логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Авва Памво


На Нитриската Гора живееше и блажениот Памво. учител на епископот Диоскор, на браќата Амониј, Евсевиј и Евтимиј, и на Ориген, роднината на Драконт, човек прекрасен и славен.
                  Памво имаше многу, многубројни и различни добродетели и превосходства, но меѓу неговите големи добродетели особено се истакнуваше оваа добродетел: големиот презир кон златото и среброто, каков што бара Господовото слово. Блажената Меланија ми раскажуваше: “Наскоро по моето доаѓање од Рим во Александрија, откако чув од блажениот презвитер Исидор гостоприемникот, за добродетелниот живот на Памво, јас тргнав кај него во пустината со Исидор, и му однесов едно ковчеже со седумдесет и пет оки сребро, и го замолив да го прими овој мој имот. А тој, седејќи и плетејќи палмови гранчиња, ме благослови само со збор, и рече: “Бог нека те награди”.

Потоа му рече на својот ученик Ориген: “Земи го ова и распредели го на браќата, кои живеат во Либија и по островите, оти тие манастири се посиромашни од другите”. И му нареди, на браќата во Египет да не им дава од тие пари, бидејќи нивната земја е поплодна од другите. Јас, пак – раскажуваше Меланија – стоев и чекав да ме удостои со благослов, или барем да каже некој пофален збор за ваквиот дар, но откако не чув ништо од него, јас му реков: “Треба да знаеш, господине, оти овде има седумдесет и пет оки сребро”. Тој ни по тоа не ја крена главата, туку ми одговори, не погледнувајќи ниту во ковчежето: “Чедо, Оној, Кому Му го донесе тоа, нема потреба да Му кажуваш колку тежи, бидејќи тоа горе Он го мерел и ја поставил мерката, и уште многу порано Он ја знае тежината на ова сребро. Да ми го даваше мене, ќе беше добро да ми ја кажеш и количината, но ако го донесе на Бога, Кој не ги отфрли ниту двете лепти, туку ги оцени поскапо од сите останати дарови, тогаш молчи и биди спокојна”.
                  Така дејствуваше благодатта Господова – велеше блажена Меланија – кога јас дојдов на оваа Гора. Наскоро потоа се упокои овој Божји човек, без боледување и без да страда телесно. Тој плетел кошница и испратил од монасите по мене, да ме повикаат. И кога го исплете и последното гранче, тој ми рече: “Земи ја оваа кошничка од моиве раце, како спомен од мене, оти немам ништо друго да ти оставам”. Тој почина без болест, предавајќи го својот дух на Господа во својата седумдесетта година. Откако го обвиткав телото на светителот со тенко платно и го ставив во гроб, јас ја напуштив пустината; а кошничката ќе ја чувам сè до мојата смрт”.
           Помеѓу другото се раскажува и за ова дело на светиот Памво. Еднаш дошол при него блажениот Пиор, подвижникот, носејќи го својот леб. А кога Памво го укорил: “Зошто го направи тоа?” Пиор му одговорил: “за да не те оптоварувам”. Памво се разделил со него, ништо не зборувајќи. По некое време големиот Памво отишол во ќелијата на Пиор, носејќи со себе веќе навлажнет леб. Запрашан од него, зошто го навлажнил лебот, Памво му одговорил: “Го натопив во вода, и јас да не те оптоварам тебе”.
            Кажуваа дека Памво на својот смртен час, на презвитерот Ориген и економот Амониј, луѓе познати, кои стоеле крај неговиот одар, им рекол: “Откако сум дојден на ова место во пустината и ја изѕидав оваа ќелија населувајќи се во неа, јас немам пропуштено ниту еден ден, а да не работам со своите раце, ниту, пак, паметам дека некогаш сум јадел леб бадијала, ниту подарен од некој друг. Не се каам ниту за еден збор, кој досега сум го изговорил. И така јас заминувам при Бога, како се уште да не сум почнал да Му служам”.
* * *
           Слугите Христови, Ориген и Амониј, ни сведочеа и ова ни го кажаа за ава Памво: “Кога го прашуваа за нешто од Светото писмо, или за нешто друго, тој никогаш не даваше веднаш одговор, велејќи дека сеуште нема најдено одговор. Често пати поминуваа и по три месеци, а тој се уште не даваше одговор, велејќи дека сеуште не знае што да одговори. Тој поради страв Божји беше многу внимателен во своите одговори, така што неговите одговори ги примаа со голема стравопочит, како одговори на Самиот Бог. Со оваа добродетел, односно прецизноста во словото, раскажуваа дека ги надминуваше сите светители, па дури и Антониј Велики”.

Otec Gavril-fb
31.07.2023

 

Тропар на преподобниот отец
Памво
18 јули / 31 јули

Испосниче Христов,
усто замолкната но секогаш за збор Господов спремна,
срце очистено кое на Бога само се надева,
Памво оче свет преподобен,
моли се за нас сиромавите,
со молитва од духот твој облагодатен,
незамолчливо, непрестано пред Христа Бога.

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2246
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2249
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 705
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

12/06/2026 - петок

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная