логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020 17:00)

Видете што интересно размислување ми кажа еден човек; ќе се обидам што поточно да го парафразирам:

Постојат некои непишани правила, со кого и за што може да се разговара. Не можам да ти објаснувам сега опширно, но зборот е сила со која треба многу внимателно да се располага. Со зборот можеш да убиеш и исцелиш; и себеси и друг.

Ќе ти откријам некои од моите правила.

Генерално, одбегнувам да разговарам за проблеми и прашања од некоја стручна област, кои лично ме засегаат, со луѓе кои не се стручњаци од конкретната стручна област. Тука нема што да научам.

Генерално, одбегнувам да разговарам за политика, тука секогаш повеќе има интерес отколку специфична стручност; освен ако е нешто битно за Црквата или за тој што слуша. Релевантна политика се случува и се разговара на друго ниво и ретко со кого.

Бизнисот е специфично искуство кое не го познавам и во кое, не знам зошто, не сум се испробал. Но, би разговарал и на таа тема, ама само со луѓе кои се успешни во бизнисот и ако од тоа има општа корист.

За спортот што го знам и ме интересира, за здравата исхрана, за природните лекарства, за живот во природа, сакам да разговарам, ама со луѓе што се разбираат. Овој вид разговори можеби се и најинтересни, лично – за мене. Многу сме оддалечени од природата, а тоа ни ја одзема слободата.

За патриотски работи, ако треба, може да разговарам, ама само со луѓе кои имаат три деца или повеќе. Со партиски определени и со традиционални христијани не би разговарал за патриотски прашања; а комбинацијата, пак, од нив, е најлоша за разговор. Не би разговарал, на таа тема, и со луѓе кои не делат со мене исти гео-политички и економски услови за живот; би сменил некој збор само од учтивост.  

За патриотски работи не би разговарал со луѓе кои формално се декларираат за христијани, од проста причина што на својот национален идентитет му даваат суштинска предност во односот на својот христијански идентитет. Јасно ми е дека тој што го маргинализира својот христијански идентитет, ја губи Божјата благодат, а со тоа многу го оштетува и својот национален идентитет. Самите најчесто не се свесни за тоа, но многу лесно се препознатливи. Таквите посебно ме демотивираат за разговор. Ние сме два различни света. Значи, за таков вид разговор со мене би требало да се вистински христијани, да делиме иста „судбина“, да го исполнат и условот од три деца – па нагоре; како и да не се партиски определени.

За некој, со мене, сериозно да разговора за црковни работи, исто така, треба многу услови да исполни: христијанскиот идентитет да му е на прво место, да е венчан во црква и да има од три деца па нагоре, или да е монах, да е свештеник или да е член на Светиот Синод; и, секако, да е лојален на МПЦ – ОА. Исто така, може да е член и на друг Синод, што е релевантен за решавање на нашето црковно прашање. Сѐ и секому, никогаш не се кажува; посебно не предвреме, а на крајот, и така сѐ ќе се знае – затоа што мора и да се аминува. За оние што се умни, доволно информации и јавно се изнесуваат, затоа и си се мирни.

Некои мислат дека, за црковните работи, знаат повеќе и од Епископите; арно, нека мислат; мислењето не е забрането. Има и такви кои јавно, и верувам – со добра намера, ги предупредуваат или, тргнувајќи од одредени погрешни претпоставки, полемизираат со Епископите; и тоа може. Сѐ е слободно, иако не е сѐ од душевна полза. Можни се и други варијанти на темата. Но, сето тоа е нивен проблем; мене ме интересира само едно: дали некој исполнува услови за разговор со мене или не. Ако – не, ништо...

Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство. Препознатливи се експонентите на таа војна, како и оние кои со своето однесување, несвесно, ја помагаат таа војна. Таквите се игнорираат без збор. Тоа е војна однапред осудена на неуспех, но добра е за тренинг на сите нас. Проверка на зрелост пред формалната автокефалност.

Со оние што јавно ме напаѓаат по медиумите, клеветат и обвинуваат, исто така, не разговарам, не се правдам, не се објаснувам, не демантирам – ниту некој од моите. Колку им допуштил Господ, толку нека зборуваат; Му благодарам на Бог. Ние имаме знајни и незнајни гревови; така Господ нѐ чисти од незнајните гревови.

За духовни работи, ако видам дека е соговорникот отворен да слуша, може да разговарам. Но, само ако самиот се отвори и самиот почне да прашува – јас такви разговори, лично, не започнувам; и ако прашува согласно своето ниво и од желба за развој, а не од радозналост. Значи, за духовни разговори отворен сум за секој кој нема со кого за тоа да разговара; барем колку за вовед.

Е, сега, има и исклучоци од правилата. Луѓе сме. Некој ти е, просто, драг и сакаш да си поразговараш со него, па не е важно што тема ќе биде. Ама е исклучок. Вообичаено, од зафатеност, стигнувам да разговарам само со луѓе кои ме бараат.

Мислам дека се многу јасни и дека не треба да ги објаснувам моите правила. Всушност, мој живот, мои правила, мое време. Ако некому му одговара – арно. Но, моето неприфаќање на разговор секогаш е поврзано со молитва за оној кој пројавил интерес за разговор, за да не се почувствува повреден. Нормално, сѐ треба да се одвива со благ збор и смирено.

Времето поминува, тоа што останува станува сѐ поскапоцено, не е дозволиво да се губи на секаков разговор и со секаков човек; мислам – некомпетентен или, пак, деструктивен. Некои луѓе, за чудо, посебно се расположени да дебатираат за проблеми кои, најчесто несвесно, со својот живот и ги предизвикуваат.

Не сум ни јас на не знам ти каков духовен развој, па од секоја ситуација да можам да извлечам секого; и мене ми треба духовно растење, восовршување и молитва, како и време за тоа; и така молитвата е најкреативниот човечки акт.

Сѐ почесто размислувам за повлекување од овој и ваков живот, и мислам дека успешно работам на тоа. Додуша, кога би можел, веднаш би се вратил на живот во мир и анонимност. Речиси сите услови се исполнети.

Но, Господ како да чека, да си ја дозавршам работата и официјално...

Тука завршувам со прераскажувањето. Интересен некој човек.

Се надевам дека ќе ви биде од полза неговото размислување.

Пресвета Богородице, спаси нас!



Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная