логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Osogovski.zima1.jpg

Фрески во Осоговскиот манастир

 Osogovski.zima1.jpg

Dimitar.Papradishki.freska3.jpg

Во Големата манастирска црква посветена на св. Јоаким Осоговски (изградена 1847-1851 год , а фрескоживописувана од 1884-1945 год.) се чува најраспространетата и најмногу сликана и пресликувана икона зографисана на 15 мај 1893 год. од фрчата на Димитрија Андонов Папрадишки. Св. Јоаким е насликан во цел раст, во монашка облека, со монашка капа на глава, во десната рака држи бројаница, а во левата свиток со текст. ПРЈИДИ2ТЕ ЧА1ДА ПОСЛУШАИТЕ МЕНЕ. СТРА1ХУ ГП50ДИУ
(Дојдете,  чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа  (пс.33,ст.11)).
Во позадина се насликани три цркви, Големата на св. Јоаким, помалата на Рождество на Пресвета Богородица и уште еден објект помеѓу нив, кој денес не постои.
Веднаш до влезот од западната страна, од десно, во мала ниша е насликана истата икона во фреско техника, датирана 1900 год. 22 март, од зограф Вељо (Велко) Андонов (брат на Димитрија).
Сите други претстави на св. Јоаким Осоговски, било фрески или пак икони во Големата манастирска црква се зографисани од Димитрија Андонов Папрадишки.
Во ниша над западниот портал, има фреска со допојасен лик на св. Јоаким од 1893 год. Овде св. Јоаким е насликан фронтално, со десната рака благословува , а во левата држи свиток. Моделацијата и пластичното обликување на лицето се остварени со премини од потемни маслинесто-зелени кон посветли окерни тонови. Темниот окер на левата страна на лицето и сенчањето со маслинеста боја на краевите, придонесуваат за убавиот впечаток од извонредно водениот цртеж и извонредниот лик. Брадата и мустаќите се сликани со минцуозни потези со светлосива скала, а влакната се извлечени со темни линии. Истата година ја изработил и големата целивна икона, внатре на првиот столб, која е иста со онаа над влезот. Работена е со  темпера на грунд врз дрво. И овде Андонов покажал вонредно мајсторство, преку педантно предадениот цртеж и ненаметливата, но вешто нијансирана скала на тонови. Ова секако е едно од ретко убавите иконописни остварувања од овој период.
На јужниот ѕид, над порталот е насликана сцената кога дошол св. Јоаким во с. Градец. На фреската се претставени два лика, на св. Јоаким и на болјаринот, од кој св. Јоаким барал да му покаже некое осамено место. Седнати се пред црквата во дворот на болјаринот.  .
На западниот ѕид меѓу западниот и јужниот портал се насликани двајцата ловџии, со кожа од дивечот кој го уловиле со помош на молитвите на св. Јоаким, и како светецот се моли пред пештерата. На фреската стои текст: ст7Ьі2Й п4r. ЇwакІ1мЪ молИ1тву дёЕТЪ бGу.
Над самиот саркофаг на св. Јоаким во првата зона е претставено Погребението на Преподобниот свет отец наш Јоаким. Покрај него се насликани двајцата ловџии и нивните семејства, со темјан и свеќи во рацете.
Во југозападната купола е насликан ликот на св. Јоаким во медаљон, со десната рака благословува, а во левата држи свиток. 
Под медаљонот се насликани повеќе пустиножители меѓу кои: св. Пахомиј, св. Атанасиј Атонски, св. Павле Тивериски, св. преподобен Антониј, св. Симеон Столпник и др.
Над кивотот е поставена икона на шперплоча на која се изобразени допојасно четворицата пустиножители св. Прохор Пчински, св. Јоаким Осоговски, св. Јован Рилски и св. Гаврил Лесновски. Иконата е поклон од Д. А. Зограф на манастирот.
Истата икона е насликана и во фреско техника на јужниот ѕид, во третата зона.
Во олтарот, во проскомидијата има фреска датирана 1894 год. 23 август, св. Јоаким е претставен во цел раст со сигњатура св. Јоаким Осоговски Чудотворец.
На иконостасот иконата на св. Јоаким го зазема патронското место, допојасен лик, со десната рака благословува, а во левата држи свиток со текст ПРЈИДИ2ТЕ ЧА1ДА ПОСЛУШАИТЕ.... Иконата е изработена на дрво и грундирана.
Во третата зона на иконостасот е поставена иконата Деисис или поточно триморфон, бидејќи на неа се зографисани три лица. Според канонот за редослед на иконите на иконостас и нивно сликање, иконата Деисис (од грч. δέησίς - молење) е триобразна икона со следниот состав: во средина е изобразен Спасителот Господ Исус Христос, а од десната и левата страна се пресвета Богородица и св. Јован Претеча во молитвени пози. Се нарекува Деисис, од грч. δέησίς што значи моление, прозба, а се нарекува така затоа што св. Богородица и св. Јован се посредници меѓу небото и земјата и се молат пред Спасителот за целиот христијански свет. Но, на оваа икона, во средината е претставен Господ Исус Христос, од неговата десна страна е Богородица, а од неговата лева страна, на местото каде што треба да стои ликот на св. Јован, всушност е насликан св. Јоаким Осоговски, со побелена коса и брада, главата и телото му се приклонети кон Господ Исус Христос. Држи свиток во десната рака, а левата рака му е на градите.
Во црквата Рождество на Пресвета Богородица, во манастирскиот комплекс (датира од почетокот на XII век), во која се забележуваат повеќе фази на градба, се забележуваат и две фази на фрескоживопис. Едниот е од XIX век, од времето кога се доѕидани ѓаконикот  и припратата, и сликан во истиот период, од Д. А. Папрадишки. Во припратата се претставени повеќе хорови од ѓакони, маченици, пророци, апостоли и преподобни (ли1к преп5бнЫхъ), каде во прв план се претставени четворицата пустиножители. Над светата и исцелителна вода, во самата црква, има фреска на која се насликани Богородица со Христос и св. Јоаким Осоговски. Во наосот, кој е фрескоживописан во 1995 година, св. Јоаким е претставен во цел раст.
Во новоизградената крстилница,  Рождество на Пресвета Богородица, во тек е фрескоживописување на внатрешноста. Св. Јоаким е насликан на северниот ѕид, во првата зона, во цел раст, заедно со тројцата браќа во Христа, св. Јован, св. Прохор и св. Гаврил. Фреските ги работи академскиот сликар Синиша Кашавелски.

 

Aleksandar.diplomska.jpg

 (Продолжува) 

 

 УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
СКОПЈЕ


ДИПЛОМСКА РАБОТА
Св.Јоаким Осоговски Чудотворец
Изработил:Александар Смиљков
Ментор: Проф.д-р Ацо Гиревски
Скопје
2010

Друго:

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная