логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во Египет, каде што во длабоката христијанска древност имало многу големи манастири, еден монах се дружел со неук, прост селанец – фармер. Еднаш, селанецот му рекол на монахот:

– И јас, исто така, го почитувам Бога, кој го создал овој свет! Секоја вечер турам козјо млеко во чинија, и го оставам под палмата. Ноќе, Бог доаѓа и го пие моето млеко. Многу Му се допаѓа! Ниту еднаш не се случило, да остане нешто во чинијата.

Слушајќи ги тие зборови, монахот не можел да не се насмее. Тој добродушно и пристапно му објаснил на својот пријател, дека Бог нема потреба од козјо млеко. Сепак, селанецот настојувал на своето. И тогаш, монахот му предложил следната ноќ, тајно да внимава што се случува, откако садот со млекото ќе го остави под палмата.

Речено – сторено: Ноќта, монахот и селанецот се скриле во близина, и под месечевата светлина, брзо виделе како кон садот се прикрадила некоја лисичка, и го излокала целото млеко.

341-1

Селанецот тоа откритие го погодило како гром од ведро небо.

– Да, – скрушено признал тој, – сега гледам: тоа не бил Бог!

Монахот се обидел да го утеши христијанинот, и почнал да му објаснува, дека Бог – е Дух, дека Тој е сосема поинаков во однос на нашиот свет, дека луѓето Го спознаваат на посебен начин… Но, селанецот само стоел пред него со наведната глава. А потоа, заплакал и си отишол во својата колиба.

Монахот исто така се упатил кон келијата. Но, кога дошол до неа, тој зачудено видел на вратите Ангел, кој му го преградувал патот. Монахот во страв паднал на колена, а Ангелот му рекол:

– Тој прост човек немаше ни воспитание, ни писменост, ни мудрост да Го почитува Бог поинаку, отколку што тоа го правеше. А ти со својата мудрост и писменост му ја зеде и таа можност. Ќе речеш, дека несомнено си постапил правилно? Но, едно не знаеш, о мудрецу: Бог, гледајќи на искреното срце на тој селанец, секоја ноќ ја испраќаше кај таа палма лисицата, за да го утеши и да ја прими неговата жртва..

 

Архимандрит Тихон Шевкунов

Извадок од книгата „Несвети, а свети“

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2258
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1530
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1929
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…