логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Покајание – Ден 1
дек14 by Маран Ата 
Вовед
Постојат многу патишта на покајанието, љубезна душо, и ние ти посочуваме еден од нив.
Кога ќе одлучиш да тргнеш по него, одбери си некој прв ден од седмицата (некој понеделник) и почни ден по ден да го читаш она што е напишано тука.
Не барај ништо посебно, туку труди се да вникнуваш сé подлабоко во напишаното. На останатото ќе те научи твојот ангел чувар, кој неосетно ќе те води и ќе ти посочува нешта, наизглед едноставни и познати од црковниот живот, но всушност чудесни и спасителни.
Покајанието е една тајна. Тоа самото ќе те научи на потребното.
И така, со среќа, љубезна душо. Полезен пат си избрала. Благословен е патот по кој тргнуваш денес.

ПРВ ДЕНСлика
Во сеќавање на свети Варвар,
кој претходно бил разбојник
СликаБлажениот Варвар најпрво бил жесток разбојник во Луканските земји. Тој пролеал многу човечка крв и никој не можел да го фати, ниту пак да се бори со него, затоа што поседувал необична телесна сила. Но, преблагиот и човекољубив Бог, Кој не ја сака смртта на грешникот и го бара спасение за сите, како некогаш на апостол Павле, по дејство на Својата Промисла го уловил и разбојникот во мрежите на спасението. Еднаш, кога тој седел во една пештера и ги гледал купиштата ограбено злато, неочекувано до неговото срце се допрела Божјата благодат, која го изведува грешникот на патот на покајанието. Душата му се умилила и кога се сетил за страшниот Божји суд, почнал да тагува и да си зборува на себеси:
- Леле, што направив! Пролеав многу човечка крв, многу жени осквернив, украдов туѓ имот и направив многу други зла! Но, денес или утре ќе умрам; на кого ќе остане она што го стекнав?
И потоа повторно повикал:
- Знам дека Христос, според милоста Своја, го примил при Себе древниот разбојник; ќе ме прими и мене, ако се покаам. Затоа сега се каам и се скрушувам поради своите дела и го барам Неговото милосрдие.
Кога го рекол тоа длабоко во својата душа, Варвар станал без нешто да им каже на своите другари, го сокрил само мечот под својата облека и оставајќи сè, ноќта отишол во најблиската населба, каде што имало црква. Таму дошол за време на утрената и по завршувањето богослужбата, паднал во нозете на свештеникот, воскликнувајќи со солзи:
- Оче свети! Не отфрлај ме мене, бедниот грешник, кој дојде кај твојата светост, бидејќи сакам да се покаам за своите злодела.
Свештеникот го кренал од земјата, го однел до светиот олтар и рекол:
- Исповедај ги пред Бога своите гревовите, сине, а јас ќе бидам смирен сведок на твојата исповед и покајание.
Покајникот почнал да зборува:
- Оче, јас сум оној разбојник Варвар, за кој, мислам, си чул и ти. Преисполнет сум со мноштво гревови, со телесна нечистотија, грабежи и убиства, затоа што сум убил до триста лица, а со меч погубив и двајца свештеници, зашто не сакаа да ме пуштат до тајната на покајанието. И ете, ако мислиш дека Бог ќе ме прими во покајанието ми, преврзи ги со Божјите заповеди моите гревовни чирови според свое наоѓање; ако ли, пак, не, земи го овој меч и заповедај да ме убијат.
Но, свештеникот му рекол:
- Сине! Нема грев кој Го победува Божјото милосрдие; ти само не очајувај. Оди во мојот дом и исполни го на дело она што ќе ти го заповедам.
Кога излегол од црквата, свештеникот го видел Варвар како се движи по него на лакти и колена. Му рекол:
- Што правиш, сине?
  Варвар одговорил:
- Од моментот кога паднав на земја пред Бога со моите гревови, нема да се подигнам додека не ми бидат простени сите зли дела.
- Сине – му рекол свештеникот, – ти доброволно даваш завет за тоа на Бога. Запази го и ќе ти биде простено сé.
Кога стигнал дома, свештеникот повторно му рекол:
- Еве ги, сине, моите деца, робовите, добитокот и кучињата: кон кого сакаш да бидеш приброен за да јадеш заедно со нив?
Варвар одговорил:
- Оче, јас не се сметам за еднаков дури ни на кучињата, но заради телесната потреба од храна, стави ме кај нив, за да јадам со нив и да бидам без покрив во сите мои денови и ноќи.
На тоа свештеникот одговорил:
- Постапи онака како што зборуваш пред Бога, сине, и надевај се на Неговото големо милосрдие.
И Варвар така живеел кај свештеникот три години, како животно, лазејќи на раце и нозе и без да станува од земјата, бидејќи се сметал за недостоен да биде меѓу луѓето. Се хранел само со животните и кучињата и со нив останувал надвор од куќата дење и ноќе. По завршувањето на третата година, свештеникот му рекол:
- Доста, сине, престани да јадеш со кучињата, бидејќи Господ ти ја дарува Својата милост.
- Но јас, оче – одговорил Варвар, – сакам уште да се хранам со добитокот.
Свештеникот му рекол:
- Чедо! Бог го гледа и овој завет, кој Му го принесуваш со смирение, бидејќи така сакаш да пострадаш заради своите гревови.
Варвар отишол надвор од селото заедно со добитокот, движејки се како четириножец и пасејќи ја оскудната трева. Тој останал на ливадата дванаесет години, сосема гол. Кожата му станала како кора на дрво; изгорена од сончевиот пот и испукана од студот, таа поцрнела како јаглен. И така блажениот Варвар станал доброволен маченик.
Кога поминале дванаесет години од неговитеа страдања, со Божествено откровение му било јавено за проштевањето на неговите гревови и за тоа дека му претстои подвигот на покајанието да го заврши маченички, пролевајќи ја својата крв. И ете, еднаш додека одел по ливадата, Варвар се доближил до патот, каде беа запреле некакви трговци. Тие помислиле дека се приближува некој ѕвер (бидејќи не виделе што се движи во густата трева), истрелале од своите лакови неколку стрели и го поразиле со три од нив. Кога се приближиле и виделе дека застрелале човек, тие се ужаснале. А Варвар им рекол да не се плашат и да не жалат, им раскажал сè за себе и наредил да му кажат на свештеникот на селото за неговата смрт. Потоа ја предал својата душа во Божјите раце.
А свештеникот, кога дознал од трговците за она што се случило, отишол на тоа место и го видел телото на блажениот Варвар просветлено, озарено од светлина. Тој го опеал мртвиот и го погребал на местото каде што бил убиен. Подоцна од гробот на блажениот Варвар почнало да се дава исцеление на болните од различни немоќи. После некое време, тука, заедно со презвитерот дошле луѓе, го отвориле гробот и виделе дека телото на Светителот не само што било нетлено, туку точело и исцелително миро. Тогаш сите се зачудиле и Го прославиле Бога, а чесните мошти на свети Варвар со големи почести ги пренеле во своето село и ги положиле во црквата, восхитувајќи се на чудесното човекољубие и милосрдие на нашиот Христос Бог, на Кого со Отецот и Светиот Дух се вознесува чест и слава во веки. Амин.
Заветување
Ако сум згрешил, должен сум да се покаам, зарем не е така? Но, кога да се каам?
По смртта е невозможно, нема повеќе време.
Во претсмртниот час е потешко, тогаш времето е кратко.
Нема друго време во моја власт, освен сегашноста. И така, или треба сега и веднаш да се покаам, или да останам без покајание.
Плод
Оваа вечер пред да си легнеш, испитај ја својата совест, потсети се на целиот изминат живот и помисли каков удел ти се дава.
Помоли се вака: Ги исповедам пред Тебе, мојот Господ, Бог и Создател, Кој е прославуван и и на Кој се поклонуваме во Света Троица Отец, Син и Свети Дух, сите свои гревови, извршени во сите дни на мојот живот, во секој час и сега, со дела, со зборови, со мисли: прејадување, опивање, ненавремено јадење, празнословие, униние, мрзеливост, дрскословие, непослушност, клеветење, осудување, невнимателност, самољубие, среброљубие, грабење, лага, кражба, давање на заем со лихва, завист, гнев, оскрбување на ближниот, плотска похот и нечистотија, злопаметење, омраза и она што згрешив со сите мои сетила: вид, слух, мирис, вкус, чувство и со сите душевни и телесни чувства, преку кои Те прогневив Тебе, мојот Бог и Творец, и го навредив својот ближен. Жалејќи за овие свои гревови, признавајќи се себеси за виновен (виновна) пред Тебе, мојот Бог, коленопреклоно паѓам и се каам, помогни ми, Господи, Боже мој, со солзи смирено Ти се молам. Прости ми ги според Твоето милосрдие, сите минати и сегашни согрешенија и ослободи ме од нив, како благ и човекољубец. Амин.
Достојно е навистина да Те блажиме, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредлива пославна од серафимите, нетлено Бог Словото што Го роди, Тебе, вистинска Богородице, ние Те величаме.
Слава Ти на Тебе, Христе Боже, надеж наша, слава Ти на Тебе.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи, помилуј (3).
По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нé. Амин.
Извор: Света Гора Зограф

Преземено од: Наран Ата



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2685
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7136
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6969
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная