нетрулежноста на телата од светителите е веќе посебен знак на Божја потврда за светоста, а често се случува од нив да излегува добромирисно миро. Тие светители, како свети Димитриј, свети Никола и др., затоа и се нарекуваат мироточиви.
Моштите на светителите се изложуваат на јавно почитување. Но, почитувањето на светителите, на иконите или моштите, всушност, е почитување на Бога, Кој е „прекрасен меѓу своите светии“.

Извор: Православен пат



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6453
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная