логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

A.Nestorovski.Tri.erars

НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН / СВЕТИ ТРИ ЕРАРСИ 12/02/2023 ЛЕТО ГОСПОДОВО

"Татко, згрешив против небото и пред тебе,
и не сум достоен да се наречам твој син!"


Браќа и сестри во Христа!

             Доколку Христос, претходната недела не поучи и повика на смирение, преку параболата за митарот и фарисејот. Дотолку преку денешната парабола за блудниот син, Христос не поучува и повикува, искрено да му се обратиме, онака татковски, како што блудникот од денешната парабола, му се обраќа на својот татко. Со покаен плач да ги исповедаме своите гревови, искрено да се покаеме и да се вратиме кон Христовото послушание. Бидејќи, ако и претходно му бевме послушни на Христа, на неговото учење, на неговите заповеди, денес немаше да говориме за блудничењето во секоја свера од нашите секојдневни животи, на нас  современите христијани, за тоа како сме насочени кон изнаоѓање на нов блуд, помодерен да бил од претходниот, за да би биле поинтересни од другите, притоа  заборавајќи си ги соспствените деца и нивното отуѓување од Бога Творецот.

             Зашто е битно послушанието? Па да останеа до крај послушни и нашите родители кон Бога, за нејадењето од дрвото за спознавање на доброто и злото, или ако не ја прекршија единствената запоаед кој ја имаа, или пак единствениот пост кој им го даде Творецот во рајот, за испит на нивното послушание и нивната љубов кон Него, и ние денес ќе зборувавме и ќе живеевме во рајот. Губејќи го рајот тие се одалечија од Бог. Одалечувајќи се од Бога, ете ти ги блудствата, им се редеа едно по друrо: rорделивост, завист, убиство уште пострашно дабиде, бидна братоубиството. Но Таткото наш, не ги остави нашите предци, ни тогаш, па така не нѐ остава, и нас денес. Тој и понатаму не љуби, се грижи за нас,- со истата онаа љубов по која и не создаде. Па затоа и како и секогаш и денес ја имаме .светата тајна,_исповед. Тајна восатновена од Бога, за сите оние кои ќе се освестат од блудството на овој  свет, и посакаат очистени од сите нечистотии да  се вратат во прегратките на својот Татко - Бог Св. Троица тaкa и низ времињата па и денес, послушанието ни малку го нема изгубено своето значење.

             Имено ако ние сме nослушни на Бога, не само што ние ќе се спасиме, туку и нашите деца ќе ги водиме и воспитуваме во духот на Божјите заповеди. Ако пак тие наши деца, се послушни на својот татко и мајка, уште од мали нозе ќе ги спознаат вистинските  вредности на животот, а пред се ќе го спознаат Боrа, Таткото над татковците. Понатаму и низ животот, ако се послушни на учителите ќе станат одлични ученици, а преку тоа и успешни личности, и на крајот од овој земен пат ќе ја добијат и вистинската наrрада Вечниот живот во Царството. Божјо, за што и сме создадени. Затоа и сите светии како со збор така и со дела, постојано ни  укажуваат на послушанието како пат кон спасението, светиот Варсануфиј    оптински ни вели: најсигурниот, наједоставниот и најбрзиот пат до спасението води низ послушанието. Послушанието ги надминува сите физички сили на човекот, но Господ е Тој, Кој noмaгa. Послушанието е компас, за секој монах, но и за секој христијанин... колку повеќе сме трудољубиви во послушанието, толку повеќе наликvваме на ... Христос. Тој ни дал вистинска мерка во послушанието, а тоа е послушност до смрт.
                 Понатаму Преподобен Силуан Светогорец вели: Послушниот човек е голем пред Бога. Тој е сличен на Христос, Кој ни Се дал Себеси за пример во послушанието. Господ ја љуби послушната душа и ѝ го дава Својот Мир. Тогаш ѝ е убаво и кон сите чувствува  љубов. Послушниот човек  целата своја  надеж ја полага на Бога и затоа неговата душа пребива во Него.  Господ му ја дава ...
                      Својата благодат, Тој неговата душа ја учи на секое добро и ѝ дава сила да       
истрае во доброто. Човекот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух која го чува од гревот. Тој и во светот лесно Му се моли на Бога. Нашиот живот е прост, но мудар. Божјата Мајка му рекла на  преподобниот Серафим: "Научи ги своите монахињи на послушание. Тие кои ќе. ги зачуваат послушноста и смирението ќе бидат со тебе и блиску до мене". Но, мудроста треба да се учи преку опит. Таа од Бога се добива за послушност. Господ ја сака послушната душа, а штом ја сака ќе ѝ даде сѐ за што таа ќе Го замоли. Господ и денес како и порано ги слуша нашите молитви и ги исполнува нашите молби.
Послушниот пак човек, е свесен за своите престапи, тој е свесен дека никој не е  безгрешен освен Бог: За жал постојат само луѓе, кои се кајат и луѓе кои не се кајат. Затоа, здраворазумниот човек и најмалиот грев го измива преку Исповедта по патот на покајние.
           Со воплотувањето на Божјиот Син светлината на Божествената љубов дојде и во нашиот овоземен свет, просветлувајќи го секое човечко битие во него. Денес, меѓу другото го чествуваме и споменот на трите светила на православието: светите Ерарси Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Прославувајќи ги нив, ние, пред сѐ го прославуваме самиот Бог кој заради нас луѓето и заради нашето спасение стана човек и со својата светлина го •осветува, секој човек. Во евангелието за нив се вели: Вие сте светлината на светот..., зборови кои се поистоветуваат со зборовите од Господовата молитва "да се свети името Твое" одноносно светоста Божја треба да засветли како незгасливо светлосјајно светило во сите нас Христови чеда.
             Како што, според зборовите на апостол Павле, Христос е ист и денес, и утре и во векqви. Така и благодатното учење на овие Свети Ерарси е исто засекогаш; зашто никогаш не старее и никогаш не губи од својата современост. Продолжувајќи го и пренесувајќи го Христовото учење, тие настојувале своите современици, но и сите нас, да не ослободат од своите стари предубедувања и предрасуди исклучиво со силата на својата вера и својот Дух. Православието е духовна наука, чија цел не е. да ги открива тајните на природата, туку да му помогне на .човекот: во неговото секојдневие, односно во мирните и спокојни мигови'  но' и во• бурните  несекојдн'евни,  нечовечни услови,  кои  и  денес  ги живееме, да .б• иде способен да ја разликува вистината од лагата, духовното од материјалното и спасението од вечната пропаст. Она што за овоземниот човек е крај, истото тоа, за верниот човек е само премин од една етапа во друга етапа од неговиот животен пат, кој води подалеку од мртовечката постела и гробот. Тоа е пат невидлив за телесните очи, но не и за очите на духот и верата. Затоа, секогаш треба да паметиме дека, убавината на телото не може да ја надживее својата смрт, без разлика колку таа би била трагична. А за разлика од неа, духовната убавина ја надживува смртта на телото. Смртта не е несовладлива, истакнуваат светите три ерарси во својата наука, но таа не се совладува на материјален начин и со помош на разумот, туку со благодатни средства и оружје, кое ни го дава  лично Бог. Тоа е верата во Неговото воскресение. До вистинската вечност, се  стигнува  со  молитвениот  подвиг, потполно  живеејќи според  Божјите  заповеди  и  според  науката  која  ни  ја предале светите Отци.
           Православната Црква низ целата историја била и останува да биде носител на Вистината Христова. За тоа свети Јован Златоуст за Црквата, ни го кажува следното: .,Не гледај само на тоа што Црквата се наоѓа на земјата, туку, пред се, што таа живее на небото. Од каде се гледа тоа?... Имаше борба против апостолите и целата вселена војуваше против нив, но победија оние, против кои се војуваше... овците ги победија волците. Имате ли видено пастир, кој ги испраќа своите овци меѓу волците? Кој пастир го прави тоа? Но, Христос тоа го направи, за да ни покаже дека овие дела не се вршат од небото... Полесно  сонцето да изгасне, отколку да се уништи Црквата... Зошто Господ ја основал Црква да биде поцврста од н бото? Зашто Црквата е поскапоцена од небото... Небото е создадено за Црквата, а не Црквата заради небото. Небото е создадено за човекот, а не човекот заради небото. Не оддалечувај се од Црквата, зашто нема ништо посилно од Црквата. Твојата надеж е Црквата, твоето сnасение е Црквата, твоето засолниште е Црквата. Таа е повисока од небото и поширока од земјата.  Таа никогаш не старее, туку секогаш расцутува....".

Затоа за секогаш да запамтиме, дека надвор од Црквата нема спасение, нема живот вечен. Ако војуваме против човек, или сме победници или поразени; но ако војуваме против Црквата, тогаш сме само губитници, зашто Бог е посилен од сите. Амин!

 Отец Александар Несторовски

12.02.2023 лето Господово

Други:)

Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (12.02.2023)

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная