Да чекориме заедно кон Христос

Еднаш, во еден мал манастир, живеел старец со двајца млади ученици.
Едниот бил брз и нетрпелив, а другиот бавен и внимателен. Често не се согласувале и секој сметал дека неговиот начин е подобар.
Еден ден старецот им дал едно долго јаже и им рекол:
„Повлечете го секој на својата страна.
“Двајцата млади почнале да влечат со сета сила. Јажето се затегнало, но не се скинало.
Тогаш старецот им рекол:
„Сега држете го заедно и одете во иста насока.
“Овој пат јажето не се затегнало. Станало нивен водич и ги повело заедно по истиот пат.
Старецот се насмевнал.
„Гледате, чеда мои? Кога секој влече на својата страна, дури и најсилното јаже станува причина за болка. Но кога одиме во иста насока, она што претходно нè разделувало станува врска што нè обединува.“
И им рекол:
„Таков е и нашиот живот. Христос не бара сите да бидеме исти. Бара да имаме иста љубов. Да умееме да простуваме, да попуштиме, да слушаме и да се држиме еден за друг кога другиот ќе се измори.
“Од тој ден, двајцата ученици повеќе не се обидувале да докажат кој е во право. Се обидувале повеќе да сакаат.
Зашто вистинското единство не се раѓа тогаш кога сите размислуваат исто.
Се раѓа тогаш кога, и покрај нашите разлики, избираме заедно да чекориме кон Христос.А старецот велел:„Едно срце може да се измори.
Но срцето што сака и е сакано, наоѓа сила да продолжи.“
— Од редакцискиот тим при храмот „Свети Константин“ во Колонус, о. Атанасиј —
Подготви м-р Симеон Стефковски
10.10.2026