логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




Monah.krst.jpg
Многу  луѓе го бараат современиот Старец за да му препуштат тој да одлучува за нивните проблеми.  Тие сакаат да го запознаат новиот Старец Пајсиј, кој ќе има безгранична љубов, небесна мудрост, свет живот и молитва,  која Бог ќе ја чуе и која чуда прави.
Овие луѓе им се јавуваат на телефон  на свештениците  и се жалаат што немале прилика да го запознаат Старецот Пајсиј додека бил жив.
 
Одговорoт е дека Бог повторно ќе испрати таков Старец коj ќе им помага.  Очигледно, ова ја разбудува надежта, но нашите браќа и сестри сакаат  да ги решат своите проблеми сега, а не во иднина. Тоа може да се види во нивните солзи, во бојата на гласот и болката.
 
Многу пати  луѓето се потпираат на другите да се молат за нив, а забораваат дека со своите молитви,  кои произлегуваат од чисто срце,  можат да го добијат тоа што го сакаат.

Комуникацијата со Бога не би требало да биде преку трети лица. Сите треба да се молат, духовно да се борат, да ги исполнуваат заповедите Божји и да бараат помош од оние, кои можат да им помогнат. Сите е потребно да бидат активни и да го бараат Патот Божји, а не да бидат мрзеливи.
 
Забележав  дека многумина  ги читаат книгите на современите старци, но повеќе се задржуваат на чудата, а не на поуките. Ова мора да се поправи.
 Бројот на чудата нема практична вредност.
Што е едно, што се  сто чуда ?  Тие се исти.

  • Не смееме да заборавиме дека Христос ги извршува чудата преку добродетелниот човек.  Ако Христос види дека чудото нема да биде од духовна помош, тогаш нема ниту да направи чудо.
Нашето внимание  треба да биде усмерено на поуките на старците. Треба ним да им посветиме внимание и да ги применуваме без да ја менуваме нивната смисла , зашто старците своите поуки најпрвин ги примениле врз себе.

  • Нивните поуки се искуствени.  Заради тоа, тие духовно ги менуваат оние кои што правилно ги применуваат, зашто духовното семе го примаат во своите души и напредуваат во животот во Христа.
Наскоро ќе сфатиме дека патот на Старците мора да стане и наш пат, а нивното искуство мора да стане наше сопствено искуство.
Не е доволно да бидеме само почитувачи  на Старците, туку  да одиме по другиот пат. Треба понизно да ги следиме.
Тие  нека бидат светли примери во нашиот духовен живот.
 
Подготви : М. Даниловска

Protojerej Dionisije Tatsis
 
Preveo sa grčkog John Sanidopoulos
 
Prevod sa engleskog Vladimir Srbljak
3.2.2014 godine
 
Izvor:  http://www.johnsanidopoulos.com/2012/11/it-is-not-enough-to-be-fans-of-elders.html


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2032
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2052
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 500
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная