логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЖИТИЕ  НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ АРХИЕПИСКОП МИРЛИКИСКИ

 Светителот Христов Николај, големиот Чудотворец, брзиот помошник и извонредниот посредник пред Бога, го одгледа земјата Ликиска. Роден е во градот Патара. Неговите родители, Теофан и Нона, беа луѓе познати, високородни, православни и богати. За својот богоугоден живот, за многубројните милостињи и големите добродетели, овој благословен пар, како свет корен, се удостои да произведе свет изданок и како дрво посадено крај извор вода го донесе родот свој навреме (Псал 1, 3). Кога се роди ова благословено дете, му го дадоа името Николај, што значи ‘победник на народите’. И тој, според благословот Божји, навистина се покажа победник над злото, за полза на целиот свет. Неговата мајка Нона, штом го роди него, веднаш се ослободи од болките, и од тоа време сѐ до смртта таа остана неродна. Со тоа како самата природа да сведочеше дека оваа жена не може да роди друг таков син: Николај ѝ беше прв и последен. Осветен од  благодатта боговдахновена уште во утробата на неговата мајка, тој штом почна да живее почна и Бога побожно да Го почитува; штом почна да цица почна и чуда да твори, штом почна да јаде почна и да пости. Бидејќи тој после своето раѓање, уште во бањата на Крштението стоеше три часа на своите нозе сам, од никого непридржуван, чествувајќи Ја така Пресвета Троица, на Којашто подоцна Ѝ стана голем служител и претстател. Исто така тој почна да се покажува и извонреден испосник, зашто во среда и во петок цицаше само еднаш, и тоа навечер, по вечерното завршување на молитвеното правило на родителите. И беше како плодородна нива, којашто доброто семе на поуката го прима и расне во себе и секој ден донесува плодови на добродушност.
 Кога дојде време Николај го дадоа да го изучи Светото Писмо. Заради природната бистрина на неговиот ум и со раководство на Светиот Дух, тој за кусо време стекна голема мудрост и во книжното учење покажа толку напредок колку што беше потребно за добар кормилар на Христовата лаѓа и за искусен пастир на словесните овци. Станувајќи совршен во зборот и во учењето, тој се покажа совршен и во самиот живот. На сите можни начини ги одбегнуваше суетните пријатели и празните разговори, одбегнуваше да разговара со жени, па дури се чуваше и да погледнува во нив. Во себе негуваше вистинско целомудрие, со чист ум созерцувајќи Го Господа и срдечно посетувајќи ја Светата Црква. Многупати поминуваше тој в црква по цели денови и ноќи во богомислена молитва и во читање Божествени книги, учејќи се на духовно знаење, богатејќи се со Божествената благодат на Светиот Дух и подготвувајќи се себеси за Негово достојно живеалиште. И Духот Божји навистина живееше во ова добродетелно и чисто момче; и тој сиот беше духовен, горејќи со духовна ревност и на Господа служејќи Му. Во него не се забележуваа никакви навики својствени за младоста; напротив, со своето држење тој личеше на старец, заради што сите го почитуваа и му се восихтуваа. Бидејќи стариот човек, ако има младешки постапки на сите им служи за потсмев, но ако момче има држење на старец, нему сите со почит му се восхитуваат. Непристојна во староста е младоста, но прекрасна и достојна за почит е староста во младоста.
 Чичко му на блажениот Николај беше епископ на градот Патара и се викаше Николај. Неговото име и му беше дадено на младиот Николај. Чичкото епископ, гледајќи дека неговиот внук напредува во добродетелниот живот и со сета душа го одбегнува светот, ги посоветува неговите родители нивниот син да го дадат на служба на Бога. Тие го послушаа советот и Му го даруваа своето чедо на Господ, бидејќи самите го беа примиле од Него како дар. Зашто во древните книги се раскажува за нив дека биле бездетни, и веќе не се надевале дека ќе имаат деца, но со многу молитви и солзи и милостињи измолиле за себе од Бога син, и затоа сега не пожалија да Му го принесат на дар на Дарителот. Епископот, кога го прими овој млад старец кој имаше белокоса мудрост и возраст на старец, живот беспрекорен (Мудр. 4, 9), го возведе во презвитерски чин. Кога го ракополагаше Николај за свештеник, преисполнет со Светиот Дух тој му се обрати на народот во црквата и пророкуваше велејќи:
 „Еве, браќа, гледам ново сонце што се раѓа над земјата и со себе јавува милостива утеха за oскрбените. О блажено е стадото што ќе се удостои него да го има за пастир! Бидејќи тој добро ќе ги пасе душите на заблудените, и ќе ги нахрани на пасиштето на побожноста, и ќе им биде срдечен помошник на оние што се во неволји и опасности.“
 Ова пророштво подоцна навистина се исполни, како што ќе се види во понатамошното раскажување.
 Откако го прими свештеничкиот чин, свети Николај, додавајќи подвиг врз подвиг, бдеејќи и пребивајќи во непрестајна молитва и пост, се грижеше во своето смртно тело да ги подражава Бестелесните Небесни Сили. Така водејќи рамноангелен живот, од ден на ден сѐ повеќе цветајќи со духовна убавина, тој се покажа наполно достоен да управува со Црквата. Во тоа време неговиот чичко, епископот Николај, намислувајќи да патува во Палестина за да се поклони на тамошните свети места, му го довери управувањето со Црквата на својот внук, на овој Божји свештеник, на светиот Николај.
 Застапувајќи го својот чичко, Николај за сите црковни работи се грижеше како и самиот епископ, неговиот чичко. Во тоа време неговите родители се преселија во вечниот живот. Откако го наследи нивниот имот свети Николај почна да им го раздава на сиромашните. Бидејќи тој не мислеше на минливото богатство ниту се грижеше да го зголеми; напротив, одрекувајќи се од сите желби на овој свет, тој со сето свое битие се трудеше себеси да Му се предаде на Единиот Бог, и Нему Му се молеше: Кон Тебе, Господи, ја подигам душата своја. Научи ме да ја творам волјата Твоја, зашто Ти Си мој Бог (Псал. 24, 1; 142, 10; 21, 11). И неговата рака беше постојано испружена кон бедните, и врз нив излеваше пребогата милостиња, како река изобилна со вода. Еве едно од неговите милосрдни дела.
 Во градот Патара живееше еден човек, познат и богат, кој подоцна многу осиромаши, и стана беден, бидејќи животот на овој век е непостојан. Тој човек имаше три ќерки, кои беа убави. А кога немаштијата стана толку голема, па немаа што да јадат ниту да се облечат, тој заради страшната сиромаштија намисли куќата да ја претвори во блудилиште и своите ќерки во блудници за на тој начин да стекне средства за набавка на храна и облека за себе и за ќерките. О беда! На какви недолични помисли наведува голата сиромаштија! Привикнувајќи се себеси на оваа ѓаволска замисла, овој човек сакаше својата зла намера да ја спроведе во дело. Меѓутоа, Себлагиот Господ, Кој не сака да го гледа човекот да пропаѓа а човекољубиво ни помага во неволјите, стави добра мисла во срцето на Својот угодник, светиот отец Николај, и со тајно вдахновение го прати на помош кај човекот којшто со душата пропаѓаше, да го утеши во сиромаштијата и да го пресретне пред паѓањето во грев. Откако чу за крајната беда на тој човек и откако во Божјо откровение дозна за неговата зла намера, свети Николај се сожали на него од длабочината на своето срце и реши со својата добротворна рака да го извлече него и ќерките од бедата и од гревот како од оган. Сепак тој не сакаше да отиде и јавно да му направи добро на оној кутар човек, туку намисли да му даде изобилна милостиња тајно.
 Затоа зеде голема кеса злато, отиде кај домот на тој човек, ја фрли внатре низ прозорчето, па брзо се врати дома. Утредента овој човек стана, и штом ја најде кесата, ја одврза. А кога го здогледа златото во неа тој се запрепасти, и просто не можеше да верува дека е тоа навистина злато, бидејќи од никаде не очекуваше таква добрина. Потоа, допирајќи и разгледувајќи ги златниците тој се увери дека тоа е навистина злато. Израдуван и восхитен, плачеше од радост, и долго размислуваше кој би можел да му направи такво добро; но ништо не можеше да смисли. Затоа, припишувајќи ѝ го тоа на Промислата Божја, тој постојано во душата му благодареше на својот добротвор, вознесувајќи Му благодарност на Господ Кој се грижи за сите. После ова ја омажи својата најстара ќерка, на која како мираз ѝ го даде златото што го доби на чудесен начин.
 Свети Николај дозна за тоа и му беше мило што овој човек постапи според неговата желба; и го засака и одлучи таква милост да ѝ направи и на втората ќерка, со желба со законскиот брак да ја сочува од гревот. Затоа, штом подготви и втора кеса со злато, еднаква на првата, тој ноќе, никој да не го види, ја фрли кесата низ истото прозорче во домот на оној човек. А кога овој сирот човек утредента стана, повторно најде кеса со злато. И повторно почна да се чуди на тоа. И паѓајќи ничкум на земја, облевајќи се во солзи зборуваше:
 „Боже и љубителу на милоста, Устроителу на нашето спасение, Ти најпрво ме искупи со Својата крв, а сега домот мој и децата мои ги избавуваш со злато од стапиците ѓаволски, Самиот покажи ми го слугата на Твојата милостива волја и на човекољубивата добрина Твоја. Покажи ми го земниот ангел што нѐ чува од гревовната погибел за да дознаам кој е тој што нѐ извлекува од убиствената немаштија, та нѐ избавува од злите замисли и намери. Бидејќи еве, Господи, заради Твојата милост, којашто тајно ми ја прави дарежливата рака на непознатиот за мене угодник Твој, јас можам и втората ќерка да ја омажам според законот, и така да ги избегнам стапиците на ѓаволот, којшто сакаше со погана печалба да ја зголеми и без тоа големата погибел моја.“
 Штом се помоли така на Господа и ѝ се заблагодари на Неговата добрина, тој човек ја омажи и својата втора ќерка. Надевајќи се на Бога, тој негуваше во себе цврста надеж дека и третата ќерка негова Тој ќе ја згрижи и ќе ѝ даде законски сопруг, повторно праќајќи му го потребното злато со раката на тајниот добротвор. И таткото, за да дознае кој и од каде му носи злато, не спиеше ноќе, туку стражареше, за да се удостои да го види својот добротвор. И не помина многу време а очекуваниот добротвор се појави. Христовиот угодник Николај и по трет пат дојде тивко и застанувајќи на вообичаеното место преку истиот прозорец уфрли онаква иста кеса злато и веднаш поита назад накај својот дом. Штом го чу ѕвецкањето на златото уфрлено низ прозорчето, таткото на трите девојки потрча колку што можеше побрзо по Божјиот угодник. Кога го стигна и го позна  -  бидејќи светителот беше познат по своите добродетели и по прочуеноста на потеклото - тој падна пред неговите нозе целивајќи ги, и нарекувајќи го светителот избавител, помошник и спасител на душите што беа на работ на пропаста. Притоа го кажа и ова: „Големиот Господ да не ме подигнеше со твоето милосрдие, одамна јас бедниот татко ќе пропаднев со своите ќерки во огнот Содомски. Сега, пак, ние сме преку тебе спасени и избавени од ужасно паѓање во грев.“
 Тоа и многу слични зборови со солзи му велеше тој на светителот. Светителот одвај го подигна од земјата и со многу заколнувања го заколна никому да не каже што му се случи дури е тој жив. Му кажа уште и многу поуки корисни за душата, па го отпушти дома.  Од многуте дела на милосрдие на угодникот Божји ние раскажавме само едно, за да се дознае колку беше милостив тој кон сиромашните. Нам би ни недостасувало време кога би зборувале подробно за тоа колку беше тој милосрден кон оние што се во неволја, колкумина гладни хранеше, колкумина голи облекуваше, колкумина беше откупил од нивните доверители.
 После тоа свети Николај тргна во Палестина за да ги види таму и за да се поклони на оние свети места каде што нашиот Господ Бог Исус Христос одеше со Своите пречисти нозе. Кога коработ пловеше кон Египет и патниците не знаеја што ќе ги снајде, свети Николај кој беше меѓу нив проѕре дека набрзо ќе настане бура и невреме и за тоа ги извести своите сопатници, велејќи им дека го видел ѓаволот кога влегол во коработ со желба коработ и сите патници во него да ги потопи. И тој миг ненадејно се покри небото со облаци, се смрачи, и се подигна страшна бура на морето. Патниците многу се исплашија очекувајќи ја смртта, го молеа свети Николај да им помогне да не загинат сред морската шир и велеа: „Ако ти, отец, не ни помогнеш со своите молитви кон Бога, ние ќе потонеме и ќе загинеме.“
 Откако им нареди да бидат храбри и целата надеж да ја положат на Бога и без секакво сомнение да очекуваат брзо избавување, светителот почна сесрдно да Го моли Бога. И морето веднаш се скроти, и настана голема тишина, и сеопштото жалење се претвори во радост. Израдувани, патниците Му оддадоа благодарност на Бога и на Неговиот угодник, светиот отец Николај и двојно се восхитуваа: и на неговото претскажување за бурата и на избавувањето од опасноста. После тоа еден морнар се качи на катарката за да намести нешто таму, но на симнување се лизна од голема височина, падна на средината од коработ и толку се разби што веднаш издивна. А свети Николај, и без повик готов на помош, го воскресна со својата молитва, и го подигна од мртвите како од сон, и им го предаде жив на морнарите. После тоа, распнувајќи ги сите едра, тие со поволен ветар благопријатно го продолжија своето патување и спокојно се усидрија на брегот на Александрија. Овде светиот угодник Николај исцели мнозина болни и бесомачни, и ги утеши нажалените, па го продолжи својот пат за Палестина.
 Штом стигна во Светиот град Ерусалим, светителот Николај отиде на Голгота, каде што Христос, нашиот Бог, го изврши спасението на човечкиот род раширувајќи ги на крст пречистите раце Свои. Овде Божјиот угодник излеа топли молитви од срцето разгорено од љубов, вознесувајќи Му благодарност на нашиот Спасител. Ги обиколи тој и сите свети места, сегде творејќи срдечно поклонение. И кога ноќе сакаше да влезе во Светата црква (црквата на Христовото Воскресение подигната врз Светиот Гроб од св. царица Елена), заклучената врата на црквата сама се отвори, пружајќи му непречено влегување на оној кому што и небесната врата му беше отворена. Откако помина доста време во Ерусалим, свети Николај се подготвуваше да оди во пустината, но беше задржуван од Божествен глас од небото којшто му советуваше да се врати во неговата татковина. Бидејќи Господ Бог, Којшто сѐ уредува во наша полза, не сакаше во пустина под поклопец да остане светилникот којшто Тој го подготви да свети на свеќникот на Ликиската митрополија. Штом најде кораб, угодникот Божји се договори со морнарите тие да го превезат во неговата татковина. Меѓутоа, тие намислија да го измамат и го управија својот кораб не во правец на Ликија, туку на друга страна. Кога испловија од пристаништето, свети Николај забележа дека коработ не плови по патот кон неговата татковина, па падна пред нозете на морнарите и ги молеше да го свртат коработ кон Ликија. Но тие не обрнаа никакво внимание на неговата молба, туку продолжија во истиот правец, не знаејќи дека Бог нема да го остави Својот угодник во мака. И одеднаш дувна еден силен ветар, го сврте коработ на друга страна и брзо го понесе кон Ликија, заканувајќи им се на злобните морнари со конечна погибел. И така носен со силата Божја по морето, свети Николај стигна во својата татковина. Незлобив, тој не им направи никакво зло на овие свои злонамерни непријатели: ниту се разгневи на нив ниту им кажа некој прекорен збор, туку со благослов ги отпушти кон нивниот роден крај. Самиот, пак, отиде во манастирот наречен Свети Сион, основан од неговиот чичко, Патарскиот епископ. Тука на сите браќа свети Николај им беше многу мил собрат.
 Примајќи го со голема љубов како ангел Божји, тие се насладуваа од неговите боговдахновени зборови, и се наѕидуваа со неговиот рамноангелен живот, и се угледуваа на неговите добродетелни навики, со коишто Бог го украси Својот прекрасен слуга. Наоѓајќи си во овој манастир безмолвно живеење и осаменичко и тивко молитвено пристаниште за богомислие, свети Николај се надеваше останатото време од својот живот да го помине таму и никогаш да не излезе од манастирот. Но Бог му укажуваше на друг пат, бидејќи не сакаше толку голема ризница на добродетели, со којашто требаше да биде збогатуван светот, да остане заклучена и скриена во манастир, како богатство закопано во земја. И еднаш светителот, стоејќи на молитва, чу глас од висините: „Николај, појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“
 Штом го чу овој глас Николај се зачуди и почна да размислува за тоа што сака и што бара од него овој глас. И повторно го чу гласот кој велеше: „Николај, не е овде нивата на којашто ќе го донесеш плодот што го очекувам, туку сврти се кон луѓето и оди во светот, и во тебе ќе се прослави Името Мое.“
 Тогаш на свети Николај му беше јасно дека Господ бара од него да го остави подвигот на безмолвие, т.е. осаменичкото молитвено тихување, и да му служи на спасението на луѓето. И почна светителот да размислува на која страна да тргне: дали во својот роден крај, градот Патара, или во некое друго место. И одбегнувајќи ја суетната човечка слава и средината на своите сограѓани, познаници, и плашејќи се од неа, тој донесе решение да отпатува во друг град, каде што никој не го познава.
 Во таа истата Ликиска област беше прочуениот град Мир, метропола на целата Ликија. Во тој град и отиде свети Николај, воден од Божјата Промисла. Таму никој не го познаваше; и престојуваше тој во овој град како питач, немајќи каде глава да потслони. Единствено во домот Господов наоѓаше за себе засолниште, имајќи во Бога единствено пристаниште. Во тоа време се престави архиерејот на тој град, Јован, архиепископ и првопрестолник на целата земја Ликиска. Затоа во Мир се собраа сите епископи на Ликија за да изберат маж достоен за испразнетиот престол. Имаше многу угледни и благоразумни луѓе како кандидати за архиепископскиот престол. Бидејќи при изборот имаше многу несогласувања, некои, поттикнати од Божествена ревност, го изјавија ова: „Изборот за епископ за овој престол не е човечка работа, туку дело за Божјата Промисла. Затоа, треба да се оддадеме на молитва, за Самиот Господ да ни покаже кој е достоен да прими таков чин и да биде пастир на цела Ликија.“
 Овој предлог наиде на сеопшто одобрување, и сите се предадоа на сесрдна молитва и пост. А Господ, исполнувајќи ја волјата на оние што се бојат од Него и услишувајќи ја молитвата нивна, му ја откри Својата блага волја на најстариот епископ на следниов начин. Кога овој епископ стоеше на молитва, нему му се јави Светол Маж и му нареди ноќе да отиде и да застане покрај црковната врата и да гледа кој пред сите ќе влезе в црква. 
 „Тој е“, рече Светлиот Маж, „Мојот избраник; примете го со чест и поставете го за архиепископ; нему името му е Николај.“
 За ова свое Божествено видение епископот ги извести останатите епископи. А тие, штом го слушнаа тоа, ги удвоија своите молитви. Епископот, пак, кој се удостои со ова откровение, застана на местото укажано во видението, и го чекаше очекувниот маж. А кога настана времето за утринската богослужба, свети Николај, поттикнат од Духот, дојде во црквата пред сите, бидејќи тој имаше обичај да станува на полноќ на молитва и пред другите да доаѓа в црква на утринската богослужба. Штом светителот влезе во припратата, епископот удостоеник на ова видение го запре и го праша: „Чедо, како ти е името?“
 Свети Николај молчеше. Епископот повторно го праша истото, а свети Николај кротко и тивко му одговори: „Името ми е Николај; слуга на твојата светост, владико.“
 Благочестивиот епископ, штом чу толку кротки и смирени зборови, го позна како според името, Николај, што му беше кажано во видението така и според смирениот и кроток одговор, дека тоа е тој маж когошто Бог го сака за првопрестолник на Црквата во Мир. И се израдува епископот со голема радост, како да добил некоја тајна ризница. И веднаш земајќи го свети Николај за рака, му рече: „Чедо, ајде со мене.“
 И со чест го одведе кај епископите. А тие, исполнувајќи се со Божествена сладост и духовна утеха затоа што го најдоа од Самиот Бог укажаниот маж, го одведоа в црква.
 Гласот за тоа се разнесе брзо на сите страни и побрзо од птица во црквата се стекна многуброен народ. Епископот удостоеник на видението обраќајќи им се на сите громогласно рече: „Примете го, браќа, својот пастир, кого ви го помаза Светиот Дух и кому Тој му ја довери грижата за вашите души. Него го постави не човечко собрание, туку Самиот Бог. Ете, сега го имаме оној што го посакувавме, и го најдовме и го примивме оној што го баравме. Под неговата управа и раководство нема да се лишиме од надежта радосно да се јавиме пред Бога во денот на Неговото доаѓање.“
 Сиот народ Му вознесуваше благодарност на Бога и се радуваше со неискажлива радост. А свети Николај долго одбиваше да го прими епископскиот чин. Најпосле, попуштајќи им на сесрдните молби на соборот епископи и на сиот народ, тој стапи на архиерејскиот престол и против својата волја. На тоа тој беше побуден и од Божественото видение што го имаше пред смртта на архиепископот Јован. За тоа видение Цариградскиот Патријарх, свети Методиј, го раскажа ова: „Една ноќ свети Николај Го виде Спасителот наш во слава кај стои блиску до него и му дава Евангелие украсено со злато и бисери. Од другата своја страна, пак, Ја здогледа Пресвета Богородица Којашто на рамената му ставаше омофор. Неколку дена после тоа видение се престави архиепископот Мирски, Јован, и Николај беше поставен за архиепископ на тој град.“
 Сеќавајќи се на тоа видение, и гледајќи го во него очигледното благоволение Божјо, и не сакајќи да се оглуши на молбите на соборот, свети Николај го прими пастирството. Соборот на епископите со сиот црковен клир го изврши неговото посветување и радосно отпразнуваа веселејќи се за овој од Бога даден пастир, светителот Христов Николај. Така Црквата Божја го прими блескавиот светилник којшто не остана под поклопец, а беше поставен на долично архиерејско и пастирско место. Блескајќи на ова место, свети Николај правилно управуваше со словото на вистината, и мудро го учеше своето стадо на светата вера и на животот според Божественото Евангелие.
 Во почетокот на своето пастирствување угодникот Божји вака си зборуваше во себе: „Николај, овој чин и ова место бараат од тебе да не живееш повеќе за себе, туку за другите.“
 Сакајќи, пак, своите словесни овци да ги научи на добродетел, тој повеќе не го криеше како порано своето живеење во добродетелта. Бидејќи порано тој го минуваше својот живот тајно служејќи Му на Бога, Кој единствен и знаеше за неговите подвизи. Но сега, на положбата архиерејска, неговиот живот стана јавен за сите, не од суета пред луѓето, туку заради нивната полза и за умножување на славата Божја, за да се исполнат зборовите во Евангелието: Така да засветли светлината ваша пред луѓето за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец Небесен (Мат. 5, 16). На своето стадо свети Николај му беше огледало за сите добри дела и, според зборовите на светиот Апостол - пример за верните во зборовите, во живеењето, во љубовта, во духот, во верата, во чистотата (1 Тим. 4, 12). Според карактерот тој беше кроток и незлобив, според духот смирен, грозејќи се од секое гордеење. Неговата облека беше проста, храната испосничка, а ја земаше еднаш дневно, и тоа навечер. Сиот, пак, ден го поминуваше во дела долични на неговиот чин, сослушувајќи ги молбите и потребите на оние што му доаѓаа. Вратата на неговиот дом беше отворена за сите, зашто тој беше добар спрема сите: татко на сираците, милостив дарител на сиромашните, утешител на оние што плачат и на сите голем добротвор. За свои помошници во црковното управување си избра двајца добродетелни и благоразумни советници со презвитерски чин. Тоа беа двајцата во цела земја познати мажи: Павле Родоски и Теодор Аскалонски.
 Така светителот Николај прекрасно го пасеше нему довереното стадо од словесни овци Христови. А завидливиот ѓавол, кој никогаш не престанува да војува против слугите Божји, не поднесувајќи го цветањето на побожноста меѓу луѓето, подигна гонење на Црквата Христова преку незнабожните римски цареви Диоклецијан и Максимијан. Во тоа време од овие цареви излезе наредба по целото царство: сите христијани да се одречат од Христа и да им се поклонуваат на идолите; оние коишто не ѝ се покоруваат на таа наредба  -  да се приморуваат со окови, со затвор, со тешки маки и најпосле со смртна казна. Таа зловласна бура, создадена од љубителите на мрачното безбожие, наскоро го зафати целиот град Мир. А блажениот Николај, раководител на сите христијани во тој град, слободно и бестрашно ја проповедаше Христовата вера и беше готов да пострада за Христа. Заради ова тој беше фатен од незнабожните мачители и фрлен во затвор со многумина христијани. Во затворот тој помина не малку време, поднесувајќи зла, трпејќи глад и жед, и затворска тегобност. Своите созатвореници ги хранеше со зборот Божји и ги напојуваше со слатката вода на побожноста; јакнејќи ја во нив верата во Христа и утврдувајќи ги на неразрушлив темел, тој ги убедуваше да бидат цврсти во исповедањето на Христа и сесрдно да страдаат за Вистината.
 Потоа на христијаните им беше повторно дарувана слободата. И благочестието блесна како сонце после темни облаци, и настана како некоја тивка свежина после бурата. Бидејќи Христос Господ човекољубиво погледна на Своето наследство, ја уништи власта на незнабожците, ги симна од престол Диоклецијан и Максимијан и ја разори силата на ревнителите на безбожното незнабожие. Со јавувањето на Својот Крст на царот Константин Велики, кому му ја врачи Римската држава, Господ Бог го подигна рогот на Своето спасение на луѓето Свои. Царот Константин, откако Го позна Едниот Бог и ја положи сета надеж на Него, со силата на Чесниот Крст ги победи сите свои непријатели, и откако нареди сите идолски храмови да се урнат а да се устројат христијански цркви, ги развеа празните надежи на своите претходници. Тој ги пушти од затвор на слобода сите што беа затворени заради Христа, и им оддаде големи пофалби како на храбри војници. И исповедниците Христови се враќаа, секој во својот роден крај. Тогаш и градот Мир повторно го прими својот пастир, големиот архиереј Николај, според намерата маченик, венценосец без крв.
 Со Божјата благодат што ја имаше во себе свети Николај како и порано ги исцелуваше сите страсти и болести кај луѓето, не само кај верните туку и кај неверните. Заради големата Божја благодат што живееше во него нему сите му се восхитуваа, и го славеа, и многу го љубеа: бидејќи блескаше со чистотата на срцето и беше украсен со сите Божествени дарови, а на својот Господ Му служеше во светост и во правда.
 Во тоа време сѐ уште имаше многу незнабожечки идолишта, за коишто незнабожните луѓе беа приврзани со демонска љубов, та многумина и од жителите на градот Мир пропаѓаа. Архиерејот, пак, на Вишниот Бог, разгорен со ревност по Бога, ги помина сите тие места, уривајќи ги идолиштата и претворајќи ги во прав, и очистувајќи го своето стадо од демонските нечистотии. Така војувајќи против бесовите свети Николај дојде и во храмот на Артемида, којшто беше огромен и богато украсен, за демоните пријатно живеалиште. Свети Николај го урна до темелите тој храм, високата градба ја срамни со земјата, а самиот темел го раскопа и го развеа по воздухот, устремувајќи се повеќе на демоните одошто на самиот храм. Демоните, пак, не можејќи да го поднесат доаѓањето на Божјиот угодник, силно офкаа и бегаа од своите легла, прогонети со оружјето на молитвите на непобедливиот Христов војник, светителот Николај.
Сакајќи да ја утврди Христовата вера благоверниот цар Константин нареди во Никеја да се одржи Вселенски Собор. Светите отци се собраа, го изложија правото учење на верата, а Ариевата ерес и самиот злоумник Ариј* ги проколнаа. Откако исповедаа дека Синот е Совечен со Отецот и дека Отецот и Синот имаат еднаква чест, светите Отци воспоставија мир во Светата Божја Апостолска Црква. На тој Собор меѓу триста и осумнаесетте свети Отци беше и свети Николај. Тој јуначки стоеше против безбожното учење на Ариј и заедно со светите Отци на Соборот ги утврди и им ги предаде на сите догмите на православната вера. Монахот на Студитскиот манастир, Јован, за свети Николај го раскажува ова: „Понесен од Божествената ревност, како втор пророк Илија, тој насред Соборот го посрами еретикот Ариј не само со збор туку и со дело, удирајќи го по образот. Заради тоа светите Отци вознегодуваа против светителот, и за таквото дрско дело решија да го лишат од архиерејскиот чин. Но самиот Господ Исус Христос и Преблагословената Мајка Негова, гледајќи од небото на подвигот на светителот Николај, ја одобрија неговата смела постапка и неговата Божествена ревност ја пофалија. Бидејќи некои од светите Отци на Соборот имаа исто онакво видение на какво што се удостои светителот уште пред поставувањето за архиереј. Тие Го видоа од едната страна на светителот Самиот Господ Христос со Евангелие, а од другата - Пречистата Дева Богородица со омофор, како му ги враќаат и му ги даваат на светиот знаците на неговиот чин, коишто му беа одземени. И штом познаа по тоа дека смелоста на светителот Му беше угодна на Бога, Отците на Соборот престанаа да го прекоруваат и му укажуваа почит како на голем угодник Божји.“
 Кога од Никеја се врати кај своето стадо, свети Николај му донесе мир и благослов. Со своите медоточни усни му го предаде на народот здравото учење, го сосече во корен нездравото и туѓо учење, а еретиците закоравени и упорни во злобата ги изобличи и ги протера од Христовото стадо. Затоа Светата Црква и го нарекува лопата којашто ги развејува каколните учења Ариеви. И тој беше навистина светлина на светот и сол на земјата, бидејќи неговото живеење беше светло, а неговиот збор зачинет со солта на мудроста. И овој добар пастир имајќи голема грижливост за своето стадо во сите негови неволји, го хранеше не само со духовната паша, а се грижеше и за телесната храна на луѓето.
Еднаш во градот Мир дојдоа некои граѓани нажалени и расплакани. И кога паднаа пред нозете на светителот, го молеа да ги заштити невино осудените, раскажувајќи му со солзи дека во негово отсуство хегемонот Евстатиј, поткупен од завидливи и зли луѓе, осудил на смрт тројца мажи од нивниот град, коишто во ништо не биле криви.
 „Заради тоа сиот наш град“, велеа тие, „тагува и плаче и го очекува твоето враќање, владико. Зашто да беше ти меѓу нас, хегемонот немаше да се осмели да донесе таква неправедна пресуда.“

 

__________
* Ариј е еретикот којшто прв го нарече Синот Божји создание, повозвишено од другите Божји созданија, а не Бог со Божествена природа. Со него започна т.н. аријанска криза, која со себе им отвори пат на низа ереси. Светите Отци на Христовата Црква сесрдно се бореа против искривувањето на Вистината за Личностите на Пресвета Троица, меѓу другото и затоа што тоа непосредно ја искривуваше и вистината за Божјиот Домострој за спасението на човекот отсекувајќи го од Духот Христов и од спасителниот пат на евангелската наука.
За разлика од православните, еретиците во пракса негуваа дух на неколкувековно насилство, а во теоријата умување за таинството на Света Троица според силите на човечкиот ум; не стоејќи во Божественото Откровение преку светоста на Преданието, и во чистотата на срцето од страстите. Првиот Вселенски Собор во Никеја 325 г. претставува прва победа на Православието во неколкувековната борба на Црквата против злоумието на ересите, во која се постигна совршено и чисто формулирање и исповедање на догмите на Верата.

 


 Штом го чу ова, душата на архиерејот му се исполни со тага, и тој во придружба на војводите веднаш тргна на пат. Кога пристигна во местото Лав, светителот сретна некои патници и ги праша знаат ли тие нешто за тројцата мажи осудени на смрт.
Тие му одоговорија: „Ние ги оставивме на полето на Кастор и Полукс, каде што ги влечеа на погубување.“   
Тогаш свети Николај појде побрзо, итајќи да го испревари погубувањето на невините луѓе. Штом стигна на местото на казната, здогледа мноштво од народ што се беше собрал таму. А тројцата осудени мажи, со рацете врзани наопаку и со покриени лица, веќе се беа наведнале кон земјата и ги беа испружиле вратовите очекувајќи го ударот на мечот. Светителот виде дека џелатот, свиреп и бесен, веќе го исукал својот меч. Глетката беше ужасна и болна за сите. Тогаш светителот Христов ѝ додаде на кротоста јарост, слободно помина низ народот без каков и да е страв и двоумење, и го истргна мечот од раката на џелатот, го фрли на земја, па потоа ги ослободи тројцата осудени мажи. Сето тоа тој го направи со голема бестрашност, и никој не се осмели да го запре, зашто неговиот збор беше со власт и неговите постапки со Божја сила: тој беше голем пред Бога и пред сите луѓе. А тројцата мажи, избавени од смртта, гледајќи се себеси неочекувано вратени од работ на смртта во живот, пролеваа од радост топли солзи и добродушно воздивнуваа; а сиот народ му оддаваше благодарност на својот светител. Стаса таму и хегемонот Евстатиј и сакаше да му пристапи на угодникот Божји. Но Божјиот угодник не сакаше ни да го погледне. А кога овој падна пред нозете на светителот, светителот го оттурна. Повикувајќи ја врз него одмаздата Божја, свети Николај му се закануваше со маки во овој свет заради злоупотребување на власта, и изјави дека ќе го обвини кај царот. Изобличен од својата совест и исплашен од заканата на свети Николај, хегемонот со солзи молеше за милост. Откако се покаја за својата неправда и побара помирување со големиот отец Николај, тој вината ја фрли на градските старешини Симонид и Евдоксиј. Но лагата не можеше да се скрие, бидејќи светителот сигурно знаеше дека хегемонот, поткупен со злато, ги осудил невините луѓе на смрт. Хегемонот Евстатиј долго и долго го молеше Христовиот угодник да му прости, и дури кога со големо смирение и со многу солзи исповеда дека е ова негов грев, а не на некој друг, Христовиот угодник му даде прошка.
 Такви се делата Божји со коишто Бог го возвеличи Својот угодник. Славата за нив како на крилја се разнесе на сите страни, по морето и по сета вселена, така што немаше место каде што не знаеја за големите и прекрасни чуда на големиот архиереј Николај, коишто тој ги вршеше со благодатта нему дарувана од Семоќниот Господ.
 Еднаш едни патници, патувајќи со кораб од Египет во Ликиската покраина, западнаа во голема бура и невреме: ветрот им ги искина едрата, коработ се тресеше од страшните удари на брановите и сите очајуваа за својот живот. Но кога си спомнаа за големиот архиереј Николај, когошто тие не го имаа видено, но имаа само слушнато за него дека им е брз помошник на сите што го повикуваат во неволјите, му се обратија со молитва и почнаа да го повикуваат на помош. Светителот веднаш им се јави, влезе во коработ и им рече: „Вие ме повикавте и еве јас ви дојдов на помош; не плашете се!“
 И сите видоа дека тој го зеде кормилото и почна да управува со коработ. Потоа им се закани на ветровите и на морето како некогаш нашиот Господ Исус Христос, Кој рече: Кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши. Така верниот слуга Господов им заповедаше на морето и на ветровите, и тие го слушаа. После тоа патниците при благопријатен ветар пристигнаа во градот Мир. И откако излегоа од коработ, тие отидоа в град за да го видат оној што ги беше избавил од опасноста. Здогледувајќи го светителот како оди в црква, тие го препознаа во него својот добротвор, па поитаа и паднаа пред неговите нозе, оддавајќи му благодарност. А прекрасниот Николај не само што ги избави од телесната опасност туку се погрижи и за нивното душевно спасение. Зашто тој, бидејќи проѕорлив, го здогледа во нив гревот на прељубодејството којшто човекот го отфрла далеку од Бога и го одвраќа од држењето на Божјите заповеди, и им рече: „Ве молам, деца, подразмислете во себе и исправете ги вашите срца и мисли кон угодување на Бога. Бидејќи, макар и да се сокриеме од многу луѓе и да се сметаме себеси за добри, од Бога не можеме ништо да сокриеме. Затоа погрижете се со сето срце да ја сочувате светоста на душата и чистотата на телото. Зашто Божествениот Апостол вели: Вие сте храм Божји; ако некој го разори храмот, него ќе го разори Бог (1 Кор. 3, 16, 17).
 Откако ги поучи тие луѓе со душеполезни зборови, светителот ги отпушти во мир. Бидејќи според природата беше чедољубив татко, лицето му светеше од Божествената благодат како на Божји ангел. И од неговото лице како од Мојсеевото излегуваше некој блескав лач, и сите што го гледаа имаа голема полза. Бидејќи на секого кој беше обземен од каква и да е страст или душевна мака му беше доволно само да погледне на светителот и веднаш ја добиваше потребната утеха; и на секого којшто би позборувал со него тоа му беше на големо преуспевање во добродетелта. И не само христијаните туку и неверните, кога имаа прилика да ги чујат слатките и медоточни зборови на светителот, се исполнуваа со умиление и стапуваа на патот на спасението, отфрлајќи ја одамна вкоренетата злоба на неверието и примајќи го во срцето праведниот збор на вистината.
 Големиот угодник Божји поживеа многу години во градот Мир, блескајќи со Божествени украси. Откако достигна длабока старост, светителот ѝ го исплати општиот долг на човечката природа, а претходно малку одболедува со телото, добро го заврши привремениот живот, и со радост и псалмопеење помина во блажената вечност, спроведен од светите ангели и пресретнат од соборот на Светиите. На неговиот гроб се собраа епископите од Ликиската област со целиот клир и монасите, и безбројно мноштво народ од сите градови. Чесното тело на светителот беше со чест положено во соборната црква на Мирската митрополија. Од светите мошти на Божјиот угодник стануваа многу чуда, зашто неговите мошти точеа благомирисно и целебно миро, од коешто болните се помазуваа и добиваа здравје. Од таа причина на неговиот гроб притекнуваа луѓе од сите краишта на земјата, барајќи исцеление за своите болести, и наоѓајќи. Зашто со ова свето миро се исцелуваа сите болести, не само телесните туку и духовните, и се изгонуваа злите духови. Бидејќи Светителот не само за време на животот туку и откако се престави се устремуваше на демоните и ги победуваше, како што и сега ги победува.
 Многу големи и преславни чуда изврши на земјата и по морето овој голем угодник Божји: помагајќи во неволји, спасувајќи од потопувања, извлекувајќи од морските длабочини на копно, оттргнувајќи ги луѓето од ропство и пренесувајќи ги во нивните куќи, избавувајќи од окови и затвори, заштитувајќи од смрт со меч, ослободувајќи од смртта, давајќи им многубројни исцелувања на мнозина, на слепи прогледување, на глуви слух, на неми говор. Тој збогати мнозина што страдаа во беда и гола сиромаштија, на гладните им даваше храна, и на сите во секоја неволја им беше помошник, и срдечен застапник, брз бранител и заштитник. И сега тој им помага на сите што го повикуваат и ги избавува од неволјите. Невозможно е да се избројат неговите чуда, како што е невозможно и сите да се опишат подробно. Овој голем чудотворец го знае и Исток и Запад; и сите краишта на земјата знаат за неговите чудотворства. Затоа нека е прославуван заради него Едниот во Троица Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, и нека е фалено Неговото Свето Име со усните на сите вавек. Амин.


ЕДНО ОД МНОГУБРОЈНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛА

 Во Цариград живееше еден благочестив човек, полн со вера во Господа Христа. Тој го сакаше многу и го почитуваше големиот угодник Божји свети Никола. Еднаш, подготвувајќи се по некоја работа да отпатува со кораб во друга земја, тој според својот обичај отиде во црквата на свети Николај и му се помоли на Божјиот Светител. Потоа се прости со пријателите и со соседите, па се качи на коработ и отпатува. Во три часот по полноќ почна да дува силен ветер и започна невреме. Морнарите се растрчаа околу притегнувањето на едрата, им прискокна на помош и овој благочестив човек, но некако се сопна и падна во морето. Мракот беше страшен, ветрот силен, та не можеа да му притекнат на помош на давеникот, иако сите го сожалуваа и офкаа. А тој, онака облечен, борејќи се со брановите и тонејќи викна:
 „Свети Никола, помогни ми!“
 И - о чудо! Тој одеднаш се најде во својата куќа во Цариград, иако му се чинеше дека уште е во длабочината на морето. Неговите домашни, штом го чуја неговиот глас, запалија свеќи. На тоа дотрчаа и соседите и го видоа како стои насред куќа, громогласно зборува, а облеката сета му се цеди од морската  вода. Сите се скаменија од ужас и страв, неспособни збор да прозборат.
 А давеникот им рече:
 „Браќа, што се случува? Знам дека вчера се простив со вас, па отидов на кораб. Коработ се отисна и ние пловевме по морската шир. Потоа дувна силен ветар, настана бура, морнарите се растрчаа околу едрата, а јас некако се препнав, и зафатен од ветрот паднав во морето, и го повикав на помош свети Никола. А сега каде сум, не знам. Кажете ми, да не сум полудел? Што се случило со мене?“
 А тие, кога го слушнаа што кажува и гледајќи како морска вода му тече од облеката, разбраа дека се случило прекрасно чудо. И сите почнаа да се радуваат со него и долго од радост плачеа и воскликнуваа: „Господи помилуј!“
 Потоа давеникот се преоблече и отиде во црквата на свети Николај. И остатокот од ноќта го помина во молитва, плачејќи, правејќи метании и вознесувајќи Му благодарност на Бога и на чудесниот угодник Негов, светителот Никола.

 Извор: Манастир на св. Никола, с. Љубанци (скопско)

+++++

Saint Nicholas, the Wonderworker, Archbishop of Myra in Lycia

Saint Nicholas, the Wonderworker, Archbishop of Myra in Lycia is famed as a great saint pleasing unto God. He was born in the city of Patara in the region of Lycia (on the south coast of the Asia Minor peninsula), and was the only son of pious parents Theophanes and Nonna, who had vowed to dedicate him to God.

As the fruit of the prayer of his childless parents, the infant Nicholas from the very day of his birth revealed to people the light of his future glory as a wonderworker. His mother, Nonna, after giving birth was immediately healed from illness. The newborn infant, while still in the baptismal font, stood on his feet three hours, without support from anyone, thereby honoring the Most Holy Trinity. St Nicholas from his infancy began a life of fasting, and on Wednesdays and Fridays he would not accept milk from his mother until after his parents had finished their evening prayers.

From his childhood Nicholas thrived on the study of Divine Scripture; by day he would not leave church, and by night he prayed and read books, making himself a worthy dwelling place for the Holy Spirit. Bishop Nicholas of Patara rejoiced at the spiritual success and deep piety of his nephew. He ordained him a reader, and then elevated Nicholas to the priesthood, making him his assistant and entrusting him to instruct the flock.

In serving the Lord the youth was fervent of spirit, and in his proficiency with questions of faith he was like an Elder, who aroused the wonder and deep respect of believers. Constantly at work and vivacious, in unceasing prayer, the priest Nicholas displayed great kind-heartedness towards the flock, and towards the afflicted who came to him for help, and he distributed all his inheritance to the poor.

There was a certain formerly rich inhabitant of Patara, whom St Nicholas saved from great sin. The man had three grown daughters, and in desparation he planned to sell their bodies so they would have money for food. The saint, learning of the man’s poverty and of his wicked intention, secretly visited him one night and threw a sack of gold through the window. With the money the man arranged an honorable marriage for his daughter. St Nicholas also provided gold for the other daughters, thereby saving the family from falling into spiritual destruction. In bestowing charity, St Nicholas always strove to do this secretly and to conceal his good deeds.

The Bishop of Patara decided to go on pilgrimage to the holy places at Jerusalem, and entrusted the guidance of his flock to St Nicholas, who fulfilled this obedience carefully and with love. When the bishop returned, Nicholas asked his blessing for a pilgrimage to the Holy Land. Along the way the saint predicted a storm would arise and threaten the ship. St Nicholas saw the devil get on the ship, intending to sink it and kill all the passengers. At the entreaty of the despairing pilgrims, he calmed the waves of the sea by his prayers. Through his prayer a certain sailor of the ship, who had fallen from the mast and was mortally injured was also restored to health.

When he reached the ancient city of Jerusalem and came to Golgotha, St Nicholas gave thanks to the Savior. He went to all the holy places, worshiping at each one. One night on Mount Sion, the closed doors of the church opened by themselves for the great pilgrim. Going round the holy places connected with the earthly service of the Son of God, St Nicholas decided to withdraw into the desert, but he was stopped by a divine voice urging him to return to his native country. He returned to Lycia, and yearning for a life of quietude, the saint entered into the brotherhood of a monastery named Holy Sion, which had been founded by his uncle. But the Lord again indicated another path for him, “Nicholas, this is not the vineyard where you shall bear fruit for Me. Return to the world, and glorify My Name there.” So he left Patara and went to Myra in Lycia.

Upon the death of Archbishop John, Nicholas was chosen as Bishop of Myra after one of the bishops of the Council said that a new archbishop should be revealed by God, not chosen by men. One of the elder bishops had a vision of a radiant Man, Who told him that the one who came to the church that night and was first to enter should be made archbishop. He would be named Nicholas. The bishop went to the church at night to await Nicholas. The saint, always the first to arrive at church, was stopped by the bishop. “What is your name, child?” he asked. God’s chosen one replied, “My name is Nicholas, Master, and I am your servant.”

After his consecration as archbishop, St Nicholas remained a great ascetic, appearing to his flock as an image of gentleness, kindness and love for people. This was particularly precious for the Lycian Church during the persecution of Christians under the emperor Diocletian (284-305). Bishop Nicholas, locked up in prison together with other Christians for refusing to worship idols, sustained them and exhorted them to endure the fetters, punishment and torture. The Lord preserved him unharmed. Upon the accession of St Constantine (May 21) as emperor, St Nicholas was restored to his flock, which joyfully received their guide and intercessor.

Despite his great gentleness of spirit and purity of heart, St Nicholas was a zealous and ardent warrior of the Church of Christ. Fighting evil spirits, the saint made the rounds of the pagan temples and shrines in the city of Myra and its surroundings, shattering the idols and turning the temples to dust.

In the year 325 St Nicholas was a participant in the First Ecumenical Council. This Council proclaimed the Nicean Symbol of Faith, and he stood up against the heretic Arius with the likes of Sts Sylvester the Bishop of Rome (January 2), Alexander of Alexandria (May 29), Spyridon of Trimythontos (December 12) and other Fathers of the Council.

St Nicholas, fired with zeal for the Lord, assailed the heretic Arius with his words, and also struck him upon the face. For this reason, he was deprived of the emblems of his episcopal rank and placed under guard. But several of the holy Fathers had the same vision, seeing the Lord Himself and the Mother of God returning to him the Gospel and omophorion. The Fathers of the Council agreed that the audacity of the saint was pleasing to God, and restored the saint to the office of bishop.

Having returned to his own diocese, the saint brought it peace and blessings, sowing the word of Truth, uprooting heresy, nourishing his flock with sound doctrine, and also providing food for their bodies.

Even during his life the saint worked many miracles. One of the greatest was the deliverance from death of three men unjustly condemned by the Governor, who had been bribed. The saint boldly went up to the executioner and took his sword, already suspended over the heads of the condemned. The Governor, denounced by St Nicholas for his wrong doing, repented and begged for forgiveness.

Witnessing this remarkable event were three military officers, who were sent to Phrygia by the emperor Constantine to put down a rebellion. They did not suspect that soon they would also be compelled to seek the intercession of St Nicholas. Evil men slandered them before the emperor, and the officers were sentenced to death. Appearing to St Constantine in a dream, St Nicholas called on him to overturn the unjust sentence of the military officers.

He worked many other miracles, and struggled many long years at his labor. Through the prayers of the saint, the city of Myra was rescued from a terrible famine. He appeared to a certain Italian merchant and left him three gold pieces as a pledge of payment. He requested him to sail to Myra and deliver grain there. More than once, the saint saved those drowning in the sea, and provided release from captivity and imprisonment.

Having reached old age, St Nicholas peacefully fell asleep in the Lord. His venerable relics were preserved incorrupt in the local cathedral church and flowed with curative myrrh, from which many received healing. In the year 1087, his relics were transferred to the Italian city of Bari, where they rest even now (See May 9).

St Nicholas is the patron of travelers, and we pray to him for deliverance from floods, poverty, or any misfortunes. He has promised to help those who remember his parents, Theophanes and Nonna.

St Nicholas is commemorated on December 6. He is also commemorated on May 9 (The transfer of his relics) and on July 29 (his nativity).

 

http://ocafs.oca.org/

Извор: Манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная