Monika Nikolova
·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...
Коментар на денешното евангелско четиво:
"Неверојатно точен опис на црковната состојба денес, напишан пред речиси две илјади години. Народ оставен сам на себе, подложен на демонско влијание, страда и очајно бара помош од свештенството, кое и самото неспремно – не може да му помогне: „Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа”.
Богочовекот Христос се смилува и го излекува детето: „Одговори Исус и рече: ,О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го синот твој тука!' И додека тој уште приоѓаше, бесот го кутна и почна да го крши. Но Исус му заповеда на нечистиот дух, и го излекува момчето, и го предаде на татка му“. Но, гледате ли, покрај доброто што им го чини, на каков навидум груб начин им се обраќа на луѓето? И нив да ги освести во какво неверие живеат, а истовремено и да ги оправда Своите ученици.
Сепак, Неговите зборови индиректно се насочени кон Неговите ученици, како и кон денешното свештенство. Делувањето на демоните денес е многу, многу посуптилно и поопасно отколку во тоа време. Просторот и условите за таквото делување им го овозможува развојот на денешната цивилизација — која преку комфорот што го нуди нѐ раслабува сите нас телесно, додека преку модерните средства на комуникација дејствува разорно врз нашата свест и потсвест, како и врз нашите меѓусебни односи.
Демони не можат да изгонуваат во секој поглед раслабени луѓе. Демони може да изгонува од другите само оној што претходно го очистил своето срце од страстите и со нив поврзаните демони од таму. И, ако забележавте, демонот покажува најмногу сила пред да биде изгонет. Познато..."