логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Bog.hram.sv.Prohor1.jpg

За себеугодувањето (06.07.2013)

Себеугодувањето се потпира на многу нешта. Тоа својата појдовна точка ја има во самото наше битие, односно во телото и душата на човекот, и во нештата од кои се храни нашиот надворешен живот, и воопшто во поредокот на нашето секојдневие. Станува збор за плотоугодувањето во разни видови – сластољубие, наклонетост кон раскош, страст, мрзливост, страст кон забави, грижа за световниот живот, желба за чест, власт, успешност во работата, имот, удобен живот, врски во општеството и надворешните односи со луѓето, страст кон уметноста, страст кон потфати од секој вид. Сето тоа во своите најразлични видови во себе го содржи нашиот егоизам, кој уверен во својата безбедност и постојаност, спокојно се темели на нив и, така изобилно хранејќи се, расте од ден во ден, кај еден на едно поле, кај друг на друго.

Спасителната Божја благодат, пак, за да го разбуди грешникот од заспаноста, својата сила ја насочува кон рушењето на нештата врз кои е втемелен егоизмот. Еве што прави благодатта:  оној што се ограничува на угодување на телото, го фрла во болест и, ослабнувајќи му го телото, на неговиот дух му дава слобода и сила да си дојде на себе и да се отрезни. На оној што е заслепен од својата убавина и сила, му ја одзема убавината и го одржува во состојба на изнемоштеност. Оној што се лула во власта и моќта, го праќа во ропство и пониженост. На оној што многу вложува во своето богатство, таа му го одзема. Оној, пак, што високо мудрува, го посрамотува како ништо да не знае. Кај човекот што се потпира на врските, истите му ги сече. Оној што се надева на тоа дека состојбата во која се наоѓа ќе биде вечна, доживува смрт на луѓе и губење на неопходните работи, и тоа го разурнува. Со што друго, всушност, оние што безгрижно се надеваат на надворешните работи ќе се отрезнат ако не со тага и несреќи?! И зар не е поради тоа нашиот живот исполенет со неуспеси – за со содејството на Божјата намера да нѐ држи во трезвеност?!

Секое такво рушење на безгрижното самоугодување претставува неочекувана промена во животот, која делува спасоносно. Во тој поглед, најделотворно е чувството за опасност во животот. Тоа чувство со својата сила ги сече врските и самиот корен на егоизмот, и тогаш човекот не знае на која страна да тргне... Таков ефект имаат тешките животни околности и чувството на сеопштата напуштеност. Таквиот човек, конечно, останува самиот со себе и од својата крајна ништожност се насочува или враќа кај Бога.

Старец Паисиј Светогорец

Извор: МПЦ-ОА

 

Друго:

http://www.google.com/search?q=%D0%9F%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%B8%D1%98&sitesearch=preminportal.com.mk

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2029
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 496
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная