логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„Светите Отци на Црквата забележале и опишале три вида на односи кои човек може да ги има со Бог: робовски, наемнички и синовски.

Стравот е основен двигател на робовскиот однос. Човекот се плаши  да не биде казнет со болест, со некоја несреќа или со смрт, заради неисполнување на одредени религиозни обврски. Што е најлошо, се плаши дека ќе биде казнет од самиот Бог.

Интересот е основниот двигател на наемничкиот, односно трговскиот однос. Човекот смета дека со исполнувањето на одредени религиозни обврски, за возврат, ќе добие од Бог здравје, успех во животот и материјални блага, а на крај, после заситувањето од животот, и спасение во Рајот.

Љубовта е единствената причина на подвигот на градење на синовски однос со Бог. Децата Божји го бараат Него, својот небесен Отец, и ништо друго. Добивањето на некои од даровите Божји, без оглед дали небесни или земни, го оставаат на Неговата света промисла за нивно спасение; и толку. Ставот на децата Божји кон својот небесен Отец е став на благодарност, на давање и на себепринесување, без притоа да очекуваат нешто за возврат. Тие, барајќи Го само Него, уште во овој живот ја живеат тајната на она: сè Мое е твое...

Како што сум ви рекол и другпат, ние во Црква не влегуваме заради здравје, заради успех во работата или заради власт и пари, па дури ни заради спасение – туку заради Него. Затоа што секогаш кога во Црква одиме заради нешто (па било да е тоа и спасение), а не заради Него, и секогаш кога во Црква бараме нешто (па макар и спасение), а не Него – ние всушност градиме со Бога наемнички, а не слободен, љубовен и синовски (личносен) однос.

Оној што живее како дете Божјо, дури и во болеста, дури и во која било несреќа, па дури и во самата смрт ја гледа и препознава единствено љубовта Божја кон себе. Колку е пострашно тоа што го доживува, толку поголема љубов препознава. Смртта не е за него тежок оков на стравот што врзува за земното, туку посакуван премин на слободата кон Бог. Не се штедат ни телото ни душата во тој љубовен двиг. На овој начин функционира детето Божјо иако тоа сигурно им изгледа чудно па дури и лудо на робовите и наемниците.

Ако ги погледнеме случувањата од оваа перспектива мислам дека веднаш станува јасен одговорот на прашањето: Зошто некој толку побожен и добар загинува толку млад и толку трагично? Прераната смрт на добриот, барем за мене, е само сведоштво на неговиот длабок, личносен и синовски однос со Бог. Сведоштво за неговиот копнеж. Сведоштво за тоа: не што, туку Кого тој барал...

Според светите Отци, долгиот живот на грешниот е дарувано време за предвидено покајание или оставен простор за предвиден добар изданок од неговото поколение.

Друго е прашањето: Зошто токму сега и зошто токму на тој начин некој умира? Времето и начинот на нашата смрт се прашање на Божјата проценка или промисла: кога е тоа најдобро да се случи за нашето спасение, восовршување и осветување; како и, кога е тоа најдобро да се случи за спасение, восовршување и осветување на нашите ближни.

Впрочем, ние не може сè да знаеме, ниту пак тоа ни е од корист, но можеме и сакаме во сè да ѝ се покоруваме на Божјата волја, и тоа е доста за нас. Ние не сме судии Божји, ние сме деца Божји...

Монахот е дете Божјо. Монахот е повикан да објави дека овој свет и неговиот облик поминуваат. Дека ќе има воскресение на мртвите, во тело. Дека ќе се случат нова земја и ново небо. Дека на крај љубовта ќе остане. Дека на крај личноста, во заедница, ќе остане. Дека ќе се воспостават нови односи според икона и подобие на Света Троица. Дека ќе живееме во место светло... каде што нема да има ниту тага, ниту болка, ниту воздишка, туку живот бесконечен... Монахот објавува дека сето ова уште не се случило, но и дека веќе се случува...

Монахот е сведок на смртта за овој свет, но и сведок на животот за Бог, во Христос Исус, нашиот Господ. Монахот умира за светот кога физички се одвојува од него. Монахот умира за светот и кога внатре во себе се ослободува од ропството на своите страсти. Но монахот потполно умира за светот кога молитвено ќе го закопа и кога постојано ќе се труди молитвено да го задржи својот ум во своето срце, чекајќи го таму дарот на Христовото воскресение, чекајќи ја таму светлината на невечерниот ден на царството на Отецот и Синот и Светиот Дух.“

 

(според записот на сестрите од манастирот)

 (24.10.2007)


 Today, in the evening, Metropolitan Nahum of Strumica held a synaxis at Vodoča monastery of the Protection of the Most Holy Theotokos.

 

            “Holy Church Fathers observed and described three kinds of relationship that man can have with God, those are: slave’s, hired servant’s, and son’s.

            Fear is the prime mover of the slave’s relationship. A man is afraid not to be punished with illness, with some misfortune or with death, and this because he has not performed certain religious duties. What is worst, he is afraid he will be punished by God Himself.

            Interest is the prime mover of the hired servant’s i.e. trade relationship. A man reckons that by performance of certain religious duties, in return, he will get from God health, success in life and material goods, and eventually, following the satiation with life, salvation in Paradise, too.

            Love is the sole reason for the struggle for building a son’s relationship with God. God’s children seek Him, their Heavenly Father, and nothing else. The receiving of some of God’s gifts, regardless of whether these be heavenly or earthly, they live to His holy providence for their salvation; and that’s it. The attitude of God’s children to their Heavenly Father is one of thanksgiving, of giving and self-offering, without expecting anything in return at that. They, seeking only Him, already in this life live the mystery of that: all Mine is yours…

            As I have told you before, we do not become part of the Church because of health, because of success in our work or because of power and money, not even because of salvation – but because of Him. For, whenever we go to Church because of something (be it even salvation), rather than because of Him, and whenever we seek in the Church something else (be it even salvation), and not Him – we are in fact building with God a hired servant’s relationship, instead of a free, loving, and son’s (personal) one.

            He who lives as a child of God, even in the illness, even in any misfortune, and even in death itself sees and recognizes only God’s love to him. The more terrible is what he is undergoing, the greater love does he recognize. Death to him is not a heavy bond of fear that bounds to the earthly, but a desired transition of freedom towards God. Neither body nor soul is spared in this move of love. This is the way in which God’s child functions, although this must certainly seem strange and even insane to slaves and hired servants.

            If we take a look at the events from this perspective, I think that immediately we will get the clear answer to the question: Why does someone so pious and good die so young and so tragically? The too early death of the good one, at least to me, is only a witness to his deep, personal, and son’s relationship with God; a witness to his yearning; a witness to that: not what, but Whom did he seek…

            According to the Holy Fathers, the sinner’s long life is a granted time for the foreseen repentance or space left for the foreseen good offspring from his lineage.

            It is another question: Why exactly now and why exactly in that way does someone die? The time and manner of our death are a matter of God’s estimation or providence: when it is the best for it to happen for our salvation, perfection, and sanctification; and also, when it is the best for it to happen for the salvation, perfection, and sanctification of our fellowmen.

            As a matter of fact, we cannot possibly know everything, nor is it of any use to us, but we can and we desire to submit in everything to God’s will, and that is enough for us. We are not God’s judges, we are God’s children…

            The monk is a child of God. The monk is called to proclaim that this world and its form are passing away; that there will be resurrection of the dead, in body; that a new earth and new heaven will come to pass; that in the end love will remain; that in the end the person, in communion, will remain; that there will be new relationships established by the image and likeness of the Holy Trinity; that we will live in a place of brightness… where there will be no suffering, sorrow, and sighing, but live eternal… The monk proclaims that all this has not yet happened, but also that it is already happening…

            The monk is a witness of the death to this world, yet also a witness of the life for God, in Christ Jesus, our Lord. The monk dies to the world when he physically detaches himself from it. The monk dies to the world also when inside him he gets free from the bondage to his passions. However, the monk completely dies to the world when he prayerfully buries his mind and when he constantly tries to keep his mind in prayer inside his heart, waiting there for the gift of Christ’s resurrection, waiting there for the light of the Day without evening in the kingdom of the Father and of the Son and of the Holy Spirit.”

 

(as recorded by the monastery sisterhood) 


 

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная