логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Како што очите ги гледаат сетилните предмети, така верата преку духовните очи гледа во невидливото. (Преподобен Исак Сирин)

Човекот е роден со чувство за доверба. Детето е мирно во рацете на мајката, која за него во првите денови и недели го опфаќа целиот свет, целата Вселена. Таа девет месеци го носи под нејзиното срце, и тоа е неразделно од неа. Неговата мајка е извор на живот, храна и топлина за него.

Светот за детето, постепено се шири. Неговата нежна и чиста душа болно ги согледува несовршенствата на светот, кои му го даваат животното искуство. Човекот почнува да разбира дека не можете секому да се доверува, но чувството на доверба никогаш не исчезнува. Тоа е поставено од Создателот и останува до крајот на животот. Ние им веруваме на наставниците кои нè учат, на екипажот во авионот, во кој седиме, за да стигнеме некаде, на хирургот кој нè оперира. Во повеќето случаи, ние не ги познаваме, но веруваме во нивната професионалност и искреност. Во нашите животи, ние секојдневно пројавуваме вера и доверба.

Во различни животни околности, човекот се стреми да најде заштита и поддршка не само за да ги избегне реалните опасности, туку и да се ослободи од стравот и вознемиреноста, да ја стекне смислата на животот, и смирено и самоуверено да се стреми кон достигнување на повисоки цели. Во светот во кој има многу непријатности, невозможно е да се најде такво прибежиште. Заштита и поддршка може да најдеме само во Бога. Верувањето во Бога е цврста и сигурна основа за човечкиот живот. Словенски збор надежда, надеж, доаѓа од придавката „надежен“. Верата е силно сидро, кое ни помага да застанеме во брановите на секојдневните бури и да не се срушиме врз камењата. Не е случајно што сидрото е првиот христијански симбол на верата и надежта.

Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот,  соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на телото. Душата е дел од невидливиот свет, кој има свои закони. Затоа, таа мора да води духовен живот, следејќи ги тие закони.

За да бидеме здрави, да имаме плодови и да го наследиме вечниот живот, душата треба да се стреми да го спознае Бога и да се соедини со Него како со Извор на животот. „Телото не може да живее без дишење, а душата невозможно е да постои, ако не го запознае Создателот“ (Свети Василиј Велики).

Што е неопходно, за да живееме правилен духовен живот, кој ќе принесува плодови? Пред сè, потребна е – вера. Без неа, ние не можеме да се надеваме на Бога, да се молиме на Бога и да го љубиме Него. Бог се обраќа кон секое човечко срце. Одговор на тој Божји повик е верата. Глувоста, нечувствителноста кон Божјото обраќање или несакањето да го следиме тој повик, е неверието и тешката болест на душата. Верата му се дава на човекот од Бога, но човекот за да ја добие, треба да го поправи својот гревовен живот. Првиот чекор кон тоа, треба да биде покајанието. Тогаш во душата ќе се појави првиот никулец на верата, кои со текот на времето ќе донесе спасителен плод.

Верата започнува со мал и едвај забележлив никулец: Верувам Господи! Помогни му на моето неверие. Овој молитвен плач со солзи, се излеа од таткото на тешко болниот син, како одговор на зборовите од Спасителот: „Ако можеш да поверуваш? Сè е можно за оној што верува!” (Марко 9, 23). Кога ние ќе сфатиме со сето свое битие, дека само Бог може да ни помогне, и никој освен Него не може да нѐ излечи од гревот и да нè спаси од вечна смрт, тогаш нашата вера почива врз добра почва и донесува плодови. Затоа, чувствувајќи ја желбата за да веруваме на Бога, потребно е да го молиме Бога, Он да ја подигне и да ја зголеми таа вера во нас. Ни една молитва Бог не ислопнува толку брзо и лесно, како оваа!

Секој што го бара Бога, ја повикува Светата Црква да му помогне. Во неа, преку Светите Тајни пребива самиот Господ, Кој ни  дава можност да се соединиме со Него. Ако ние, не само со нашиот ум, туку со нашето срце, ја прифатиме оваа вистина, тогаш Евангелието ќе се отвори за нас, како радосна вест за нашето спасение и нам ќе и бидат достапни тајните на Царството Небесно. Најголема од нив е  – љубовта. Како што Господ ги поучува Своите ученици: „Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15, 12). За нашата вера да не биде нестабилна, потребен е труд. Тој започнува со молитва кон Бога. И Господ ќе одговори на молбата. Но, за да не се загуши никулецот на нашата вера во трњето, ние мораме да се очистуваме од нив (од самољубие, грешни навики, страсти, духовна раслабеност и мрзеливост). Птиците нема да го  исколваат семето на нашата вера, и плевелот нема да ја загуши, ако почесто се оддалечиме од светската суета и го засакаме храмот. Таму, под закрилата на Севишниот (Псал. 90, 1), нашата вера ќе биде заштитена од сè што е штетно, растејќи и носејќи добри плодови. Конечно, почвата на душата мора да омекне и да се загрее. Ништо не ја прави нејзе толку камена и ладна како самољубието и  сконцентрираноста кон себеси. Овие зла се надминуваат со добри дела и активна љубов кон луѓето, сеќавајќи се, дека „верата без дела е мртва“ (Јаков 2, 20).

Извор: https://pravoslavie.ru

http://www.pppe.mk/2018/chovekot-i-negovata-vera/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная