логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Mienje.nanozete.na.Hristos.jpg 

Во Името на отецот и Синот и Светиот Дух

Господ Исус Христос, Бог Словото, заради нас луѓето се воплоти и стана човек, потоа се крсти од Јована во Јордан и сакаше да ни ги отвори небесата и да ни ја отвори можността повторно да се вратиме онаму каде што човечкото достоинство припаѓаше, а тоа е во рајот со Господа. Во вечната заедница со блажениот и свет Бог. Затоа и Господ слезе на земјата за да ја проповеда својата спасителна наука.

Заради тоа Господ од Назарет премина во пределите Завилонски и Нефталимски кај што владеeла темнината на незнабожтвото, за да го потврди она што е напишано во Светото Писмо и поверуваат во Него: “Земјата Завулонова и замјата Нафталимова, по пат кон морето, отаде Јордан, е назнабожечка Галилеја. “Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и она оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина”.


Луѓето од Галилаја, и градот која подоцна ќе постане омиленото место за проповед на нашиот Господ и Спасител Исус Христос и  од каде ќе бидат повикани првите апостоли, во тоа време пребивале во непознавање на вистинскиот Бог и се заблудувале по лажните идоли. Поради тоа Господ со својата блага вест ја изли на нив светлината која води во живот вечен. Таа светлина е самиот Бог и словото Божјо, Евангелието, кое го проповедаше Богочовекот Исус Христос и кое сведочеше за Него како за Единствен Бог. Тоа слово Божјо и ден денес ни се проповеда во нашата света Православна Црква и ние треба да го слушаме и не само да го слушаме, туку и да го исполнуваме.

Сите кои им служат на своите страсти, а тоа се пред се, страста на себељубието изразена прку трите главни групи на страсти: сластољубието, среброљубието и славољубието и се заробени од нив и тие сеуште се наоѓаат во мрак и смртна сенка. Сите тие страсти стануваат наши идоли на кои им се поклонуваме и се главните пречки кои што едноставно го попречуваат нашиот однос кон Бог и го помрачуваат нашиот ум и срце за таа светлина да засветли внатре во нас за да можеме го видеме Господа и да наследиме живот вечен.

Божјите зборови се вечни и секогаш актуелни и зборовите “Покајте се зашто се приближи царството небесно” се актуелени и подеднакво важни и се однесуваат и за нас денес. Господ не вели покајте се и (веќе) го примивте царството небесно, како што некои така сакаат да мислат, туку вели: покајте се зашто се приближи царството небесно. Овде има еден акт, акција, движење, сеуште неостварена цел до крај. Не е доволно само површински формално да се покаеме, туку и да дадеме плодови на покајанието.

Тоа значи дека, вистина Царството Божјо е дојдено, Христос го објави, но ние самите треба да се потрудиме и погрижиме да го прифатиме и примиме. Него го примаме самом преку покајание. Покајанието е единствениот начин на кој ние тоа царство небесно ќе го примиме. Покајанието значи преумување, односно промена на нашиот паднат и помрачен ум кој што седи во темнина и смртна сенка и кој што е помрачен од страстите и заблудите на овој свет и век и му служи на ѓаволот и на неговите паднатите демони на темнината, и свртување кон Бог и светлината на Евагелието. Покајанието значи цврста решеност, нашиот живот да си го смениме на добро.

Живеејки како блудниот син во земја туѓа, надвор од татковиот дом, се освестуваме дека одиме во погрешен правец, дека со тоа најпрво ја отфрламе милоста Божја, љубовта Божја а потоа и се лишуваме од вечното спасение и радоста во царството небесно и заради тоа, решаваме да си го смениме нашиот живот.   Се свртуваме од грешен во свет живот.

Таа проемена треба да биде суштинска, со сето наше битие не површинска или делумна. Колку нашето покајание е подлабоко и поквалитетно, толку и нашата промена постанува подлабока и нашиот живот поквалитетен. Не е потребно само да дојдеме пред попот, накратко да му се исповедаме или поточно другите да ги исповедаме, да ни прочита молитва, ќе се причестиме и потоа пак по старо, ништо суштински не променувајки во нашиот живот и сеуште во нашите срца носејки си ги истите старсти и тежини. Но целиот наш живот треба на Христа Бога да му го предадеме.

Тогаш целиот наш живот ќе стане добар. Ќе стане просветлен. Ќе имаме добри мисли, добри дела и на се ќе гледаме со светлина и љубов. Целиот наш живот ќе се претвори во светлина и радост. Тогаш актуелно и за нас дошол Христос и овие зборови Христови стануваат дејствителни и за нас. Тогаш и во нашите срца ќе се насели Божествената светлина и тогаш нашиот живот ќе се промени на добро.

Свети апостол Павле во посланието до Солунјаните пред малку не не поучуваше: Гледајте никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш барајте го доброто меѓу вас и за сите луѓе! Радувајте се секогаш, молете се постојано и благодарете за се, зашто тоа е Божја волја за вас во Христос Исус! Не гаснете го Духот, не презирајте ги пророштвата, туку испитувајте се, а држете се за доброто. Воздржувајте се од секој вид на зло! А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! (1 Сол, 5:15-22).

Ако радоста, благодарноста, молитвата и љубовата не се карактеризираат во нашиот живот тоа значи дека сеуште за нас не дошол Христос, сеуште сме ние во мрак и темнина и во смртна сенка и сеуште ни е затворено небото . Затоа светата Црква постојано потсетува: Покајте се зашто се приближи царството небесно. Да се покаеме затоа што навистина нема друг начин на спасение освен преку покајанието. Да одиме редовно на Црква, да имаме некаков телесен подвиг и молитва да имаме, ако немаме покајание сето тоа е само измама и прелест. А коклу е важно покајанието покажува фактот дека Господ Исус Христос на почетокот на својата проповед ги истакнува овие зборови, исто како што и св Јован Крстител пред него прв ги објави зборовите на покајанието и исто како што и светите апостоли при основањето на Црквата, на нивната прва проповед најнапред го  потенцираа покајанието како единствен начин и услов за нашето спасение, влез во Царствот Божјо и вечниот живот. Затоа покајте се зашто се приближи царството небесно.

Амин.

+++

 

Molitva.angeli.jpg

 Repent for the Kingdom of Heaven is near! – abbot Gavril

 

In the name of the Father, the Son and the Holy Spirit

 

Lord Jesus Christ, God the Word, for us people incarnated and became a man, then he was baptized by John at Jordan and wanted to open the heaven for us and to open the possibility for us to return where human dignity belonged, which is in heaven with the Lord. In eternal communion with the good and holy God. That is why the Lord descended on earth, to preach His teaching of salvation. That is why the Lord went from the land of Zabulon and the land of Naphtalim where the darkness of paganism ruled, in order to confirm what was written in the Scriptures and they would believe in Him:”The land of Zabulon and the land of Nephtalim, by the way of the sea, beyond Jordan, is Galilee of the Gentiles. “The people that sat in darkness saw a great light, especially to those that were sitting in a place of deadly shade, light shone.”

The people from Galilee, which will later become the favorite place for preaching of out Lord and Savior Jesus Christ, His city from which the first apostles will be summoned, abode in ignorance of the true God and were taken astray by the false idols. It was because of them that the Lord poured His Good News and the light that leads to eternal life. This light is God Himself and the Word of God, the Gospel, that the Godman Jesus Christ was preaching and which testified about Him as the Only God. This Word of God is still preached in our holy Orthodox Church and we need not only to listen to it, but also to fulfill it.

Everyone that serves their passions, above all the passion of self-love, expressed by the three main groups of passions: pleasure-indulgence, covetousness and vainglory and are captivated by them are still in darkness and in a deadly shade. All of these passions become our idols which we worship and are the main obstacles that disturb our relationship towards God and they darken our minds and hearts so the light cannot be lit inside us and we cannot see the Lord and inherit eternal life.

The words of God are eternal and always modern are the words “Repent for the Kingdom of Heaven is near“; these words are equally important to us as they refer to us today. The Lord does not say repent and (already) you have accepted the kingdom of heaven, as some wish to think, but He says repent for the Kingdom of Heaven is near. Here is an act, an action, movement, still not accomplished to its end. It is not enough for us to repent only formally, superficially, but we also need to give fruits of our repentance. This means that really the Kingdom of God has come, Christ announced it, but it is upon us to struggle and to be diligent and accept it. We accept it only by repentance. Repentance is the only way by which we acquire the kingdom of heaven.

Repentance means change of mind, i.e. change of our fallen and darkened mind that is sitting in a deadly shade and that is darkened by the passions and delusions of this world and serve to the devil and his fallen demons of the darkness, Repentance is turning towards God  and the light of the Gospels.

Repentance means firm decisiveness that we change our life to good.  Living like the prodigal son in a foreign land, outside our father’s home, we become aware that we are following the wrong direction,  that we discard first the love of God, and then we take from ourselves eternal salvation and the joy in the kingdom of heaven and so we decide to change our lives. We turn from sinful to holy life.

This change needs to be essential, with all of our being, not superficial or partial.  The deeper and more qualitative our repentance is, the deeper our change turns and the more qualitative our life becomes. It is not enough just to come before the priest, confess in short or, as often happens, to talk about the others, to have a prayer read, to take holy communion and then again the same old way of life, as no essential changes have taken place in our hearts and they still carry the same passions and burdens. But we need to give all our life to Christ the God. Then all our life will become good. It will become enlightened. We will have good thoughts, good deeds and will see everything with light and love. All our life will turn into light and joy. Then truly Christ has come to us and these words of Christ become active within us. Then in our hearts will come the divine light and then our life will turn to good.

The Holy Apostle  Paul in His Epistle to the Thessalonians taught us in today’s readings:
Make sure that nobody pays back wrong for wrong, but always strive to do what is good for each other and for everyone else. Rejoice always, pray continually, give thanks in all circumstances; for this is God’s will for you in Christ Jesus.
Do not quench the Spirit. Do not treat prophecies with contempt but test them all; hold on to what is good, reject every kind of evil. May God himself, the God of peace, sanctify you through and through. (1 Thess, 5:15-22)

If joy, thankfulness, prayer and love are not present in our lives it means that still for us Christ has not come, that we are still in the darkness and the deadly shade, and still the heaven is closed to us. That is why the Holy Church continually reminds us: Repent for the Kingdom of Heaven is near. Let us repent for there is no other way of salvation except by repentance. If we go to Church regularly, make some corporal effort, even prayer, but without repentance all of these are deceit and lie. And how much repentance is important is seen by the fact that Lord Jesus Christ in the beginning of his preaching highlights these words, in the same manner as St. John the Baptist before Him was the first to announce the words of repentance and in the same manner as the holy apostles when founding the Church, in their first preaching emphasized repentance as the only way and the only condition for our salvation, for entering the Kingdom of God and eternal life. Therefore repent for the kingdom of heaven is near.


Amen.

Извор: http://www.stprohor.org.au/repent-for-the-kingdom-of-heaven-is-near-abbot-gavril/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2627
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2428
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…