логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Живееше еднаш во Мала Азија богато благородно семејство. Тоа беа великодушни, добронаравни и верни луѓе. Синот единец, откако порасна и го заврши своето образование, посака ангелски живот и се одлучи за пустиножителство. Долго трагаше по скитовите на египетската пустина, додека еден ден не сретна еден многу строг Старец. Веднаш благородникот го замоли да го прифати како свој послушник во скитот и истовремено изјави дека ќе прифати потполна послушност кон својот Старец.

- Врати се назад во твојот крај, – му рече Старецот – и потруди се да го направиш она што Го рекол нашиот Господ. Значи, собери го својот имот и раздај го на сиромасите. Кога ќе го направиш тоа, пак врати се овде и ќе те примам.

Момчето направи метанија и послушно се врати во својата татковина. Го продаде сиот свој имот, а парите ги раздели на сиромасите. Задоволен што го послуша советот на старецот, сега сиромашен се упати назад во пустината и скитот. Старецот со задоволство го прифати и кога стана монах, еден ден го повика, па му рече:

- Од сега ќе живееш во онаа ќелија покрај ѕидот и воопшто со никој нема да зборуваш.

- Нека е благословено, – одговори монахот, па отиде и се пресели во ќелијата која му ја назначи Старецот. Таму остана пет години и се подвизуваше строго, не изговарајќи ниту еден единствен збор. Неговата преданост и трпението не можеа да останат скриени од останатите братја, кои му се восхитуваа и многу го почитуваа. Монахот продолжи да се подвизува во својата ќелија, кога еднаш го посети неговиот Старец и му рече:

- Гледам, дете мое, нешто што ме жалости. Ти овде немаш никаква корист. Од братјата слушам многу пофалби, кои навистина не ги вреднуваш, и така си во опасност да ја изгубиш својата душа. Треба, значи, да заминеш од Египет; затоа, подготви се. Одлучив да те пратам во општожитие.

Монахот ја наведна својата глава и, не велејќи ништо, покажа послушност кон волјата на Старецот. Веднаш ги подготви оние малку свои работи и појде на далечен пат. Малку пред заминување, Старецот му даде писмо со препорака за игуменот на манастирот во кој го праќа. Меѓутоа, Старецот не се сети на својот послушен ученик да му каже дали таму каде што оди треба да зборува или не. А монахот, откако Старецот не рече ништо, продолжи да ја следи неговата поранешна заповед, така што устата ја држеше затворена. Негов збор веќе не можеше да се чуе.

Кога стигна во општожителниот манастир, игуменот го прифати и монахот таму повторно го започна својот подвиг. Поголемиот број од отците во манастирот мислеа дека е нем. Меѓутоа, игуменот имаше некои недоумици, па сакаше да ги расчисти. Затоа го повика и му рече:

- Сакам, оче, да одиш надвор од населбите, кај големата река и да прејдеш на спротивната обала, за да ни донесеш некои намирници за манастирот.

Монахот послушно ја наведна главата, прифаќајќи ја заповедта. Значи, се упати кон реката, но пред заминување, игуменот прати и еден друг монах да го следи. Игуменот одлично знаеше дека реката е преплавена и дека никој не е можно да премине на другата обала. Затоа и го прати таму младиот послушник, затоа што веруваше дека тој, бидејќи нема да може да прејде, ќе биде принуден да се врати назад и да му го соопшти тоа, па така ќе се увери дека овој навистина е без глас.

Штом послушниот монах стигна кај реката и се соочи со поплавата, сфати дека е невозможно да прејде преку неа. Без многу размислување клекна и почна топло да се моли со солзи во очите, но со устата постојано затворена. Кога заврши со молитвата, му пријде еден крокодил од реката и застана покрај него. Тогаш монахот се качи на него, а големиот рептил, сечејќи ја реката, го пренесе на другата обала.

А собратот, кој според налогот на игуменот го следеше, се зачуди поради оваа чудесна случка и се воодушеви на добродетелноста на монахот и силата на неговата молитва. Се врати во манастирот трчајќи, па раскажа сé што се случи. И игуменот се воодушеви за случката и од тој момент сите многу го почитуваа монахот и сметаа дека е благослов за манастирот тоа што еден таков монах живее со нив.

После само неколку години, овој монах, кој беше пример за послушание, ја предаде својата душа на Господа и целиот општожителен манастир потона во тага, затоа што изгубија еден свет човек. Игуменот прати писмо до првиот Старец на монахот, за да го извести за блажениот крај на неговиот овоземен живот. Писмото завршуваше со реченицата:

„Иако ни прати нем човек, меѓу нас поживеа како вистински ангел.“

Старецот на послушниот монах, откако го прочита писмото, се восхити на послушноста на својот блажен послушаник, и откако ја напиша вистината за него, ја прати на игуменот. А игуменот ги повика сите отци од манастирот и им ги прочита следните зборови на Старецот:

„Свет игумене, блажениот човек, кој ти го пратив пред неколку години, воопшто не беше нем. Напротив, благодарејќи на заповедта на својот духовник, сиве овие години ги помина во молчење. Сега, кога Господ го повика кај Себе, нека неговите молитви бидат со нас.“

Извор: СВЕТИТЕЉ ЋУТАЊА

Преземено од:

 Maran.ata1.jpg

 

Друго: http://www.svetosavlje.org/biblioteka/DuhovnoUzdizanje/SvetaGoraMolitva/Lat_SvetaGoraMolitva05.htm

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2037
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2057
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 503
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная