логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПЕДЕСЕТНИЦА
 
Јован 7, 37-52; 8, 12    Зачало 27
 
 
ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!
 
Возљубени христијани,
Кога Православната Црква празнува некој настан од животот на нашиот Господ Исус Христос, тоа не е обично споменување или сеќавање на настанот. Црквата повторно го живее и доживува секој настан од свештената историја, за да можеме и ние денес да го доживееме лично. На таков начин, Црквата секој настан од минатото го донесува во сегашноста, па така, сите ние се чувствуваме како да сме биле таму и како лично да сме учествувале во секоја радост на Црквата.
Во денот на светата Педесетница си спомнуваме за свештениот настан, кога Светиот Дух, во вид на огнени јазици, слегол врз апостолите.
Светиот Дух слегол врз апостолите не само за да ги воодушеви и охрабри за еден беспримерен подвиг во историјата на Црквата, туку и за да остане во Хрис¬то¬ва¬та Црква до крајот на светот. И колку многу тоа е утешително и радосно за сите нас.
Апостолите примиле право и власт не само да им ги раздаваат даровите на Светиот Дух на верните, туку и да им го предаваат тоа право на своите преемници - епископите и свештениците. Секој од нас, грешните и немоќни свештенослужители на Православната Црква, по преемството од светите апостоли, преку Тајната на Свештенството ја примил власта да им ги раздава на верните благодатните дарови на Светиот Дух. Секој од нас, преку светата Тајна Крштение, го примил првиот дар на Светиот Дух, кога тука, во Црквата, сме биле донесени во рацете на нашите кумови. А во текот на нашиот живот сите ние растеме токму преку даровите на Светиот Дух, кои ги примаме преку светите Тајни на Црквата и преку светите обреди и молитвословија. Затоа, треба да знаеме дека особените дарови на Светиот Дух се неопходни за духовниот раст во нашиот живот.
Како што дрвото расте и дава плодови само тогаш, кога се обезбедени сите надворешни услови за такво нешто, така и душата на секој од нас зрее за живот вечен само тогаш, кога ја оросува благодатниот дожд на Светиот Дух. Како право¬слав¬ни, потребно е целиот живот да го поминеме под тој небесен дожд, онака, како што Црквата во една песна пее: ,,Преку Светиот Дух секоја душа оживува<. Без таа благодатна помош на Светиот Дух ние не можеме да се спасиме за вечноста. Светиот Дух е наш божествен сопатник во текот на целиот наш земен живот, наш заштитник и чувар.
Колку е голема таа сила на Светиот Дух, драги браќа и сестри, која не знае за граници и прегради. Таа сила ја раѓа верата во срцето на човекот, ја преродува човечката душа, ги поттикнува големите подвижници на христијанството и го води секој од нас по патот на вечното спасение.
Денот на слегувањето на Светиот Дух н# потстетува и на првата апостолска проповед. Неа ја изговорил апостол Петар пред многуилјаден народ. Од книгата на Делата на Апостолите ние дознаваме како реагирал народот на проповедта: се восхитувал, воздивнувал, плачел и поттикнат од неа, околу три илјади луѓе примиле Крштение и постанале првото семе на Христовата Црква. Ете тоа е манифестирање на силата на Светиот Дух преку проповедта на Словото Божјо. Нам ни се познати и подоцнежните резултати од силата на апостолската проповед и како ,,с# повеќе се зголемуваа оние, што веруваа во Господа, мноштво луѓе и жени< (Дела 5, 14). А да не заборавиме дека апостолската проповед наишла и на бројни препреки. Целиот јазичнички и јудејски свет се спротивставувале на таа проповед, а ним им се придружиле убедувањата на античките философи, провокаторите и крвавите гонители и џелати на проповедниците на христијанството. Но, колку и да била задушувана проповедта, колку и да биле гонети и убивани проповедниците, сепак, Црквата чудесно се ширела и растела само преку проповедта на Словото Божјо.  За таквото дејство на проповедта учи и свети апостол Павле, кога вели: ,,Верата доаѓа од слушање, а слушањето - од словото Божјо< (Рим. 10, 17).
Силата на Светиот Дух не се манифестирала само преку проповедта на светите апостоли, туку и во проповедта на нивните преемници. Само да се потсетиме колку била моќна проповедта на големиот учител на Црквата - свети Јоавн Златоуст, кој, кога проповедал, го замирал животот во градот, а луѓето од сите установи, децата од училиштата, како и дојденците по пазарите трчале во храмот за да го слушнат златоустиот проповедник. А зарем е потребно да се потсетуваме колку многу луѓе тој ги присоединил со Христа преку својата проповед.
Светиот Дух, драги христијани, ги преродува човечките души. Прв пример за тоа ни се светите апостоли. Во денот на слегувањето на Светиот Дух тие постанале сосема поинакви: од плашливци и колебливци тие постанале огнени, убедени и бестрашни проповедници на словото Божјо. Тие знаеле дека сега ќе одат во средба со мачителите, ќе одат по затвори и ќе бидат предавани на убивање, па сепак, нив ништо не можело да ги запре во подвигот.
Таа сила на Светиот Дух која преродува, се манифестирала и низ двеилјади¬годиш¬ната историја на Црквата. Таа благодатна сила ја издигнала на пиедесталот на светоста и преподобната Марија Египетска, од чии подвизи останале без зборови и нејзините современици, но и денешните христијани. Таа сила ја преродила и блудницата Евдокија, која откако ја слушнала молитвата на светиот подвижник, го напуштила патот на блудот и тргнала по патот кон Христа, кој води до небото.
Светиот Дух е секогаш жив и дејствителен. И денес многумина од нас можат да бидат сведоци, кога под влијание на Словото Божјо и проповедта, многумина од развратни постануваат воздржливи, од груби - кротки, од бесчувствителни и жестоки - сострадателни и попустливи. Светиот Дух ја издигнува нашата падната природа, ја преродува и во нас оформува нов човек, ,,создаден според Бога во правда и светост во вистината< (Ефес. 4, 24).
Православната Црква го нарекува Светиот Дух - Просветител, зашто преку Него ни се подаваат вистините на верата, преку кои се просветува нашиот ум и се загрева нашето срце.
Светиот Дух е и наш Осветител, зашто преку Неговите благодатни дарови се осветува нашата душа. Светиот Дух преку сите сили ни го соопштува новиот стремеж кон Бога, доброто и светоста, му дава на човекот духовна крепост и сила и н# очистува од гревот и нечистотијата.
Светиот Дух е и наш Утешител, зашто во Него се наоѓа изворот на утеха за сите наши несреќи и искушенија. Он ги посетува нашите души во моментите на нашето срдечно каење за гревовите и ја оживува во нас надежта на Божјата милосрдност.
Ако веќе сме сфатиле колку многу е неопходна благодатта на Светиот Дух за нас, ако веќе знаеме дека без неа не можеме да го пронајдеме патот до вечниот живот, ниту можеме да се очистиме од нашите гревови, тогаш, наша должност е во постојана молитва да ги бараме Неговите изобилни дарови. Затоа, како православни христијани, треба да веруваме дека преку силата на Светиот Дух се извршува нашето вечно спасение. Според зборовите на апостол Павле, ние сме ,,храм на Светиот Дух< (1. Кор. 6, 19). А тоа е висока чест и достоинство за нас, со која н# удостоил нашиот Небесен Отец. Но, ние ќе бидеме храмови на Светиот Дух само тогаш, кога за тоа ќе бидеме достојни, кога во нашето срце нема да има гревовна кал, нема да има рамнодушност кон делото на спасението, нема да има слабеење на верата, зашто во една таква состојба Светиот Дух не може да остане во нашите срца.
Затоа, возљубени браќа и сестри, да го бараме најнапред Царството на Бога и кон него да тежнееме со сета душа, плашејќи се да не ја загубиме во себе радоста од благодатта на Светиот Дух. А таа благодат и денес н# исполнува со истите плодови, со кои биле исполнети и апостолите на денот на Педесетница, а тие плодови се: љубовта, мирот, радоста, долготрпеливоста, добрината, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста... Светиот Дух и денес доаѓа како свежа вода врз исушената човечка душа. Затоа, да се потрудиме Светиот Дух да пребива нераскинливо во секој од нас, укрепувајќи н# и утешувајќи н# по патот кој води до нашата небесна Татковина. Амин!
 
 
 
протоереј Златко Ангелески
парохиски свештеник
при црквата ,,Свето Благовештение<
Прилеп



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная