логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.Erarsi5

ДА СЕ СПРОТИВСТАВИШ НА САМИОТ СЕБЕ

Лесно е да се стане еретик, атеист, рамнодушен кон духовните работи,но тешко е да се стане православен христијанин. Да се биде таков, мора да прифатите дека не сте центар на светот, туку Христос е.Тоа значи дека нема да можете да го направите тоа што ви паѓа на памет, нема да можете да се помирите со вашите навики и страсти и ќе мора да пролевате крв секој ден заради вашата љубов кон Христа.

Лесно е да се живее како христијанин, но тешко е да се живее како христијанин со Христос. Лесно е да се живее со тоа што ќе го отфрлиш својот крст, ќе ги обвинуваш другите, ќе бараш виновници, ќе се амнестираш себе си. Тешко е да го носиш својот крст слободно, односно одговорно и да го следиш Христа во животот како Христос, како христијанин, а не само како добар човек.

Светот е полн со „добри“ луѓе кои лесно ќе го фатат за грло секој што ги задева дури и малку. Како и да е, рајот нема да биде исполнет со добри луѓе, туку со христијани кои го живееле животот на Црквата Христова на православен начин, со дела угодни на Бога, а тоа им го сочинувало нивниот живот, и им ја дало Вечноста.
Ах, само да можев да ве убедам дека на крајот вреди да се изгуби дури и својот живот заради Вечноста. Но, Христос не можеше да го убеди светот со векови, па ќе успеам ли јас?! Сепак, она што ве замолувам да го направите е да размислите што е корисно за вас. Неколку години или вечноста?

Што сакам од тебе? Да се размисли малку логично за да се донесе одлука за суперлогичното, нетленото, вечното, за животот по животот… Затоа што дури и логиката - а не само верата - може да стане света соработничка на вашето спасение.

Дел од беседата на архим.Павел Пападопулос
Превод на бугарски јазик: Константин Константинов
Обработка на македонски јазик:Симеон Стефковски
извор bogonosci.bg

 

Избород фб

Simeon Stefkovski

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2686
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1853
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…