логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 лого

8ти ноември   2020 лето Господово

Предговор

Повеќе од 18 години сум медицински техничар во Психијатриската болница Скопје - Скопје, чие поранешно име беше Бардовци. Оваа професија покрај тоа што ми овозможува егзистенција (мене и на моето семејство), ми дава и можност секојдневно да среќавам многу луѓе - пациенти, со различна возраст и професија кои во одредени состојби на болеста говорат дека разговараат со Бога или со некои од светиите. Тогаш многупати се прашував дали Бог и науката за Бога - теологијата има некаква врска со тоа што го гледав кај овие луѓе. Морам да признаам дека моите тогашни размислувања беа такви заради фактот што јас како медицинско лице, иако сум православен христијанин, многу малку знаев за Бога, за теологијата и за верата. Сепак во едно бев сигурен дека на луѓето им треба помош, не само од медицината, туку и од Бога и дека ако се направи едно поврзување меѓу овиe две работи може да се постигне поголем успех во лекувањето на болестите воопшто. Тоа беше и една од главните причини да се запишам на Богословскиот факултет во Скопје. Оттогаш до денес поминаа години во кои ја изучував теологијата од различни аспекти и конечно стасав до крајот т.е. до дипломскиот труд, кој е врвот на моето школување на овој факултет.
    Во текот на студиите ги читав  делата на проф. д-р Владета Јеротиќ - доктор на медицина (специјалист - невропсихијатар), а подоцна теолог и професор на Теолошкиот факултет во Белград. Бев фасциниран од начинот на кој тој пишува за болестите и од теолошки и од медицински аспект. Читајќи ги неговите книги, постепено ги откривав, учев и ги разбирав работите кои не ми беа дотогаш јасни, па можев и практично да ги применувам на моето работно место. Во тој период одлучив мојот дипломски труд да биде на тема која ќе ги спои и теологијата и медицината во едно.
 Болеста т.е. заболувањето е стара колку што е стар и животот. Според Библиската археологија, во Палестина имало многу болести кои ги има и денес. Тогаш поголемо внимание се обрнувало на надворешните показатели, а денес благодарение на медицинските научни и технолошки достигнувања, се испитуваат и внатрешните симптоми на болестите.
Насловот на овој дипломски труд се однесува на болестите и заболувањата, карактеристични за времето во кое живееле светите евангелисти и апостоли - Матеј, Марко, Лука и Јован. Тие болести ги има и денес, но јас сакав да го изложам тоа што апостолите го запишале за болестите во евангелијата.

Pantokrator.Markov.m.jpg

Вовед

 Зборот болест (синоним за заболување - novso~, morbus) се среќава во сочувани текстови од 15 век па наваму, но без сомневање тоа е збор со уште постаро потекло. Етимолошкото значење на овој поим е од црковнословенскиот јазичен корен - болка,  што означува највпечатлив субјективен симптом на повеќето болести. Во црковнословенскиот јазик покрај називот - bolyznq доаѓаат синонимите: nemo{q и nedugq. Ова би можело да се преведе како неспособност за делување или немоќ.
 Човекот се смета за болен воглавно кога нешто го боли и кога се чувствува послабо и немоќно, кога е помалку способен за работа и кога заради промена во организмот е загрозен неговиот животен опстанок. Болест е промена на вообичаениот ритам на живеење.  И покрај тоа што на прв поглед се чини дека поимот болест е многу едноставен и јасен, сепак, секој обид за негово дефинирање наидувал на многу големи потешкотии. Повеќето дефиниции или се сведуваат на обично тврдење дека болеста е спротивна од здравјето или пак во себе содржат хипотетичко мислење на авторот за суштината на патолошките процеси.
Така може да се каже дека болест е пореметување на нормалните случувања во организмот, ненормално одвивање на животните функции. Недостаток на оваа дефиниција е во неодреденото значење на поимот нормален. Под нормално се подразбира она што е здраво, па така оваа најчеста дефиниција за болеста воглавно се сведува на констатацијата дека таа се разликува од здравјето.
 Многу медицински научници направиле обид да дадат дефиниции во однос на болеста, меѓу кои се: В. Д. Форбус - „Болест е начин на живот, начин на борба на организмот за самоодржување и одржување на динамичката рамнотежа со надворешните и внатрешните влијанија“, В. Бојд - „Здравјето е кондиција во која организмот сосема се адаптира на својата околина, а болеста е промена на таа кондиција која доведува до страдање на организмот“ и Ф. Хоф  болеста ја дефинира како пореметување на кординацијата помеѓу структурата, функцијата и околината на живото битие, која го загрозува понатамошниот опстанок на животот.
 Сведоштва за болестите т.е. за нивното постоење има и во Светото писмо: „се појавија гнојни струпје по луѓето“  (2. Мој. 9, 10), како и за тоа дека  причини за истите се нашите гревови: „...гревот влезе во светот преку еден човек... “ (Рим. 5, 12), а пак, Бог, како казна за гревот ги праќа болестите во светот: „и тогаш и Јас ќе постапам со вас вака - ќе ви пратам скудност, красти и жолтица...“ (3. Мој. 26,16). Треба да знаеме оти најдобриот лек против секој грев се телесните болести и нашите солзи. Секој кој боледува треба да мисли и да говори вака: „Можеби Бог сака преку оваа болест да ми ја отвори вратата на вечниот живот“. 
Кој е вратата на вечниот живот? -  Тоа е Господ Исус Христос нашиот водач кон вечните вистини кои можат да ја подигнат болнопаднатата природа на човекот. На тој пат човекот минува низ многубројни искушенија, страданија, маки, измачувања, но и болести. Болестите се присутни, за да го направат човекот трпелив со самото тоа и посилен, затоа што болеста е учителка која го исправа  животот и неговото дотогашно мислење и однесување, па на крајот таа иста болест да биде извор на сила и ведрина.
За подобро објаснување на суштината на болестите, неопходно е да се започне со нивната поделба од теолошко-медицински аспекти, за да може потоа да се разберат релациите Бог и болестите и начините за лекување во Евангелието.
Кога станува збор за лекувањето (исцелување)  потребен е дар којшто го имале пред сè апостолите. Денес покрај дар (талент) за лекување е потребно и солидно образование.
Сето ова ќе биде изложено во понатамошниот текст.

 Banjani.Hristos.Isceluva.slep


                                        I. ПОДЕЛБА НА БОЛЕСТИТЕ

Денес поделбата на болестите е многубројна.
Сите досегашни обиди на медицинската наука  болестите да ги распоредат во некој логичен, природен систем биле безуспешни. Со оваа проблематика, се занимавале и медицинските статистичари, но логична класификација не била можна и за нив. За потребите на медицинската статистика, класификација на болестите прв направил Вилијам Фар во ХIХ век,  а прва усвоена класификација е од Жак Бартијан во 1893 год.
Денешната меѓународно признаена класификација е од 1965 год, и медицинската наука понатаму продолжува со нови обиди за класификации на болестите. 
Поделбата што следува е комбинација од оваа класификација и теолошкиот светоглед.

I.1. Tелесни, душевни и духовни болести
 
a. Телесни болести се болести во чија основа лежи привремена или постојана промена на структурата на човековите ткива, која доведува до промени во нормалната работа на органите и системите (пр. кардио - васкуларниот, дигестивниот и др.), што значи намалување и губење на работната способност.
б. Душевни болести се болести врзани за промена на состојбата на човековата душа - психа, состојба која не се вклопува во општоприфатените начини на човековото однесување и мислење. Душевните болести се предмет на проучување од областа на  медицината - психијатрија.
       в. Духовни болести се оние болести кај кои страда човековиот дух, но и душата и телото. Човекот има здрав дух кога живее христијански, во согласност со Божјите заповеди, а зол (нездрав) дух кога греши и живее грешен живот. Поради повреденоста на здравиот дух, душата станува опседната со нечисти духови (демони), а телото наследува разни болести.“ 

I.2 Болести според времетраење:

а. Акутни - болести кај кои времетраењето е краткотрајно (една до две седмици). Такви се: ентероколити, вируси инфекции и др.
 „А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот“ (Дела 28,8).
б. Хронични - кадешто болеста е долготрајна, а може да биде и доживотна. Такви примери се: лепра, реума, разни парези и парализи и др.
 „И кога влегуваше во едно село Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку“ (Лука 17,12), одеднаш застана пред Него човек, болен од водена болест“ (Лука 14,2).

Hristos.isceluva

I.3 Друга поделба на болестите:

а. органски - болести во кои има морфолошка промена во болниот организам.
Примери за овие болести се: чир  на желудник (ulkus), пневмонија, епилепсија и др. 
 „Тие му одговорија: Вчера во седмиот час го остави огнот“ (Јован 4,52).
б. функционални - во кои нема структурална промена во организмот, туку има пореметување во функцијата. Примери за тоа се: хистерија, неуроза, схизофренија и др.
 Кон крајот на ХIХ век научници - атеисти се обидувале да докажат дека не постои опседнатост и бесомачност, односно тоа се изрази за хистерични напади. 
 „И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат“ (Матеј 8,28).
в. наследни - болести коишто се наследени од родителите. За пренесување на наследните особини одговорни се хромозомските јадра со својата дезоксирибонуклеинска киселина (ДНК).
Примери за тие болести се слепило, парализираност, глувонемост и др.
„И дојде при Него многу народ, кој имаше со себе хроми, слепи, неми, фатени и многу други...“ (Матеј 15,39), „Кога одеше, виде еден слеп човек од неговото раѓање“ (Матеј 8,28).
г. стекнати во животот - со овие болести болните се здобиваат во текот на својот живот. Примери за овие болести се привремено слепило, пареза и др.
„Савле стана од земјата, макар што му беа очите негови отворени, никого не гледаше“ (Дела 9,8).
Овде треба да се истакне, принципот на поделбата според заболените делови на телото. Човечкото тело е составено од голем број на клетки, кои кога се диференцирани на ист начин сочинуваат ткива. Повеќе ткива заедно формираат органи. Според развојната генеза од просто кон посложено се доаѓа до органски целини т.е системи. Од класификацијата на овие органски системи произлегува следнава поделба на болестите: болести на крвни органи, болести на нервен систем, болести на дигестивен систем итн..
Болестите можат да се поделат и врз основа на возраста на пациентот (болести кај доенчиња, детски болести, болести кај стари лица). Особено важно е да се истакне и поделбата според причините за болестите (заразни болести, труења, механички повреди, болести од лоша исхрана).

(Продолжува)

 Hristos.isceluva.besomachen

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Св. Климент Охридски” - Скопје

ДИПЛОМСКА РАБОТА

ТЕМА
Болестите во евангелијата


  Ментор:  Проф. д-р Ратомир Грозданоски,

протоѓакон

                   

                   

 

   Изработил:
    Горан Трајковски

                                                                                                
Скопје, март 2010

 

 

 Друго:

 

 

 

6ти  август  2012 лето Господово

 

 

Извор

TVITer270

П.П. 2012-08-06 13:12:34

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1381
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1674
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1509
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…