логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


РЕПОРТАЖА: ПЕШТЕРСКИ ЦРКВИ ВО СТРУШКО

Енергијата на монахот испосник во карпа

Сигурно многупати сте поминале низ манастирскиот комплекс во село Калишта, повеќепати сте се искапиле на плажите околу него, но веројатно не сте забележале дека покрај двете големи и нови цркви постои и една мистична и за окото невидлива црква вдлабната во карпите до манастирот.
Црквата е "невидлива", бидејќи во неа се влегува првин преку современа обична врата преку која се оди и во конаците. Потоа мора да се наведнете за да минете низ едно мало вратиче, не повисоко од метар и 40 сантиметри. Но до црквата има уште. Првин ќе ја почувствувате енергијата на десетиците монаси испосници кои во текот на десетте века ги користеле трите ќелии кои се наоѓаат под црквата. На првиот кат има две монашки ќелии, а на вториот една, малку поголема. Монасите или подвижниците тука се оддалечувале од светот, се приближувале до Бога, се молеле, и ја барале заедницата на љубов кон Бога и ближниот.

Ќелиите не се поголеми од два квадратни метри. На првиот кат едната е вдлабната удолу во карпата, а другата е на ниво. Горната, или втората монашка ќелија е направена во карпите со под од дрво. Откако ќе се зачудите зошто толку долго гледате низ малите вратичиња во внатрешноста на ќелијата број 2, а во која всушност нема ништо, го продолжувате патот низ минатото преку тесните скали кои водат до третиот кат каде што се наоѓа црквата. Качувајќи се нагоре сфаќате дека она што веројатно го задржува погледот на секој заинтересиран гостин во празните мали собички е восхитот за монасите/испосници и прашањето, која е внатрешната духовна состојба за некој да се реши да издржи таков прескромен живот.
Црквата на третиот кат е посветена на Пресвета Богородица. Изградена е во 14 век, иако првите знаци на монаштвото тука се забележани уште од 11 век, кое, според зборовите на нашиот домаќин Наќе, без прекин се одржало до денеска. Патувањето со мислите во минатото додека го разгледувате иконостасот во црквичката со неправилна геометриска форма (поради карпите) за момент ви го прекинуваат неколкуте безбедносни камери и каблите за струја. Но, сепак, мотивот е поголем вниманието да го задржите на иконостасот. Патувањето можеби и не трае повеќе од 10 минути, а завршува со целосен круг, бидејќи од црквата (или пештерата) можете да излезете и по други нови, широки и нестрмни скали.
Надвор, пак, во манастирскиот двор се двете нови цркви изградени врз темелите на цркви од 18 век. Едната, помалата, е посветена на св. апостоли Петар и Павле и изградена во 1990 година, додека поголемата е посветена на Рождеството на Пресвета Богородица и е обновена во 1977 година.
Монашката традиција денеска ја продолжуваат двајца монаси. За жал, за време на нашата посета беа излезени по работа и не успеавме да поразговараме со нив барем малку да ги разјаснат прашањата кои се јавуваат во текот на "патувањето" низ ќелиите и пештерската црква.
Манастирскиот комплекс го напуштаме со гласот на попот во заднина, бидејќи во главната црква се случуваше чин на крштавање.


Посетата на пештерските цркви продолжува по само пет до 10 минути одење по брегот на Езерото. Во карпите помеѓу хотелот "Изгрев" и месноста Елен Камен се наоѓа црквата Св. Атанасие, посветена на александрискиот епископ Атанасиј. Лесно е достапна, но сепак, мора со внимание да ги искачите стрмните скали, а на симнување е препорачливо да се држите за оградата. Иако нема пишани извори, според фрескоживописот датира некаде од 14 век. За жал, тука посетителот добива спротивна слика од онаа во Калишта, бидејќи тука црквата е оставена на забот на времето. Фреските се во лоша состојба, дел се исчкртани и ископани, а останат е и само дел од иконостасот. Вратата е разбиена, па може да влезе секој без никаков проблем. Од платото пред вратата покрај карпите има убав поглед на Струга и речиси на целото Езеро.
Ако спојот на пештера и црква во овие два храма ви го предизвика вниманието и сакате потемелно да се запознаете со овој дел од црковната историја во Македонија може да продолжите во селото Радожда на самата граница со Албанија каде високо во карпите веројатно во 13 век е изградена црквата Св. Архангел Михаил. Црквата е сместена во двете природни пештери кои се наоѓаат една над друга.


Уште едно пештерско-црковно искуство можете да доживеете во селото Вишни кое се наоѓа на 10 километри од Струга. Но за ова доживување во црквата посветена на св. Спас (14 век) ќе ви треба малку повеќе издржливост и пешачење, бидејќи е сместена високо во планината Јабланица на околу три километри од селото.

 

 

 

 

 Моќта на Црна Богородица

Манастирскиот комплекс Калишта е познат и по иконата на Пресвета Богородица, или кај народот позната како Црна Богородица. Таа се чува во новата црква Рождество на Пресвета Богородица. Оваа икона е многу ретка, бидејќи Богородица и малиот Исус се насликани со црна боја. Многу верници ја посетуваат оваа црква токму поради иконата и верувањето дека има исцелителна моќ. Особено на празникот на манастирот Рождество на Пресвета Богородица на 21 септември доаѓаат многу неротки кои веруваат во исцелителната моќ на иконата за да се поклонат пред неа.
"Оваа икона е посебно вредна. Многумина веруваат во нејзината исцелителна моќ и доаѓаат тука искрено да се помолат. Интересни се кажувањата дека за време на Втората светска војна на неколкупати иконата била фрлана во Езерото заврзана за некој товар за да биде уништена, но секогаш се враќала во манастирот неоштетена, што говори за нејзината моќ", ни раскажа домаќинот Наќе кој, бидејќи имавме благослов од дедо Стефан, ни дозволи и да ја фотографираме.

 

 

 

 

 

 

Во Македонија има над 50 пештерски цркви

Во Македонија има над 50 пештерски цркви, од кои добар дел се недоволно истражени, а поради недостапноста на теренот и атмосферските влијанија тешко оди нивното проучување, но и нивната заштита. Сепак, постоењето на овој вид цркви во Македонија укажува на богатата христијанска традиција и остава печат и донекаде открива дел од начинот на средновековниот живот. Според скудните записи, во овие пештери живееле пустиници, или испосници кои се занимавале со чудотворење, пророкување и мистика.
Најмногу вакви цркви има во охридскиот и преспанскиот регион, но има забележителни цркви и по текот на реките Бабуна и Црна Река, како и во Источна Македонија.
Попознати и позначајни се: Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро, Св. Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид, Св. Спас и Св. Евла крај Ресен, Монашка пештера и Црквиче во Општина Чашка и многу други.

Дарко Дуридански
Фото: Д.Перковски

 

Извор: Вест



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная