логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Antonij.Surozki.jpg

Ова е многу важно, затоа што остава впечаток на нашиот однос кон смртта воопшто. Смртта може да стане предизвик, кој ни дозволува да израснеме во нашата полна мера, во постојан стремеж да станеме сето тоа што можеме да бидеме, - без никаква надеж да станеме подобри подоцна, ако не се трудиме денеска да постапуваме, како што треба.  Пак Достоевски, расудувајќи во „Браќа Карамазови“ за пеколот, вели, дека пеколот може да се изрази со два збора: „Премногу доцна!“. Само споменот за смртта може да ни дозволи да живееме така, за никогаш да не се сретнуваме со тој страшен збор, кој ужасува со својата очигледност: премногу доцна.
Доцна да се искажат зборовите, кои сме можеле да ги кажеме, доцна да се направат двиговите, кои можеле да ги изразат нашите односи. Тоа не значи, дека не може воопшто ништо да се направи, но тоа веќе ќе биде направено поинаку, скапо, по цена на голема душевна мака.
Би сакал да ги илустрирам своите зборови, појаснувајќи ги со пример.
Пред некое време, кај мене дојде човек,околу осумдесет и нешто години. Бараше совет, затоа што не можел повејќе да ја поднесуваа таа мака, во која што живеел шеесет години. За време на граѓанската војна во Русија, тој ја убил љубената девојка. Тие многу се сакале еден со друг и сакале да се оженат, но за време на престрелка, таа ненадејно излегла, и тој неочекувано ја застрелал. И шеесет години тој не можел да најди спокој.
Тој не само што прекинал живот, кој што му бил бесконечно драг, тој прекинал живот кој што расцветувал и бил бесконечно драг на неговата сакана девојка. Ми кажа дека се молел, барал прошка од Господ, бил на исповед, се каел, добил разрешителна молитва и се причестил, - правел сѐ, што им кажувал разумот и нему, и на тие кај кои се обраќал, но не успеал да најде мир.
Обземен од голема сострадалност и сочувство, јас му реков: „Вие се обраќавте кон Христа, Кого не сте Го убиле, кон свештениците на кои не сте им наштетиле. Зошто не сте помислиле да и се обратите на девојката, која сте ја убиле?“ Тој се изненаде. Зарем не дава Бог простување? Зашто само Тој може да ги простува гревовите на луѓето на земјата... Се разбира, тоа е така. Но, му реков, ако девојката, која што тој ја убил, му прости, ако таа се застапи за него, тогаш дури ни Бог нема да може да помине покрај нејзиното простување.
Му предложив да седне после вечерните молитви и да ѝ раскаже на таа девојка за шеесет годишните душевни страдања, за опустошеното срце, за преживеаните маки, да ѝ побара прошка, а потоа да побара таа да се застапи за него и да испроси од Бога покој за неговото срце, ако му простила.
Тој така и направил, и покојот дошол... Тоа што не било направено на земјата, може да биде исполнето, Тоа што не било завршено на земјата, може да биде исцелено и подоцна, но по цена, можеби, на многугодишни страдања и грижа на совест, солзи и измачувања.

 Подготви: Златко Дивјаковски


Друго:

Митрополит Сурошки Антониј - За имињата и за ангелите

Митрополит Сурошки Антониј (Блум) - ЗА ХРИСТИЈАНСТВОТО

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 506
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная