логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
                            СТЕФАН

Girevski.Promocija4.jpg
 

Промоција на книги


Ваши Високипреосвештенства,
Почитуван ректоре на Скопскиот универзитет,
Почитувани проректори и професори и студенти,
Почитувани претставници на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р. Македонија,
Почитувани отци – сегашни и идни пастири,
Возљубени во Господа,

Мисијата на Црквата е означена во една единствена цел, која ја дефинира и како духовен организам, и како институција и како структура. Тоа е да го води човекот на патот кон обожувањето, на патот кон спасението, кон трајната заедница со Бога во Царството Небесно.
Таа егзистенцијална цел се остварува на многу начини – од Евхаристијата, преку проповедта на словото Божјо, па сè до секојдневното функционирање во општеството. Во тоа свештено секојдневие учествуваме сите ние кои го образуваме царското свештенство – клирот, или т.н. функционално свештенство и верниот народ Божји. Секако, целта е иста – заедно, соборно, да Му принесуваме молитва и жртва на Бога, да сме во заедница, зашто Црквата не е во индивидуата, туку во збирот, во соборот на личности, и на крајот да се соединуваме со Господ Исус Христос. Секогаш има некој што претстои, но секогаш има и некој што учествува во свештеното дело на Црквата. Затоа и св. ап. Петар вели: вие кои како живи камења сте вградени во духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос... и вие сте избран род, царско свештенство, свет народ... (I Петар 2/ 5 и 9).
Господ Исус Христос преку апостолите го устрои во Црквата т.н. функционално свештенство, односно клирот. Така, од апостолите беа произведени епископи, свештеници и ѓакони... Клирот е повикан да биде пастир на стадото, по примерот на Христос: Јас сум добриот пастир, и ги знам Моите и Моите Ме знаат Мене (Јован 10, 14). Испраќајќи ги Своите ученици, а преку нив и сите свештенослужители до денес, Господ им даде и власт да разрешуваат, да сврзуваат и разврзуваат (Мт 18, 18); исто така, востановувајќи ја светата Евхаристија на Тајната вечера, заповеда: ова правете го во Мој спомен. Давајќи им ја власта за светотаинскиот живот на Црквата, на крајот ги испрати по целиот свет: Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат на сè што сум ви заповедал (Мт 28, 19-20).
Од ова можеме да видиме дека пастирот на стадото Христово во себе обединува две нешта – светототаинското и проповедта. Тие се комплементарни во личноста на пастирот, не може  збор без светост, не може мисија без потврда, не може заедница без соединување, не може ништо без Господа!   
Наоѓајќи се во овие претпразнични денови, не можевме со ништо друго така да го најавиме празникот што доаѓа, како со овој денешен настан: со книга за денот на книжникот, со книга за пастирството, за пастирот. Навистина, ако го бараме книготворецот и книгољубецот, ако го бараме пастирот што го љубел своето паство и што бил возљубен од паството ќе го најдеме во личноста чиј овогодишен празник веќе и со оваа промоција започнавме да го прославуваме.
Свети Климент, пастирот од нашиот род, пастирот кому по Божја милост сме му стадо скоро 11 столетија, бил и останува да ни биде пример за пастир, пастир кој и по упокојувањето останува да бдее над своето стадо. И како поинаку би можеле да го именуваме човекот кој од грижа за духовното стадо неуморно се трудел не давајќи им дремка на своите очи, човекот чиј јазик, книжнина и пастирство останале нерушив бедем за сите освојувачи и поробители на нашиот народ и Црква.
А пастирството, за кое сме собрани на денешнава промоција е тема во книгите што се пред нас. Отецот, д-р Ацо Гиревски, повеќегодишниот наставник по предметот Пастирско богословие на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и актуелен декан на истиот, своите истражувања од областа на пастирството, подготвувани и одржани како лекции пред студентите на Богословскиот факултет, систематизирани по примерот на современите учебници и помагала по тој предмет, еве, како што и самиот вели во предговорот, вака подготвени ги нуди не само за потребите на студентите и свештенослужителите, туку и за сите заинтересирани за таа област.
Инаку, пастирството како појава и потреба е присутно во целата човекова историја. Тоа, всушност, се задача и улога зададени од Бога. А Господ, избирајќи водачи – пастири меѓу избраниот народ Израилот, Тој Самиот бил и водач и пастир. – Пастиру Израилев, послушај... и Господ е пастир мој..., како што го запишал псалмопејачот Божјиот дошеп (Пс 79, 1 и 22, 1). Така било во примерот на Мојсеја кој го водел израилскиот народ низ пустината, така било и со Исус Навин, така било и со судиите, така со пророците и особено со царот Давид, кому е речено дека ќе го паси Израилот (2. Цар 5, 2).
Сите старозаветни пастири и водачи, всушност, се праслика на новозаветниот Добар Пастир, на Пастирот кој душата Своја ќе ја положи за стадото свое (сп. Јован 10, 1-16). Новозаветните книги се книга за Пастирот. Господ Христос е Добриот Пастир и од Него извираат карактеристиките што треба да го красат секој пастир.
Христовите апостоли ја продолжиле службата на Великиот Пастир, а нивната, пак, апостолската – нивните наследници епископите, односно свештенослужителите. И таа должност во Црквата трае, се пренесува до денес. Имајќи ја предвид улогата на пастирот во спасоносната мисија на Црквата, јасно е зошто предметот Пастирско богословие и администрација се присутни во сите богословски образовни институции. На Црквата секогаш ѝ требале подготвени и вистински оддадени на позивот пастири и за среќа на стадото, во сите периоди се раѓале и растеле такви по мерка на потребите на Црквата.
Апостолите, избраните пастири од Вечниот Пастир, израснале во пастири кои го освоиле светот и нивната проповед стигнала до секое создание (Марко 16, 15). Благодарение на нивното пастирствување, во редовите на Црквата израснале пастири кои продолжиле и со збор и со дело достојно да ја водат доверената мисија на Црквата. Како пример да ги спомнеме: св. Игнатиј, епископот Антиохиски, св. Атанасиј Александриски, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов, св. Јован Златоуст, како пастири од првите христијански векови, како и св. Јован Дамаскин, св. Јован Лествичник, св. Симеон Солунски и св. Григориј Палама, св. Кирил и Методиј Солунски и св. Климент и Наум Охридски, св. Јован Кронштадски и св. Јован Шангајски и многу, многу други, кои не само што покажале како достојно се пастирствува, туку и со своите творби оставиле упатства за генерациите по нив. Но да се запрашаме при оваа прилика: каков пастир или какви пастири ѝ требаат на Црквата денес? – Ова прашање во свое време си го поставувале сите кои се занимавале со пастирството и со мисијата на Црквата. Одговорот е многу едноставен: – и денес ни требаат пастири какви што ѝ требале на Црквата во изминативе 20 столетија. И на нашево време им се потребни пастири коишто не само ќе го покажуваат патот Христов, патот на Евангелието, туку и со својата светлина ќе светат пред луѓето (Мт. 5, 16). И денешниов пастир во ништо не треба да се разликува од сите достојни претходници во вековите наназад. Дури, ќе речам, и покрај сите противречности и искушенија, во голема мера живееме од некогаш помирно време и во Црквата и околу неа, живееме време на совршени комуникации и можности. Но ова е и време со нови предизвици, како за ерархијата, така и за верниот народ, и секој на свој начин треба да учествува за да биде поуспешна мисијата на Црквата, која отсекогаш имала, па и сега има широко поле за делување.
И денес, како и досега, Христос е предмет во проповедта, и денес верата е предмет на проповедта, и денес Евангелието е предмет на проповедта и, се разбира, цел во проповедта, зашто и денес сè уште Христос е единственото ново под сонцето и Тој е истиот и вчера, и денес и утре. Оттаму, пастирот бил и треба да биде пример за стадото (1. Петр 1, 3), да биде пример на верните во правдата, верата, љубовта, чистотата (2. Тим 2, 22), да се покажува како образец за добри дела (Тит 2, 7) и секогаш да биде подготвен да повика, по примерот на светиот апостол Павле: угледајте се на мене, како и јас на Христа (1. Кор 11, 1; Филип 3, 17). Говорејќи, пак, за пастирот во Црквата Христова, неминовно се наметнува прашањето и за тоа каков треба да биде и пастирот во Македонската православна црква? И веднаш ќе речам: македонскиот пастир потребно е дополнително да биде подобар, зашто служи во Црква која постојано е изложена на најразлични искушенија. Имајќи го предвид статусот на сè уште неприфатена Црква во сеправославната заедница, македонскиот пастир потребно е да биде постојано буден, зашто од повеќе страни нè демнат грабливци и непријатели на нашата Света Црква и народ. Само добро образовани и упатени во тајните на пастирството можат да одговорат на современите духовни потреби на нашиот човек и, секако, достоинствено да ги бранат интересите на нашата како помесна Црква на македонските простори. Овој учебник што денес го промовираме, веруваме ќе придонесе за подобро образование на идните пастири и, секако, за надградување на сегашните. Затоа, најискрено им го препорачуваме на сите што се подготвуваат и сакаат да бидат упатени во тајните и потребите на пастирот и пастирството.
На крајот, посакувајќи му на авторот уште вакви прилики, ми останува да ви заблагодарам за присуството и вниманието. Амин

  1/Промотивно слово за книгите „Пастирско богословие“ и „Пастирска администрација“ од д-р Ацо Гиревски, изречено на 6. 12. 2011 година, во свечената сала на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје;

 

Друго:

Промоција на книгите од проф. д-р Ацо Гиревски (07.12.2011)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная