логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Исто така, во духовниот живот треба да се сетиме дека велиме едно, а одвнатре нѐ гори и мачи друго. Никој не започнал да следи некоја ерес затоа што добил особено просветление и видел дека православната вера не е вистина. На еден човек му починало детето и секташите го нашле во неговата болка, напуштен од неговата парохија, никој не беше го прашал: „Кој си, што работиш, како си?“ Туѓ помеѓу туѓи. Секташите отишле, го привлекле и после ми велеше: „Јас тука ја најдов вистината“. Му одговорив: „Ако загребеш и покопаш во себеси, ќе откриеш која реално е причината и што те доведе дотаму. Си почувствувал болка, осаменост и напуштеност, незадоволство на душата и таму си нашол помош“. Тоа се случува и со сите нас. Кога многупати имаме притисок во животот и кажуваме нешто, тоа што се слуша, обично е на површината. Покопајте малку зад тоа што го велите, да ја видите вистинската причина. Човек навистина се изненадува што во суштина го интересира – нешта кои немаат врска со кажаното.

Имаше една госпоѓа којашто постојано ми велеше:

– Отче, не ми даваш време за исповед, а јас сакам.

– Добро, што имаш откако скоро се исповеда?

– Сакам да те среќавам често.

Јас ѝ реков:

– Гледам дека немаш ништо страшно и тоа што го сакаш сега не е исповед.

Таа сепак настојуваше:

– Не, јас треба да се исповедам, имам проблеми.

Ѝ кажав дека воопшто нема да зборувам, ќе молчам, затоа што, ако ја прашам за децата, разговорот тргнува добро и… Сакав да ја оставам да каже што сака да исповеда. Ја прашав:

– Што те интересира и загрижува?

– Види, отче, ќерка ми ова, синот она, соседите…

Ја прашав:

-Кажи ја твојата исповед.

Таа се сврте и рече:

– Не дека сакам да се исповедам, туку да те видам и да чувствувам дека ме сакаш.

Е, кажи, признај дека зборуваш едно, а криеш друго во себе. И тоа не е лошо, но начинот, на кој го сакаш создава притисок, кавга и недоразбирање. Ние не зборуваме јасно за тоа што навистина нѐ загрижува и интересира. Така е за многу духовни прашања. Ми пишуваат по ФБ многу протестанти: „Јас сум еретик, но сакам да ве слушнам“. Кога ќе се заинтересирам за неговиот живот, сфаќам дека едноставно му фали малку љубов. Може ли некој да ми ја даде? Каде да ја најдам, ќе појдам! Ако ми ја дадеш, ќе дојдам! Тоа што го зборуваме не ни е основниот проблем, туку нешто друго – што не можеме да го прифатиме или да си го признаеме себеси. Јуда рекол за мирото со кое го помазале Господа, зошто се сите тие расходи? Еј, Јуда, колку си добар, те интересираат расходите. Господ учтиво за да не го понижи и повреди јавно, му го отворил прозорецот да види што се крие во неговата душа. Му рекол: „Јуда, не се обеспокојувај, сиромашни секогаш ќе имате, ќе давате во иднина милостина. Јас наскоро ќе умрам. Трошоците се за Мојот погреб“. Господ знаел дека зад таа „љубов“ кон бедните се криело среброљубие.

Истото го правиме и ние. Разговараме за други прашања, за други семејства од љубопитност и интерес, додека нѐ гризе нашиот проблем. На овој начин животот ни станува лажлив и вештачки. Така стигнуваме до 80 – 90 годишна возраст без да се разбереме себеси. Без да разбереме што се случува во нас. Се претвораме во една изложба на духовност без суштина, длабочина и содржина. Како прекрасен излог на продавница во која, ако влезеш одзади, во складот, гледаш ѓубре, кутии и хартија. А инаку излогот е совршен. Ако покопаш во себеси, ќе видиш некои нешта… – не да се уплашиме, туку да си помогнеме, да се примириме во себеси, да се засакаме, зашто треба да се видиме вистински – што ни пречи и каде грешиме.

Зошто си се оженил за таа жена или тој маж? Зошто стана свештеник? Зошто не се ожени? Зошто ја имаш таа професија, а не некоја друга? Зошто еден мразиш, а друг сакаш? Ако го истражуваш ова прашање, ќе видиш нешта од кои ќе се изненадиш, ќе откриеш важни вистини.

Еден свештеник ми рече: „Јас станав свештеник за да го проповедам Божјото слово. Но после неколку години разбрав дека во својот живот дотогаш бев ништо, а кога станав свештеник, од тој ден сите ми целуваат рака. Знаеш ли колку е добро! Да ти бакнуваат рака, да се поклонуваат, да те нарекуваат „отче“, колку е убаво сите да те сметаат за отец. Сфатив дека зад тоа се крие желба за власт, за сила, да им наредувам на луѓето што да прават, тоа е многу ласкаво. Чувството за величие е  проблем во мене, и покрај тоа што никој од луѓето не знае за тоа. Пред Бога чувствувам дека не сум чист и дека вистинските побуди ми биле други“.

Тоа значи да навлеземе подлабоко во нештата, што поради големото трчање во својот живот никогаш нема да ги направиме. На почетокот се замајуваш, се збунуваш, но после тоа ги чистиш недоразбирањата и велиш: животот треба да ми биде вистински автентичен. Односно, треба да сум вистински. Како што велат измислен човек. Ја прашав една ученичка што плачеше многу:

– Зошто плачеш толку многу?

– Страдам, отче, дома!

– Зошто, нели твоите родители се во Црквата?

– Ама јас страдам токму затоа што се во Црквата! Мајка ми е во Црквата, но нѐ загрижува исклучиво многу.

Таа жена заборавила дека тоа што Бог го сака од неа не се нејзините активности кои го прикриваат нарушувањето во нејзината душа. Тоа е целта. Таа ја загубила врската со суштината на својата душа, со автентичноста на својата етика, на својот карактер. Како велат луѓето: „Со образ на отец, а со темперамент на ага“. Образ на духовност и темперамент на насилие, власт и смрт кон другите луѓе. Не си дошол во овој свет за да ги загрижуваш другите луѓе. Прави што сакаш, слободен си, но покажувај почит кон сите.

Некои ме прашуваат: „Како така велиш: прави што сакаш?!“ А што да им кажам на другите? Да не го прави тоа што го сака, а не го знаат правилното? Како вели мајка Гавриила: „Добро, не гледаат ли дека носам расо? Тоа не зборува ли? Сте виделе свештеник, кој е со брада, расо, камилавка, што друго да каже? Треба да подигнам прст и да им се развикам? Што постигнал оној што се кара? Ако се постигнуваше нешто со опоменување и карање, тогаш направи така“.


Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Се сеќавате за Старец Порфириј и за човекот којшто се исповедал пред него, но не исповедал дека има љубовница. Старецот не го искарал, само му кажал да не одат во градот, туку на друго место со љубовницата, за не ги види неговото дете. Така го довел човекот до покајание. Без голема красноречивост Старецот му ја открил неговата рана, без да скрива нешто во зборовите, едноставно го спуштил надолу. Му рекол: „Барем покажи почит кон своето дете, за да не те види со љубовницата“. Овој човек си го променил животот. Јас никогаш не би дал таков совет и добро би направил, затоа што, за да постапиш така, треба особено просветление и вдахновение од Бога. Да ви кажам и нешто друго, тогаш Старецот бил само отец Порфириј и мнозина го обвинувале. Светците, кога се живи, преземаат ризик, а луѓето ги напаѓаат: „Какви се тие работи, прелестни?“ А кога ќе поминат години, истите луѓе велат за нив дека се свети. Додека се живи буквално ги втеруваме в гроб, а кога ќе починат, ги издигаме.

Во животот не може без ризик. Треба да имаме рационалност, да знаеме кога да зборуваме, а кога да молчиме. Тоа станува со тек на време, многу грешки ќе правиме додека се учиме – грешки, недоразбирања и сл. Откако ќе стигнеме на 50, 60, 70 години, можеме да направиме некои нешта поправилно.

Не треба да забораваме дека е убаво вкусот на Бога во нашата уста и во нашата душа да се променува со текот на времето. Бог во Кого веруваме, е еден и ист, но начинот на кој веруваме е добро да се променува со текот на времето. Свети Порфириј вели дека кога бил млад гледал на Бога многу строго. „Гледав на Бога како на многу строг, Кој ги суди луѓето многу строго, затоа што верував дека Господ е таков. Кога доаѓаше некој да ми исповеда нешто, го отворав Номоканонот и започнував да пресметувам денови, месеци, години и на крај пресметав една сума… Ти ќе се причестиш после не знам колку години, ти после не знам колку и така…“ Но кога човек вистински ќе Го почувствува Бог на љубовта, Живиот Бог, Кој е снисходливост и милосрдие, љубов и вистина, прилагодливост и благост кон секој човек, тогаш го менуваш начинот на кој гледаш на работите. Еден и ист случај или поведение, но веќе не реагира на истиот начин, затоа што сега гледам дека Бог гледа на тоа поинаку. Некои од нас влеговме во Црквата како деца и усвоивме некои нешта еднострано – Го поставуваме Бога во категории. Тој е ова, ова и ова и крај. Ништо повеќе. Кога ќе видам дека ти излегуваш од оваа категорија, којашто ја имам во мојата глава, си за отфрлање. Доаѓа Христос, праксата на животот, и ни покажува дека работите не стојат така.

Овие нешта не се нови. Книжниците и фарисеите мислеле за Христос многу нешта, но Христос им кажал: „Сѐ што мислите е грешка. Начинот на кој пристапувате и судите за Бога е погрешен. Бог не е тоа. Затоа и јас се обраќам кон тие луѓе од друг агол и со друг поглед и акцент. Со правење на чуда, љубов и милосрдие, додека вие ги осудувате“.

Всушност, затоа и Го распнале, затоа што ги променил и нив и идолите што ги имале за Бог и им покажал еден достапен Бог, Кој е и Човек – Богочовек. Еден Бог, Кој не е високо, туку нѐ разбира и сочувствува, слегува на наше ниво, освен во гревот, но ни се доближува. Кога ќе го сфатиш ова величие во својата душа, пробај да направиш едно истражување. Кога бев на 15, 20, 30 г. итн., на еден и ист ли начин верував, еден и ист ум ли имав? Неслучајно некои велат: „Мајка ми е цел живот на еден и ист ум“. И зошто да не велат, како што велеле за Свети Порфириј. Го познававме на почеток како строг, напредна духовно, израсна во животот и во верата и во духовно благоразумие. Овој човек се промени. На почетокот беше строг, а потоа снисходлив. Разбери го другиот човек, зошто пуши, пцуе, зема наркотици, зошто не оди во црква. Јас тоа се обидувам да го направам во мојот мал обид. Да кажам за човекот зошто нешто прави – не што прави, туку зошто тоа го прави.

Еден млад човек не стапнуваше в црква. Се трудев да се сетам точно на ова ниво на прашањето „зошто“. Го прашав:

– Зошто не доаѓаш? Сакаш ли да ми кажеш?

Ми одговори:

– Ќе ме прекоруваш ли?

– Не, нема, само сакам да разговараме, да разберам што не ти се допаѓа.

– Гледајте, да ви ја кажам вистината, отче, сум се дружел со свештениците, со едно „не“. Што и да прашам, чувствувам дека ќе ми кажете „не“. Да си купам ли мотор? Не. Да појдам на стадион? Не. Да имам пријателка? Не. Да појдам на кафе? Не. На концерт? Не.

Овој млад човек не е лош, но чувствува страв од мене. Не треба ли да постапам правилно кон него? Нели е православниот дух да се обидам смирено да разберам што чувствува тој? Да се доближам до душата на детето? И да видам зошто прави така, зошто стравува и се колеба, а длабоко во себе си Го сака Бога, не ме сака мене. Но затоа што толку многу сме се идентификувале со Бога, што сме Негови претставници, и вие, мајките и татковците, и ние свештениците, мислиме дека што и да кажеме, Бог е зад нас. Нели нашиот темперамент е темпераментот на Бога? Ама ако бевме Божји, вистински, така како што е Бог, ќе ги победевме луѓето, ќе им го променевме животот. А нас кога ќе нѐ видат и се вртат, доживуваат внатрешен отпор. Колку повеќе времето минува, убаво е да се менува вкусот на Бога во нас. Може да е детето во право. Начинот на мислење на луѓето се менува. Јас се обидувам да Го пренесам Бога во нашата епоха. Како би му зборувал Христос на детето? Што би му рекол? Ќе му кажеше ли прво: „Во среда и петок ќе јадеш леќа и ништо друго?“ Или ќе допреше до неговата осаменост, незадоволство, меланхолија, чувството дека е непотребен, грозен, комплексот на ниска вредност. Ќе гледаше ли површно? Детето може да е во право.

Автентичноста и вистинитоста кријат во себе божественост. На едно место каде што отидов да одржам беседа, пред тоа имаше ручек. Еден свештеник стана и рече: „Читав некаде дека еден презвитер го сметал за многу духовно тоа да пие кафе со жена си и да гледаат од терасата некакво езеро. Што е тоа, за нив тоа е духовно?“ Во тој момент како да ме удри ќерамида по главата. Си реков: „Пресвета Богородице! Но, отче, тоа е божествено, многу убаво. Доволно е да си спомнеме за Благовештение, што се случило додека Богородица одела во Назарет да налее вода од извор. Додека правела нешто секојдневно, на Марија ѝ се јавил Архангел Гавриил и ѝ рекол дека ќе стане мајка на Бога. Апостолите станале апостоли додека ловеле риба, ги собирале своите мрежи, во еден целосно прозаичен момент, без никаква духовност. Точно во тој момент, едвај и да се молеле. Тие работеле. Спомнете си за Давид кога бил со овците, Мојсеј исто. Во многу прости моменти од животот се крие божественото. Ние го забораваме ова. Нашиот дом станува место кое е одделено од Црквата, како да е нешто сосема друго. Само кога одиме во недела во Црква, притискаме едно копче, за еден час стануваме духовни луѓе. Кога ќе се вратиме дома притискаме друго копче, ги менуваме алиштата и започнуваме да се караме и се враќаме во секојдневието.

    Ако сакаме еден бог, кој не се испреплетуваа со нашиот живот и не се движи помеѓу нас, таквиот бог не е Бог, Кој го прифатил целиот човек. Затоа што Христос го преобразил целиот мој живот, со целата моја суштина. Кога одиш, Бог е во тебе. Кога си со твоето дете, кога правиш едноставни нешта, не зборуваш за Бога, како што не зборуваш за дишењето. Ти живееш во Него. Толку време сме во оваа сала и сите дишеме, но не зборуваме за тоа, ниту го чувствуваме. Ако другиот почувствува дека Бог, со Кого живееш, те исполнува, разубавува и оживотворува, клетките ти живеат и дишат и имаат светлина, тогаш ќе те праша: „Пријателе мој, кажи ми, каква е твојата тајна, и јас сакам да станам како тебе“.

Нам ни го велат обратното: „Пријателе, остави ме на мира! Ме изморуваш, ми здосади, ме згрозуваш“. Ова не е божествено. Јас ви посакувам оваа, горнава порака да излегува од вас. Знаеме многу сложени нешта, но сме ги изгубиле едноставните. Ги губиме и нашите деца, затоа што тие се простодушни, а ние сме сложени и збунети луѓе. Еден човек отишол кај Старец Порфириј, но си заминал од кај него разочаран затоа што тој не му кажал многу работи. Старецот велеше: „Те молам за прошка, дете мое, што не ти зборував за Бога, но јас зборувам за Него само тогаш, кога ќе почувствувам дека некоја душа Го сака и има потреба од Него“. Еднаш отишол некаде и не рекол: „Христос Воскресе“, затоа што човекот не сакал да го слушне тоа. По Божјо просветление, Старецот рекол дека ќе зборува кога што треба, каде што треба и како што треба. Сите да се молиме да го имаме тоа просветление од Бога, за да биде убав нашиот живот.

 Извор: Бигорски манастир


Архимандрит Андреј Конанос: Заборавени вистини (прв дел) ...

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7567
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная