логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 По избор на : Стојанче Андов

 Uspenie.Presveta.Bogorodica.jpg

Тага, претворена во радост
Радувај се  Мајко на Создателот, која  заминуваш  од  овој  свет! Љубовта нејзина  по  Успението свето не  престана  да  го љуби човекот и  постојано да му помага  но невојлите  и  искушенија  од  кнезот земски. Утробата  нејзина го  прими  несместливиот  Син  Божји  и безсемено  го  роди  Спасителот  на  светот.  Силно  го  љубеше Својот  Син  и  зборовите  Негови,  таа  длабоко ги  врежуваше во  срцето свое. Во  страданијата на  Христа  и  Мајката  Божја  страдаше   и   целата   трепереше...  го  слушаше  звукот  на  болката,  ударот  на  камшикот,  крвожедниот глас  на евреите  кои   викаа   да  биде  распнат  ЦАРОТ  НА  СЛАВАТА.  Го  гледаше  својот  Син  целиот  во  рани,  со  трнов  венец, со  крст  тежок  во   раката   и  најпосле  распнат  на  голгота.  Секоја  солза  нејзина  е  вода  чиста,  чиста  за  нашите  души  валкани  и  заробени во  гревот.  Срцето  нејзино  ја  знае  болката која  и  таа  ја  понесе  на голгота, со  својот  Син  Христос.
Љубовта нејзина,
како миро,
делејќи го насекаде
секојдневно  го  дава  и
солзи  на  покајание
на грешните души
им дава, учејќи ги на
страв Божји  и
ревност  огнена.

Утешителка на  нажалените,
подарителка на   бездетните,
оган на  противниците,
Мајко  Божја,
Царица  небесна  си  Ти!


 Ќе се  најдат ли  доволни зборови за да ги  искажеме  нејзините  чуда,  дела, добрини... повозвишена од ангелите, пославна од Херувимите  и од  Серафимите,  Мајка  на  нашиот  Бог,Пречистата  Богородица и  секогаш Дева Марија! Мајка, Преблажена, Сенепорочна, Утешителка,Преблагословена, Сефална, Благодатна, атонска Мајка,  која  не  престанува да  се  моли  за  нас  пред   великиот  престол на  својот  Син,  Христос.  Со  својата  љубов  сите не прегрнува и  во  омофорот  како мајка од  злото  не  избавува и кон спасението  не воведува, сакајќи  сите  да се  спасат и  да  дојдат  до познавање на вистината-Христос.
 И по своето успение  светот  не го остави.  Ги слуша  ммолитвитена оние кои  навистина,  со искрено  срце,  ја  повикуваат и  помош  од неа  бараат.  Од иконите нејзини  свети  и чудоворни слепи прогледуваат, неми  говорат,  бездетни  мајки  раѓаат,  болни  оздравуваат...
Радувај се Богоизбрана  од  сите родови!
Радувај се  Бладичице на архангелите!
Радувај се зашто Твојот Син  со  рацете  те  зеде  од  земјата!
Радувај  се  љубов  на светиите и слатко гледање!
Радувај се, горо  света, пазена од  Светиот  Дух!
Радувај  се светлино која  светиш во темнина!
Радувај се благодатна, зашто со  Твоето Успение не не  остави!

 Радувај се благодадтна, зашто Господ е со Тебе! Радувај се!

Uspenie.freska.jpg

 

Молитва кон Пресветата Владичица наша Богородица

О, Пресвета Богородице, Дево Владичице, повозвишена од ангелите и архангелите, и најчесна од сета твар, восхит велик на ангелите, возвишена проповед на пророците, преславна похвало на апостолите, прекрасен украсу на светителите, крепка тврдино на мачениците, спасително водство на иноците, неотклоно воздржание на испосниците, славо и чистото на девствениците, тивка радост на мајките, мудрост и поука на младенците, заштитничке на вдовиците и сираците, на голите риза, на болните оздравување, на пленетите избавување, тишино на оние што по море пловат, мирно пристаниште на оние што бура ги носи, сигурна водителке на заблудените, лесен премину на патниците, блажен спокоју на трудбениците, на измачените брзазастапничке, на нападнатите покрову и прибежиште, надеж на безнадежните и помош на оние кои помош бараат.
На ништите богатство непропадливо, на нажалените непрестана утехо, на намразените љубовно смирение, на грешните спасение и кон Бога обраќање, на сите правоверни цврста заштито, непобедлива помош и застапништво. Низ Тебе, Владичице, Невидливиот нам видлив ни стана, затоа молита Ти принесуваме, Господо, ние грешните слуги Твои.

И, Премилостива и Пречудесна Царице на духовната светлина, Која Го роди нашиот Цар Христос, Живототдавецот на сé, славена од небесните и фалена од земните; ангелски уму, светлозарна ѕвездо, Пресвета меду светиите, Царице на цариците, Владичице на сета твар, боголепна Девице, несквеера невесто, на Светиот Дух палато, огнен престолу на невидливиот Цар, небесен кивоту, Носителке на Словото Божјо, огнообразна кочијо, одмориште на Живиот Бог, неизглаголива Составителке на плотта Христова, гнездо на Орелот Небесен, грлице благогласна, гулабице кротка, тивка и незлобива, Мајко чедољубива, бездно на милоста Која го разгони градот на гневот Божји, безмерна длабочино, неизглаголива тајно, несфатливо чудо, благомирисно кадило, чесна багренице, боготкаена порфиро, душевен рају кој ја изнедри животоносната градина, цвету прекрасен кој ни Го расвета небесното веселие, грозду на нашето спасение, путиру на Царот небесен во Кого од Светиот Дух се раствори виното на неисцрпна благодат, Застапничке на законот, почетоку на вистинската вера Христова, непоколеблив столбу, пропаст на еретиците, меќу на гневот Божји против богоборците, страв за демоните, победо во војните, на сите христијани вистинско зачувување и на целиот свет сигурно спасение!

О, Семилостива Господо, Дево Владичице, Богородице, услиши нé нас кои Ти се молиме, и покажи ја милоста Твоја на лудето Твои. Моли Го Синот Твој да нé избави од секое зло и да ја сочува нашата обител и секоја обител, градот и ѕидините на верните, и лудето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име Твое, од секоја напаст, помор, глад, земјотрес, потоп, оган, меч, налет на иноплеменици и медусебни војни, од секоја болест и секоја неволја, та од никаква рана, ни закана, ни помор, ни секаков правеен гнев Божји да не бидат поразени слугите Твои; туку сочувај нé и спаси нé по милоста Своја, Господо, нас кои Ти се молиме, и полено благорастворени на воздухот кон време на плоден принос дарувај ни; олесни, прости и помилуј нé, премилостива Владичице, севоспеана Богородице, нас кои сме во секоја беда и мака. Спомни си за слугите Твои, и не презирај ги солзите и воздишките наши, и обнови нé по добрината на Твојата милост, за со благодарност да се утешуваме, наодајќи те за помошничка. Смилувај се, Господо Пречиста, на немоќта на лудето Твои, надеж наша; рассеаните собери ги, заблудените – на прав пат води ги, отпадниците од верата отечка – пак врати ги, староста поткрепи ја, младите научи ги, младенците воспитај ги, и прослави ги оние кои Те слават, а особено Црквт на Синот Твој сочувај ја и сохра ни ја во долгоденствие.

О, милостива и премилостива Царице на небесата и земјата, Богородице приснодево, со Твоето застапништво помилувај го чесното воинство, и сите православни христијани, запазувајќи ги под покровот на милоста Твоја; заштити ги со Твојата чесна риза и моли Го Христа нашиот Бог, Кој бессемено од Тебе се воплоти, да нé препојаса одозгора со сила против нашите видливи и невидливи непријатели, против иноплениците и едноплемениците кои војуваат против нас и против нашата Православна вера. Спаси и помилуј ги, Господи, членовите на Светиот Синод на нашата Православна Црква, свештениците и даконите, и сиот православен народ кој се моли пред Твојата чесна икона; погледни кон сите нас со погледот на Твоето милостиво застапништво, подигни нé од гревовниот понор и просвети ни ги очите на срцето, за да го видиме спасението; моли Го Синот Твој, милости да биде кон нас, тука и на Страшниот Суд; слугите Твои кои се претставија во благочестие од овој во вечниот живот, со ангелите и архангелите, и со сите светии причисли ги да застанат оддесно на Синот Твој и Бог, и по молитвата Твоја направи да живеат со Христа, и да се насладуваат со ангелската радост во небесните живеалишта.

Зашто Ти си, Госпоѓо, слава на небесните и надеж на земните, Ти си надеж наша, и застапничка на сите кои кон Тебе притекнуваат, и кои ја просат светата помош Твоја. Ти си наша топла молителка кон Синот Твој и Бог наш; Твојата мајчинска молитва има голема моќ во молењето на Владиката; со Твоето претстателство пред престолот на благодатта да се осмелиме да пристапиме кон пресветите и животворни Негови Тајни, иако сме недостојни. Затоа гледајќи го на иконата сечесниот Твој образ и раката Твоја, која Го држи Седржителот, се радуваме ние грешните, и со умиление припадаји, со љубов ја целиваме, очекувајќи Господо, со светите Твои богопријатни молитви, да го достигнеме бесконечниот небесен живот, и непосрамено да застанеме на Денот на Судот оддесно на Синот Твој и нашиот Бог, славејќи Го Него заедно со безначалниот Отец и пресветиот, и благ, живототворен и единосушнтен Дух, во сите векови. Амин!

Посети:{moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная