логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Светата тајна Исповед со полно право може да се нарече: “Заборавено лекарство”. “ Целиот свет лежи во зло. Секој од нас отделно е заразен од смртоносната болест наречена грев, но може и да се излекува од таа болест. Лекот е даден! При тоа, тој е и чудотворен! Штом го земеш, оздравуваш! Но ние не посегнуваме по него за да се исцелиме и да ни олесни совеста. Зошто? Бидејќи сме го заборавиле и сме го потцениле.
„Зошто да умирате вие, доме Израилев?  - со тага извикува св. Пророк Језекил. Зошто да умирате во вашите гревови, христијани? -  со уште поголема тага извикува нашиот искупител Исус Христос. Зарем за вас нема избавување од смртта? Зошто да го радувате непријателот на вашето спасение – сатаната? Зарем  Јас во Својата Црква не го востановив семоќното покајание?” „ Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта!“ ( Језек.33,11). Покајанието, тој безконечно добар дар, ви е даден: „ Во кој и да е миг од животот и какви и да се гревовите, тоа дејствува со еднаква сила: очистува од секаков грев, спасува се` што прибегнува кон Бога, па дури тоа да е и во предсмртните минути“.
За земните болести има земни лекови. За најстрашната болест, наречена грев, семоќниот Небесен Лекар има небесен лек. Тој Лекар е Исус Христос. Бидејќи секој грев претставува нарушување на светиот Божји закон, единствено Бог со Својата прекрасна семоќност може да ги проштева гревовите. Он може да го направи и тоа, гревовите да се излекуваат исто како да не постоеле. „ Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ќе ги побелам: да бидат црвени и како пурпур, - како волна ќе станат бели“ (Иса.1,18 ), ветува Он. Но. За да се случи тоа, од нас бара да исполнуваме еден услов – вистински да се покаеме.
„Никој не е толку благ и милостив како Господ, вели свети Марко Подвижник, но и Он не ги проштева гревовите на оној што не се кае“  и „Ние не биваме осудени за мноштвото наши зла, туку затоа што не сакаме да се покаеме“. И така, Господовата семоќност може да ги проштева гревовите на луѓето. Но, погледнете колку е недостижно Божјото милосрдие! Бог ја дал Својата власт за проштевање на гревовите на луѓето – на апостолите и на нивните наследници во лицето на епископите и свештениците!
Зошто Бог постапил така? За покајанието, а следствено на него и проштевањето на гревовите, да ни биде уште поблиску, уште подостапно, уште понепречено!  “ Примете Дух Свети!“, им рекол Исус Христос на Своите апостоли: „ На кои ќе им ги  простите гревовите, ќе им  се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат” ( Јован 20,22 – 23 ). “Се` што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се` што разврзете на земјата, ќе биде разврзано на небото“ ( Матеј 18,18 ).
Kако се врши проштевањето на гревовите? – со посредство на Тајната Покајание или Исповед. Христијанинот што е обременет со гревови со длабоко покајание во душата и со искрена желба да се поправи, оди кај свештеникот и во душата и во целосно откриена и потполна исповед, му ги открива тајните на своето срце и на својата совест. Свештеникот, кога ќе се убеди во искреното покајание на христијанинот, по  соодветните молитви, му ја чита разрешителната молитва: Господ и Бог наш Господ Исус Христос....
Во мигот кога свештеникот простува на земјата, се простува и на небото! Па, зарем има поголема милост од оваа? Ние немаше да поверуваме дека тоа е возможно ако не ни беше кажано од Оној Кој „ не направи грев,ниту, во устата Негова се најде измама „ ( Петр. 2,22 ).
Гревот е едно неизмерно зло, со неизмерно тешки последици – вечни маки во адот! А неговото лекување, востановено од Исус Христос е толку лесно! Тоа е едноставно чудесно! Како што на десетмина лепрозни Исус Христос им рекол “ Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17,14 ), и тие откако отишле се очистиле, така,  Тој и на нас грешните како да ни вели: “Вие сте болни од духовна лепра?! Не плашете се! Ќе се очистите! Исполнете го само ова: одете и покажете  им се на свештениците!“
Ако ја игнорирате Божјата милост,кажете колку повеќе казни ќе заслужиме што за нашето спасение не сме го направиле и она малку што ни е наложено и што било толку лесно!
Светата Библија ни раскажува дека војводата на сириската војска Нееман бил болен од лепра. Кога слушнал дека во Израелската земја има еден Божји пророк – Јелисеј,што може да ги излекува со многу слуги и подароци отишол кај него и застанал пред влезот на неговиот дом. Светиот пророк не излегол да го пресретне, туку пратил да му кажат: “ Оди, искапи се седум пати во реката Јордан, и телото твое ќе  се обнови, и ќе бидеш чист „ ( 4. Цар. 5,10 ). Кога ги слушнал овие зборови, Нееман се разгневил и рекол: “ Ете, јас мислев, дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господа, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата, а тој ме праќа да се капам во Јордан! Зарем во Сирија немаме подобри реки?!”  И си тргнал налутен. Но, слугите му се доближиле и му рекле: „ Оче, да беше ти кажал пророкот нешто тешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист !“ ( 4. Цар. 5,13 ). Зарем ова што е лесно нема да го направиш?
Нееман ги послуша слугите свои и се искапил седум пати во Јордан и телото му се исчистило и му се обновило како на мало дете.
Колку страшна болест е лепрата!  А колку лесно ја очистил Божјиот човек! Зарем на истиов лесен начин не се случува и лекувањето на најстрашната болест – гревот? Нурни се во длабокото покајание и Божјата благодат ќе те очисти од секаков грев! Ќе излезе од духовна бања на Светата тајна Исповед со обновена и чиста душа, онака каква што е душата на детето!
Гревот го симна првиот ангел, Деницата, од небото! Гревот го изгони Адам и Ева од рајот! Гревот го предизвика потопот! Тој грев, ни се заканува и нам, вечно да не` оддели од Бога и да не` испрати во бездните на адот за навек.
Ако Бог побара од нас,да го раздадеме сиот наш имот на сиромаси, ако Тој  побара сиот наш живот да го поминеме во пост или веднаш да се откажеме од сите земни радости и утехи за да се искупиме за нашите гревови и да се избавиме од тешките злокобни последици, дури и тогаш би требало да се согласиме на се`, само да се избавиме  од вечните маки во адот кон кои не`  влече нашиот грев. А сега погледнете колку лесно спасение ни востановил Бог.” Отидете и покажете  им се на свештениците! Исповедајте ги своите гревови пред нив! Покајте се од срце и ќе се ослободите од веригите на злото!“
По сето ова, кој разумен човек би ја игнорирал Исповедта? Ние можеме да ги спасиме нашите души само на два начина: или никогаш да не грешиме, или да се каеме за нашите гревови. Но, бидејќи меѓу луѓето нема таков што не направил грев, ако сакаме да се помириме со Бог, Кого Го гневиме секојдневно со погазувањето на Неговата света воља ни останува само тоа: искрено и чесно да се покаеме. Инаку нема да го видиме лицето Божјо, бидејќи ништо нечисто нема да влезе во светлиот небесен град!

Подготви: Стојанка Тежак

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3122
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная