логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITer55


Куќа без темели (21.10.2020 16:35)

И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темели на камен; а кога настана наводнение, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, оти беше основана на камен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо (Лука 6, 46–49).

„Оној што слуша и не исполнува“ е оној што нема опит од духовната борба. Опитот во духовната борба ни овозможува и себепознание и познавање на демонските лукавства и замки. Опитот од духовната борба во Црквата нѐ прави причесници на соборниот опит на сите Светии; затоа демонот, иако многу постар и поопитен од нас, не ни може ништо.

Опитот од духовната борба не се стекнува со световно знаење. Духовниот опит и знаење се стекнува со восогласување на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, како и со местото и улогата што ги имаме во Црквата.

Накратко речено, духовниот опит се стекнува во духовната борба во која учествуваме, само откако сме го ставиле умот во процес на исцеление, духовно раководени од духовен отец, во Црквата. Восогласувањето на почетокот не е ништо друго туку послушание.

Значи, со световно знаење и опит може да се основа дом, бизнис, политичка кариера, да се стекне човечка слава, но без духовен опит, и при првиот налет на посериозни искушенија, сето тоа е во голема опасност да се распадне.

Посебно „оној што слуша и не исполнува“, а изградил куќа – под што се подразбира успех во која било област, при првиот демонски напад, сѐ му паѓа, оти нема опит од духовната борба, нема скен за духовните случувања, нема предвидување за движењето на нештата, просто – не е пророк, а можел да биде.

Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво, земјоделие, иконопис, информатика итн., но тоа знаење не е укомпонирано со духовното знаење, и затоа не спасува од пад, затоа што е само парцијално знаење. Трудете се да стекнете и духовен опит и знаење.



Пресвета Богородице, спаси нас!

3.angeli.so.truba

Митрополит Струмички Наум

(според записот на сестрите)

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7338

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1137
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1276
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1138
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…