логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во вашите беседи не зборувајте за религиите – и тогаш ќе победите. Дозволете му на човекот кој има поинакво мислење да се излее, нека зборува и зборува… Нека почувствува дека се сретнал со спокоен човек. Делувајте врз него со својата добронамерност и молитва, а потоа кажете неколку збора. Ништо нема да направите ако остро зборувате, ако на пример, му речете „Ти лажеш!“ Што ќе биде од тоа?

Вие сте како овци меѓу волци. Што да правите? Однадвор бидете мирни и молете во себеси. Бидете подготвени, бидете образовани, бидете храбри но заедно со светост, кротост и молитва. Но, за да постапувате вака, потребно е да бидете свети.

Човек може да биде свет каде и да се наоѓа. И среде најбучниот град, човек може да се освети. + + +

Еднаш Старецот ми рече: „Ти си побожен човек. И сакаш да ги натераш своите ближни да бидат исто толку верни и побожни луѓе како тебе. Мислиш дека така ќе успееш? Само ќе направиш штета. Принудувањето побудува отпор кај луѓето. Ти му велиш на човека „направи вака“, и тој не сака, затоа што ти си му го рекол тоа. Во него се крева бран на отпор и тој ќе ги игнорира твоите зборови. Меѓутоа, ако ближниот забележи дека и ти самиот правиш нешто, тогаш, можеби, и тој ќе почне да прави нешто. Човекот те гледа и си мисли: „Ако тој направи така, и јас ќе направам“. + + +

Молкум моли се за сите. За целата Црква, за свештенството, за монасите. Нашата Црква денес минува низ криза. + + +

Фанатизмот нема врска со Христа. Биди вистински Христијанин! Тогаш нема никого погрешно да го разбереш, туку твојата љубов ќе покрие сè. И кон иноверниот биди Христијанин. Тоа значи: почитувај го на учтив и племенит начин, не гледајќи на неговата религија. Може да помогнеш на Муслиман во неволја, да разговараш и да се дружиш со него. Треба да ја почитуваш туѓата слобода. Како што Христос стои пред вратата и чука, и не отвара на сила туку чека душата човечка сама и слободно да Го прими, така и ние треба да се однесуваме кон секоја човечка душа. Во мисионерењето треба да се применуваат суптилни методи за другите души да го примат она што им го нудиме – зборови или книги – без лоши реакции. Уште нешто: што помалку зборови. Зборовите им сметаат на ушите, а честопати и ги нервираат луѓето. На одзив, напротив, наидуваат молитвата и животот. Животот восхитува, препородува и преобразува, додека зборовите остануваат бесплодни. Најдобрата мисионерска работа се остварува преку нашиот пример, љубов и благост.

Св. старец Порфириј Кавсокаливиски


Извор: http://agapi.mk/covek-moze-da-bide-svet-kade-i-da-se-naogja/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2683
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная