логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer627

Митрополит Струмички Наум     

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 16:58)


Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.

Кога човекот преку аскетски подвиг ќе го очисти своето срце од страстите (славољубие, среброљубие и сластољубие), тогаш во него ќе го открие Царството Небесно, т.е. благодатта Божја, којашто сме ја примиле преку Светата Тајна Крштение. Потоа, божествената благодат ги преобразува целиот наш духовен живот и постоење: вообичаената молитва добива друг квалитет – станува умно-срдечна, умот се просветлува, а внатрешната борба со демонските страсти значително ослабува.

Ако процесот на преобразување го достигне степенот на обожение и на душата и на телото, тогаш човекот со своите преобразени телесни очи ќе може да ја види несоздадената божествена енергија како светлина која на сè создадено соодветно му дава постоење, живот и словесност, односно како несоздадена светлина која на човекот му дава битие, благобитие и вечно благобитие.

            Значи, сè е кажано во аскетско-исихастичкото Предание на Светите отци, само треба евангелските поуки да ги преточиме во лични дела. Како што велат Светите отци, Бог се крие во Своите заповеди, и оној што ќе ги исполни, тој ќе Го познае Него.

Денес, кога го славиме светиот наш отец и исихаст Григориј Палама, убаво е да се потсетиме и дека тој не се родил како созерцател на божествената несоздадена Светлина, туку дека тој тоа станал, следејќи ги макотрпно патот и Преданието на Светите отци на Црквата – за што подолу поопширно ќе пишуваме, под закрила на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија – пред Која постојано се молел.

Во нашата теологија со терминот исихазам го означуваме аскетско-исихастичкото и богословско движење, кое се развило во Света Гора во 14 век. За првпат учењето на исихазмот систематизирано е изложено од светогорскиот монах Григориј Палама, а подоцна Архиепископ Солунски. Исихазмот, како православно учење, е потврден и од Православната Црква на нејзинте собори од 1341, 1347 и 1351 година, во Константинопол. Во соборната свест на Православната Црква, овие собори го имаат значењето на Осми Вселенски собор.

Исихазмот, пред каква било теологија и учење, означува начин на православен духовен живот и подвиг во Црквата, кој се одвива во молитвено тихување, исполнет со умно-срдечна молитва, преку која се бара и доживува жива, благодатна и лична заедница со Бог во нашето срце, во Неговата несоздадена светлина.

Самиот грчки збор исихија значи тишина, мир. Во аскетската терминологија овој збор се користи за да се означи внатрешното молитвено тихување на умот во срцето. Исихазмот, т.е. молитвеното тихување, во Црквата, е основен аскетско-исихастички и философско-теолошки метод на христијанско гледање, доживување и познание на Бог, а со тоа и на човекот и на светот.

Кога говориме за умно-срдечната молитва, мислиме на кратката молитва која се содржи од зборовите: Господи Исусе Христе, помилуј ме! Оваа кратка молитва може да се изговара и со два-три збора повеќе или помалку. Суштината на оваа молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него.

Токму заради тоа умот да може полесно да се собира и да пребива во зборовите што ги следи, при молитвата се користат мал број зборови кои постојано се повторуваат. Според учењето на Светите отци, многуте зборови го расејуваат умот.

Умно-срдечната молитва е дар Божји што го добиваат оние што во доволна мера го очистуваат своето срце од страстите. Препознатлив знак за ова е пројавата на благодатта на Крштението во доволно очистеното срце. Само таа благодат може да го привлече умот, да му го покаже местото на срцето и да го држи собран во молитвата таму. Она што Бог на крајот му го дарува на подвижникот е непрестајната умно-срдечна молитва и гледањето на несоздадената божествена светлина.

Корените на исихазмот се наоѓаат уште во најраното христијанско Предание на првата Црква; а како што вели Григориј Палама, светилникот на Православието, уште во Светињата на светињите, во срцето на Пресвета Богородица и Секогашдева Марија. И уште, да не заборавиме дека секој дар човекот преку Неа го добива, а особено дарот на непрестајната умно-срдечна молитва и гледањето на несоздадената божествена светлина.

Во исихастичкото Предание ја гледаме постепената победа на холистичкиот поим за човекот – за целиот човек, паднат и смртен, којшто е повикан како целосен човек, со умната и разумна душа и со телото, преку причестувањето со несоздадената божествена енергија, уште овде на земјата да ги ужива првите плодови на конечното обожение.  

Свети Григориј Палама пишува: „Ние сега знаеме со точност дека умот се наоѓа во срцето. Ова не го научивме од човек туку од Самиот Создател на човекот, Кој во Евангелието вели: ’зашто не она што влегува преку уста, туку она што излегува го валка човекот, ...затоа што од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули‘ (Мат. 15, 11; 19)... Значи, кога се обидуваме да го испитаме и да го исправиме словесниот дел од нашата душа со правилна будност и со внимание, на кој друг начин би го достигнале тоа освен ако не го собереме нашиот ум кој е расеан надвор преку чувствата и да го вратиме внатре во нас и, уште поточно, во нашето срце? Гледаш ли колкава им е потребата на оние што избраа да внимаваат на себеси во молитвено тихување повторно да го вратат и да го заробат внатре во своето срце умот...? И ако, согласно апостолот, Бог Го даде Својот Дух внатре во нашите срца да повикува ’Авва Оче!‘, како може да биде ние да не се молиме внатре во срцето заедно со Духот?

Ние, пак, повторно го враќаме нашиот ум не само во срцето туку и во самиот него. Некои велат штом не е одделен умот туку се наоѓа внатре во душата, како ќе го враќа некој повторно внатре? Како што изгледа тие не знаат дека едно е суштината на умот, а друго неговата енергија... Умот не е како што се очите, кои ги гледаат другите видливи нешта, а самите себе не можат да се видат. Умот дејствува така што забележува сè што ни е потребно и ова Великиот Дионисиј го нарекува негово ’праволиниско движење‘. Сепак, повторно се враќа внатре во себе и дејствува кон себе кога се гледа самиот себе. Истиот Дионисиј ова го нарекува ’кружно движење на умот‘. Ова ’кружно движење‘ најмногу му одговара на умот и е негово врвно дејствување преку кое надминувајќи се понекогаш самиот себе, Го среќава Бог“[1].

„Дури и телото учествува во благодатта која делува на умот, па и тоа се врти кон него [умот], примајќи и самото од ’непоимливите тајни на душата‘. Тогаш телото станува ’на необичен начин прозрачно и топло‘, т.е. ја чувствува чудната топлина којашто следува по созерцанието на Светлината. Слично се случува со свеќата: кога ќе се запали, нејзиното тело, односно восокот, истовремено е топло и просветлено.“[2]

Во тајните на умно-срдечната молитва, теоретски и практично, свети Григориј Палама, го вовеле светиот епископ Теолипт Филаделфиски и свети Никифор Исихастот.

Овојпат ќе прочитаме еден прекрасен текст од свети Никифор Исихаст, исто така, познат и како Италијанецот, преку кој, се надевам, ќе ни стане посфатливо и учењето за молитвата на свети Григориј Палама.

Еве што вели свети Никифор Исихаст: „Ако пак, брате, и по многу труд не успееш да навлезеш во пределот на срцето, како што ти кажав, направи вака, како што ќе ти кажам понатаму, и со Божја помош ќе го најдеш бараното. Ти знаеш дека внатрешното слово на секој човек се наоѓа во неговите гради. Зашто внатре во градите, кога молчат нашите усни, ние разговараме со себе и твориме молитва, и псалми пееме или друго кажуваме. Така, со внатрешното слово, изгонувајќи од него секаква помисла (затоа што можеш, ако сакаш), кажувај си ја кратката молитва Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме! – и принуди се, наместо каква и да е помисла, само таа секогаш да плаче внатре. Ако продолжиш да го вршиш ваквото дело непопустливо и со сето внимание, со време ќе ти се отвори, преку ова, и влегувањето во срцето, за кое ти пишував, без секакво сомнение, како што и ние самите од опит сме познале“[3].

Ова е уште еден од оние светоотечки текстови кој не може да помине без покајание и разгорен копнеж по умно-срдечната молитва. Само да гледаме, колку што можеме, да го задржиме тој копнеж преку континуираното практикување на советите на свети Никифор.

Во напишаното од свети Никифор можеме да забележиме неколку битни информации: дека изворот на внатрешното слово е внатре во градите или, поточно, во срцето, дека со тоа внатрешно слово треба аскетски да се принудиме да ја кажуваме кратката молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, дека треба да отфрлиме секоја друга помисла, дека треба постојаност и дека треба внимание. Каков заклучок може да извлечеме од ова боговдахновено слово на светителот? Или што тој сака да нѐ поучи?

Свети Никифор, заедно со Григориј Палама и другите Свети отци-исихасти нѐ поучуваат дека во подвигот на молитвата треба да ги вклучиме сите три сили на душата – и словесниот ум, и бесловесните сили – желбата, и волјата, од него командувани. Тоа дека и телото дава значаен придонес при молитвата се подразбира. Прво, ја вклучуваме примарната функција на умот и ја насочуваме неговата енергија кон Бог преку кратката молитва изговорена со внатрешното слово; второ, ја исклучуваме секундарната функција на умот – разумот, преку кој умот може да се расее поради дразбите од сетилата и демонските помисли; трето, постојаноста ја остваруваме преку правилно насочената волја; и четврто, вниманието го задржуваме преку правилно насочената желба, копнеж по Бог, но во дух на плач и покајание.

Она што е најбитно во цитатот на свети Никифор е дека внатрешното слово со коешто ја кажуваме кратката молитва извира од срцето и дека нашето внимание треба да го насочиме кон изворот на внатрешното слово.

Што, всушност, се случува внатрешно? Престојувајќи во овој подвиг, ние прво ја чистиме и преобразуваме енергијата на умот од сите демонски помисли и лаги, а притоа незабележливо се чисти и преобразува суштината на умот во срцето.

Ако човек продолжи да постапува на овој начин, најпрво ќе му се појави некакво чувство во околината на срцето; потоа тоа чувство ќе се претвори во топлина на срцето, а штом се појави топлината, таа самата ќе го привлекува нашето внимание кон срцето. Но, внимавајте многу, оваа топлина не е духовна појава сѐ уште, туку е последица на собирањето на умот со внимание на зборовите од молитвата.

Кога, еден ден, суштината на умот и духовното срце доволно ќе се очистат и преобразат, тогаш самата благодат на Крштението ќе се пројави од срцето и подвижникот самиот ќе го познае местото на срцето, а енергијата на умот со многу мал напор ќе ја задржи во својата суштина и во Бог, затоа што енергијата природно си тежнее кон својата суштина и кон Бог.

За понатаму, еве што вели свети Григориј Палама: „Оној што ја прекинал секоја врска на својата душа со земното, кој од сѐ се ослободил преку запазувањето на заповедите и кој се здобил со бестрасност [чистота] на тој начин, и кој се возвишил над секое познајно дејствување преку непрестајна, чиста и невештествена молитва, оној што во несфатливо соединување е преизобилно просветлен со непристапната светлина – само тој, станувајќи светлина и преку светлината обожувајќи се, гледајќи ја светлината во созерцание и вкусувајќи ја таа светлина, вистински ја спознава Божјата натприродност и надумност и повеќе не Го прославува Бог само со мисловната сила на својот ум (т.е. на човечки начин)…, бидејќи тоа натприродно соединување е единствениот начин на кој умот, во божественото последување на наднебесните умови, се соединува со она што е одандестрано на умнодостижното“[4].

Тајната на есхатолошките димензии на срдечната молитва е тајна на созерцанието на божествената Светлина. „Бог“, пишува свети Григориј Палама, „во Својата преизобилна добрина кон нас, Трансцендентен во однос на сите нешта, Непоимлив и Неискажлив, станува причесен и видлив за нашиот ум, невидливо снисходејќи со Својата натсуштествена и неодолива енергија“[5].

„Тоа што христијанинот го бара и коешто Бог му го дава во светотаинската благодат е несоздадениот божествен живот, обожението, заедницата со Бог во несоздадената Светлина. Човекот не поседува никаква способност да Го види Бог, а ако таквото видување постои, тоа е затоа што Бог во Својата семоќност се соединува со човекот, соопштувајќи му го знаењето коешто Он Самиот го има за Себе.[6]“

И за на крај: „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот во Синот“ (Јован 14, 13).

Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од некого нешто душеполезно во име на некој што неизмерно му значи. Нема ли Он Самиот прв да го почитува? Затоа, што и да посакаме од Него во име на Неговата Мајка, ќе ни исполни, за да се прослави и Мајката во Синот. И така секој Божји дар преку Неа го добиваме. Што мислите, како Григориј Палама станал свет отец на Црквата? Кому тој постојано му се молел: „Просветли ја мојата темнина?“

Пресвета Богородице, по молитвите на свети Григориј Палама, спаси нас!
 

Митрополит Струмички Наум


 

[1] Φιλοκαλία, τόμος Δ, стр. 281 – 283.

[2] Архимандрит Јеротеј Влахос, „Вече у пустињи Свете Горе“, Манастир Хиландар. 1995, стр. 89–91.

[3] „За молитвата“, Табернакул, Скопје, 2001, стр. 57.

[4] Jean Meyendorf, Grégoire Palamas, „Défense des saints hésychastes“, Triade II, 3, 57; Louvain, 1959, стр. 507; 509.

[5] Свети Григориј Палама, „Тријади“, Табернакул, 2001, 1,3.

[6] Маендорф, Јован, „Свети Григориј Палама и православната мистика“, Велјуса, 2001, стр. 142

 
     Извор: МПЦ-ОА

  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная