логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 (15.04.2012)


Христос нè удостои и оваа година да го празнуваме големиот и пресветол празник на Неговото божествено Воскресение. „Пасха, Господова Пасха”. „Пасха” значи „премин“. Човечкиот род доби благодат, благослов од Бога, да се искачи од земјата на небото, да премине преку времената смрт во бесмртниот живот.

Христос бескрајно многу нè помилува, се сожали на нас и се симна на земјата, за да нè издигне на небото. Светата Пасха ја празнуваме секоја година. Сите ја очекуваме со голем трепет, за да ја вкусиме онаа особена радост, да ја почувствуваме во душата светлината на божественото Воскресение, барем малку да вкусиме од бескрајната радост на небесната Пасха, да видиме малку светлина од онаа, која го осветлува идниот век, да почувствуваме малкуцка радост од вечната радост, што горе на небото ја вкусуваат душите кои се удостоиле со спасение и веќе ја празнуваат вечната Пасха – онаа Пасха која никогаш нема крај.

 

За да ја почувствуваме, да ја искусиме вистински Пасхата, за да ја видиме вистински светлината на божественото Воскресение, треба да ги очистиме своите чувства од секакво страстно движење; „очистим чувствија и узрим неприступним светом Воскресенија”, вели певецот. Ако нашето срце не е очистено, не е ослободено од одвратниот егоизам, од надменото расположение во душата, ако во нашето срце не се вселило Христовото смирение, тогаш нашите духовни очи не гледаат и нашето срце не ја чувствува светлината на Воскресението. Христос ни го покажа патот на очистувањето – „Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши.” (Матеј 11, 29). Ако не си ја смириме помислата, ако не ја приклониме главата и не поверуваме цврсто дека сме ништо, и ако секој од нас не мисли за себе дека е последниот, најгрешниот човек, оној, кој ќе отиде во адот, нема да можеме да ја искусиме онаа особена радост на светото Воскресние и да ја празнуваме таинствено и  неискажливо во нашите срца Христовата Пасха. „Секој горделив по срце е одвратен пред Господа“ (Изрек. 16, 5), „а на смирените им дава благодат“ (Јак. 4, 6). Бог ја слуша молитвата на смирениот. Особено срцето се очистува единствено преку смирение. Секоја добродетел, подвиг, присилување го имаат за цел очистувањето на срцето. А смирението е најефикасниот лек. Христос „ги приклони небесата и слезе“ (сп. Пс. 143, 5); слезе, се приклони, се смири, дојде кај нас како човек, а беше Богочовек – Бог и човек. Христос „ги приклони небесата и слезе”. Ние луѓето, и јас прв, не го веднеме својот врат пред Господ, не ја смируваме својата помисла. Жива е сè уште во нас гордоста. Се подвизуваме, за да му одолееме на тоа страшно расположение, и сепак, тогаш кога ќе помислиме дека имаме смирение, за кратко време чувствуваме дека гордоста пак ни се развива, бидејќи нешто сме почувствувале во молитвата, сме кажале нешто добро, нешто сме направиле – и ете, осилото на гордоста и славољубието нè боцка и нè тера да се дуеме дека нешто сме постигнале.

Некој брат бил нападнат од горделиви помисли. Отишол кај еден голем старец и му рекол: „Оче, чувствувам, дека во мене се развива горделивиот дух; се борам со него, но не можам да го победам. Што да сторам?“ Старецот му одговрил: „Чедо, ти ли си ги создал небото и земјата?“ – „Не, оче, чувај Боже!“ – „Оној, Кој ги создал небото и земјата, го создал духовниот свет на ангелите и небесното царство, Тој, Кој со Своето слово ја приведе сета Вселена, кажал дека е кроток и смирен, а ти, глината, земјата, грешниот, острастениот, се возгордуваш и си мислиш дека нешто правиш? Христос се наведна и ги изми нозете на Своите ученици, претрпе подбивање, хули и исмевање од толку народ и гол на крстот умре поради Својата љубов кон нас – Оној, Којшто можел со едно движење да врати сè во небитие; толку се смирил што не прозборел ниту збор, устата Своја не ја отворил, а ние луѓето креваме глава и веруваме дека сме нешто?“ Кога братот го чул ова мудро расудување, се смирил и се вратил во ќелијата, добивајќи голема полза.

Умот на човекот лесно се осквернува и лесно се очистува; срцето тешко се очистува и тешко се осквернува. Срцето е натоварено со корените на злобата – сите страсти се вкоренети во него. Затоа сите ние искусуваме болка, кога Бог, Кој го сака спасението на човекот и ја мрази смртта на човечката душа, се обидува понекогаш со духовна пинцета да ги фати еден по еден тие корени и да ги искорне, за да може срцето, ослбодено од состојбата на омраза, да ја почувствува воскресенската радост и да ја види со своите духовни очи светлината на божественото Воскресение. Искушенијата, тагите, непријатностите, кои нè снаоѓаат – било од страна на ѓаволот, било од нашите браќа, или од светот, кој го носиме во себе – сите тие се лекови, кои благиот Бог ни ги испраќа со промисла, за да си го повратиме загубеното духовно здравје. А духовното здравје е бестрастието, светоста, вистинското здравје – она кое ќе продолжи да постои и во идниот век.

Како ќе знаеме дали имаме егоизам? Кога некој брат ќе ти каже некој остар збор или кога старецот, духовниот отец, оној, кој е избран од Бога да те обучува да стекнеш бестрастие, ти упати прекор, ти даде опомена и ти осетиш во себе вознемиреност, неспокојство, потиштеност, збунетост, неспокојство, гнев – според силата на вознемиреноста можеш да го осознаеш степенот на егоизмот што го имаш. Кога е човек смирен, го прима лошиот збор, прекорот или опомената. Ако во себе нема сили да се зарадува дека се удостоил да го добие лекот или да осознае побрзо дека има егоизам, барем нека се подвизува за тоа.

Во славните години на процут на древното монаштво, скитските отци решиле да испитаат дали авва Мојсеј Мурин (етиопјанин) поседува смирение и кротост и во колкава мера. Еден ден, кога авва Мојсеј влегувал во олтарот, за да ја облече својата одежда (бидејќи бил удостоен со свештенство), тие му рекле: „Што бараш овде, бе еј, црн ѓуптину? Ти не си достен да влегуваш внатре. Ајде надвор!“. Авва Мојсеј замолчал и излегол од олтарот. По неколку дена го подложиле на уште едно испитување. Првиот пат тој премолчал, и го задушил во себе негодувањето. Вториот пат се осетил ослободен и дури и самиот се укорувал, велејќи: „Навистина сум црн – и по тело и по душа; не сум достоен за свештенство, не сум достоен да влегувам во олтарот. Имаат право отците“. Отците го чекале надвор и кога тој излегол, го запрашале: „Авво, зарем не се вознемири, кога ти го кажавме тоа и тоа“. – „Да, деца, првиот пат осетив вознемиреност и негодување, но ги задушив во себе. На вториот пат не осетив збунетост. Бог помогна и јас осетив совршено спокојство; се осудив себеси и видов дека сум точно онаков каков што ме нарековте“.

Отците велат дека во првиот случај имаме негневливост, а во вториот – кротост. Кога во вакви ситуации гледаме дека внатре во нас срцето и душата ни се бунтуваат, треба да знаеме дека имаме егоизам. И не само да знаеме, туку и да вложиме напор, со молитва кон Бога, за да се здобиеме со сила да се справиме со егоизмот, да го задушиме кревањето на гордоста, имајќи го за пример Самиот Христос – „поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце” (Матеј 11,29).

Секако треба да знаеме дека лека-полека во себе треба да видиме егоизам кога ни се упатуваат прекори и опомени, и да бидеме подготвени да се бориме, т.е. да се укоруваме себеси, да ја земаме вината на себе, да го оправдаме човекот што ни го упатил прекорот или обвинувањето и да Му благодариме на Бога, што ни ја дава можноста да се очистиме. Кога вака се подвизуваме, со Божјата благодат нашето срце постепено ќе се ослободува, корените на омразата ќе се искоренуваат и ќе стигнеме до состојба на духовно здравје, и ќе ги почувствуваме оние нешта, кои имаат врска со идниот век и тогаш ќе можеме да ја видиме светлината на божественото Воскресение. Таа светлина постои: „откако го видовме Христовото воскресение”. Го изговараме тоа, го исповедаме, но дали го чувствуваме? Дали го гледаме? Не. Јас барем, не. Кога ќе го видиме? Тогаш кога ќе се удостоиме да се очистиме.

Вооружени со молитва, да се подвизуваме против егоизмот. Молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме” нека не запира, по можност, дење и ноќе. Кога од телото отсуствува душата, тоа замирисува, црвосува, гние, станува жариште на зарази; и кога од душата отсуствува молитвата, со неа се случува истото.

Секогаш тоа да го имаме пред очи, како да го разбиеме, да го убиеме во себе тој ѕвер – егоизмот. И освен тоа, да се молиме, за да го замирисаме на слатко Божјиот храм – човечкото срце, душа и тело. Со тело и душа да го прославуваме Светиот Бог. Потребна е борба а првата и основна борба треба да ја водиме ние, постарите; ние треба да им даваме добар пример на останатите, за и тие да се подвизуваат, за да можеме сите заедно, целото братство, да се удостоиме да ја празнуваме во идниот век, во вечниот живот, во горниот Ерусалим, во непристапната светлина, вечно и непрекинато, Пасхата на нашето спасение; Пасхата, која нè удостои да се избавиме од адот. Но не само да се избавиме, туку и да живееме во безграничната Божја радост – онаму, каде што кружат и претстојат Ангелите и го воспеваат Троичниот Бог со славословија и химни во веки. Амин!

 

Текстот е од беседа во манастирот Филотеј, на Света Гора. Преводот е направен според аудио снимка; се публикува со извесни скратувања.

Старецот Ефрем – архимандрит Ефрем, проигумен Филотејски – е роден во 1928 г. Духовно чедо на големиот атонски подвижник од наше време, Јосиф Исихастот (+1959 г.). Како 19-годишен стапува во братството на старецот Јосиф во скитот на „Мала света Ана” и останува таму до неговата блажена смрт. Извесно време се подвизува сам, но наскоро кај него започнуваат да притекнуваат богољубиви души, кои бараат спасение во тихување и молитва. Кога братството на о. Ефрем се проширува, се преместуваат во ќелијата на „Св. Артемиј”, во централниот дел на Атон. Оттаму, во 1973 г., тој е поканет за игумен на Филотејскиот манастир, каде што во тоа време биле останати само неколкумина возрасни монаси. Понатаму, монасите од братството на о. Ефрем „обновуваат” уште 4 атонски обители – манастирите Каракал, Ксиропотам и Констамонит и скитот „Св. Андреј”.

Од почетокот на 80-те години на минатиот век старецот Ефрем започнува сериозна мисионерска дејност во САД и Канада, како резултат на што на Американскиот континент возникнуваат 20 православни манастири. Во 1990 г. се повлекува сосема од игуменското место во Филотеј. Моментално живее во најголемата обител создадена, со Божја помош, од него – лаврата „Св. Антониј” во Аризона, САД.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная