Сама
До последно, залезно,
Сепак ме испраќаш
Кон мене погледнуваш
На друг ме предаваш.
Време мерливо
За мене непознато
Истекува пред твоите очи
Во него дали нешто ме кочи
Возвестува земјата
И гласот се предава на Небесата.
Ти ли си светило ноќно
Прва појава во квечерие,
Последна која се повлекува од небо
Символ за добро трпение.
Сонлива глава утрово
Погледна кон тебе радосно
Но сепак незнае за сигурно
Дали твое место е тажно.
Осаменост почувствував во плетиво
Кое околу тебе беше обвиткано
Облаци те опкружуваа
Иако очи мои низ отвор од игла те гледаа.
Дали твоја самотија
Е како самотија човекова
Или си царица на твоите сестри
Светила наречени ѕвезди.
Покрај се што оково виде
Правец си за морепловец вичен
Уште еден знак за патник загубен
Грижа Небесна за надеж ослабена.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго:
04- ти мај 2018 лето Господово
ПП