Молитвата и богослужбите ја претвораат депресијата во радост
Во денешно време човекот често чувствува тага, очај, тромост, мрзливост, душевна здодевност и сите останати сатански состојби. Тагува, плаче, меланхоличен е, не се грижи за своето семејство, троши многу пари на психоаналитичари и лекови. Сето ова луѓето го нарекуваат несигурност, православието верува дека станува збор за искушенија од нечестивиот.
Болката е душевна сила која Бог ја всадил во нас, со цел да донесе добро, љубов, радост, молитва. Наместо тоа, лукавиот успева оваа духовна сила да ја одвои од нашата душа и да ја користи за зло, односно предизвикува депресија и душата ја доведува до состојба на тромост и душевна здодевност. Тој го мачи човекот, го поробува и душевно го разболува.
Тука постои една тајна. Треба сатанското дејство да го претворите во добро дејство. Тоа е тешка работа и за неа е потребна извесна подготовка. Таа подготовка е смирението. Смирението ја привлекува Божјата благодат. Предадете се на Божјата љубов, богослужбите, молитвата. Но и кога го правите сето ова, ништо нема да постигнете ако немате смирение. Сите лоши чувства: несигурноста, губењето надеж, разочарувањето – што тежнеат да ја освојат душата, исчезнуваат благодарејќи на смирението. Кој нема смирение е себичен, не дозволува да се спротиставиш на неговата волја, да го опоменеш или посоветуваш. Веднаш се натажува, нервира, бунтува, реагира бурно и се препушта на депресијата.
Ваквата состојба се лечи со Божјата благодат. Душата треба да се насочи кон Божјата благодат. До исцеление ќе дојде ако таа со копнеж го засака Бог. Многу кои се свети во нашата Црква депресијата ја претвориле во радост преку љубовта кон Христос. Всушност, тие сета своја душевна сила, која ѓаволот сакал да уништи во нив, ја предавале на Бога и така ја претворале во радост и веселба. Молитвата и богослужбите постепено депресијата ја претвораат во радост затоа што Божјата благодат делува на душата. Овде е потребно да имаш сили да ја добиеш Божјата благодат, која ќе ти помогне да се соединиш со Бог.
Потребна е вештина. Кога Му се предаваш на Бога и стануваш едно со Него, ќе го заборавиш лошиот дух што те влечеше назад и тој презрен ќе побегне. Понатаму, колку повеќе се посветуваш на Божјиот Дух, толку помалку ќе мислиш за себе, па нема ни да го регистираш оној кој те влече назад. Кога ќе те привлече благодатта, се соединуваш со Бога. А кога се соединуваш со Него и Му се предаваш, сѐ останато исчезнува. Ти го забораваш она другото и се спасуваш. Големата вештина и умешност или големата тајна – како да се ослободиш од депресијата и сѐ останато – се содржи во тоа да ѝ се предадеш на Божјата љубов.
Старец Порфириј Капсокаливиски
Сите лоши чувства: несигурност, губење на надеж, разочарување - кои се стремат да ја совладаат душата, исчезнуваат благодарение на смиреноста. Кој нема смирение, туку е себичен, не дозволува да му ја оспориш неговата волја, да го опоменеш или посоветуваш. Тој веднаш ќе се разжалости, изнервира, бунтува, реагира брзо и паѓа во депресија. Оваа состојба се лекува со благодатта Божја. Душата треба да се насочи кон благодатта Божја. До исцелување ќе дојде ако таа со копнеж го засака Бог. Многумина кои се свети за нашата Црква, ја претворија депресијата во радост преку љубовта кон Христос.
~ Старец Порфириј Кавсокаливит
Пећина Ein Caremu, у којој је рођен Свети Јован Претеча, близу Јерусалима
Друго: