логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Според учењето на Светото писмо и на светите христијански отци, милосрдието му донесува многу добрини на оној кој го прави.

Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.

Второ, избавува од пеколниот оган. „Водата гасне оган што гори, а милостињата чисти од гревови“ (Мудр. Сир. 3, 30). „Откупи ги гревовите свои со правда, и беззаконијата твои – со милосрдие кон бедните(Дан. 4, 24). Милостината е откуп за душата, учи светиот Златоуст.

Трето, избавува од суд. На Божјиот суд ќе молчиш, а милостината заштитува; или подобро, кога ти молчиш, илјадници усти говорат за тебе, нè уверува свети Јован Златоуст.

Четврто, го купува небото и одведува во него. Според учењето на светите отци, посебно на Златоуст, сиромашните кои просат милостина всушност го продаваат небото. А по која цена тоа се продава? Бидејќи сакаш: цената не ја одредувам, за да не се повикуваш на сиромаштијата. Колку при себе имаш пари, за толку да купиш. Имаш ли најситна монета (пара)?

Купи го небото, не затоа што небото е ефтино, туку затоа што Господ е човекољубив. Дај го малото, земи го големото; дај смртно, земи бесмртно; дај трулежно и земи нетрулежно. Слепиот кому му е укажано сострадание, можеби раководи во царството небесно; оној кој налетува на ѕидови и паѓа во дупки, станува патеводител во искачувањето на небо. Милостината е скала која води на небо.

Петто, повеќе од сè приближува и уподобува на Бога. Ништо не може срцето така да го приближи кон Бога, како милостината која се дава великодушно со насмевка и радост на лицето и не го одвојува богатиот од сиромавиот, бидејќи и Господ Исус не ги одвојувал достојните од недостојните. Со милостината во душата се оцртува онаа света и првобитна убавина со која човекот се уподобува на Бога, учи свети Исак Сириски.

 

Извор; Бигорски манастир

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1225
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1110
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…