логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БРАТОЉУБИЕТО ОД КАПЕРНАУМ
(Мт. 9, 1-8; Мк. 2, 1-12; Лк. 5, 18-26)


Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе и кон нашите ближни. Саможивоста стана философија на нашето време. И токму во такваатмосфера се среќаваме со евангелскиот настан, исцелението на (фатениот) болниот воКапернаум. Восхитувачка грижа и милосрдие на четворицата пријатели кои на постела го носат својот ближен во Капернаум, за да го претстават пред Господа, да го положат пре Неговите нозе и да испросат исцеление за него. Тоа е подвиг на големо човекољубие и колку настанот и да делува секојдневен, тој сепак не е таков. Поучувајќи се од него треба да се разбудиме од унинието (мртвилото) на бесчувствителноста и самољубието. Го гледам ли ближниот покрај себе? Ја забележувам ли неговата болка? Какво бреме го притиска неговото срце? Зашто, не е доволно само да сочувствуваме со тагата на луѓето што нé опкружуваат, со нивната болка, со нивната несреќа, потребно е да учествуваме во сето тоа лично. Да ја понесеме тежината на тој крст, како што и Господ ја носи нашата тежина на своите плеќи. Да учествуваме на тој начин што делотворно ќе им помагаме, онака како што овие луѓе се потрудија за својот болен пријател. Тие најпрвин веруваа дека Христос е вистинскиот Лекар и дека трудот не е залуден. И не само што веруваа, туку и кога видоа дека не можат да го донесат пред Господа, тие не се откажаа од идејата да му помогнат на својот брат, та дури направија и дополнителен напор, потфат кој ја потврдува уште повеќе нивната решеност и ја отпокрија куќата и низ кровот го спуштија братот свој пред нозете Христови, имајќи, пак ќе речеме, цврста вера дека Господ при Кого го носат болниот е навистина Оној што може да даде оздравување.

Тие многу се потрудија и ни дадоа образец на вистински труд на братољубие, та и не само тоа, туку кога Господ ја виде, се вели во евангелското четиво, верата нивна, по таа вера и поради нивните милосрдни настојувања, му ги прости гревовите на овој несреќен човек и го изврши чудото на исцеление. начи не само по личната вера на оној што  во неволја, туку и според верата на оние што му омагаат, а и според делата кои произлегуваат од аа вера, Господ им помага на луѓето. Затоа гледувајќи се на примерот на овие вистински човекољубиви луѓе, треба постојано да имаме  aтивен однос кон доброчинството, а тоа значи и о чувствата, и со вољата, и со верата, и со внима ието на умот, и со молитвата, и со делата, со сé, а Му послужиме на Бога преку нашите ближни.Зашто помагајќи им ним, ние всушност на Бога у принесуваме угодна жртва. Жртва на илосрдие. Тоа, конечно, ни ја открива и смислата а молитвата. Личната молитва. Молитвата за ашите ближни. Потоа молитвата за нашите окојни, преставени во Господа. Молитвата засите луѓе на светот. За оние страдалници за кои ни јавуваат медиумите и кои лично не ги ознаваме. Но сите тие се сродници Христови. За ите Господ се распна Себеси и за сите воскресна.
И сите нé сроди преку Своето воскресенеие.
Фатениот од чудото во Капернаум го доживуваме како голем страдалник. Човек не може, а да не сочувствува со него. Тој е образец на огревовениот човек воопшто, човекот како наследник на плодовите од прародителскиот пад.Неговите гревови, неговите слабости и состојбата во којашто беше западнал, самите сведочат за тоа.Меѓутоа Господ му вели: Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои! Со колкава љубов Спасителот ни ја открива големата вистина за нашето непрестано страдание? Господ, Кој постојано го промислува нашето спасение на овој човек Му подари добри пријатели, кои знаеја да му изберат добар лекар. Лекар што го знае коренот на сета наша несреќа. Божествен Лекар Кој и преку ова исцеление ни покажува дека гревот е почеток и причина на секоја болест. Дека секој грев е болест во својата суштина. Но исто така Тој ни покажа дека не постои грев што не може да се прости низ покајание, не постои болест што не може да се излекува низ послушание, а вистинскиот Лекар и вистинскиот Лек е секогаш и во сé Господ Исус Христос. Господ Кој (ни) заповеда: Стани, земи си ја постелата и оди си дома! Стани, исправи се од грешниот пат; земи ја постелата своја, земи го крстот свој; и оди си дома,зачекори кон Царството Небесно!!!

Ослободувајќи се, лекувајќи се од гревовите преку духовните лекарства, преку Светите Тајни што Бог ни ги даде во Црквата, ние всушност се ослободуваме од сите несреќи, слабости и немоќи на богозаборавниот и човекозаборавниот живот, искитен со сиот гнас што се нафатил на нашата природа од Каина до денес. Преку Тајната на Покајанието, преку Постот, преку Молитвата, преку редовната заедница во телото и крвта Господови - преку Светата Причест, преку исполнувањето на секоја Божја правда, ние го стекнуваме пријателството со Господа на патот кон спасението. И тогаш сме посилни не само за себе, посилни сме и за помош на нашите ближни, со благочестивата вера што нé зацврстува и со решеноста било каква пречка да стои пред нас кога станува збор за помош на нашите ближни, секогаш и во сé да бидеме ревнители во љубовта Божја, и не само за луѓето, туку и за секое создание и секоја твар што Бог ја украсил со својата неповторливост. Тогаш не постои напразен труд, тогаш љубовта е совршена и не го бара своето, туку она што на Бога Му е угодно.


Она што го избираме во животот, тоа е дар од Бога. И кога нешто одбиваме и одминуваме и тоа е Божји дар. Кога даваме, велиме - од себе, од своето, даваме од она што ни е дарувано. Пред сé љубов. Значи, и кога даваме и кога примаме ние, всушност, сме дарувани.

 

 (Продолжува)

Друго:

 

 Promocija.Kaskadi.jpg

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ

 Promocija.Kaskadi.jpg

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная