логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Marija.Egipetska.Priches

✤ ✤

 

И таа продолжи да раскажува: „ Младичот, кога ја слушна бесрамноста на моите гнасни зборови, се насмеа и си отиде. А јас ја фрлив фурката, што ја имав тогаш при себе, и побрзав кон морското пристаниште. Таму здогледав една група од десетина млади луѓе, кои ми се видоа погодни за мојата страст, а многу беа и веќе искачени на лаѓата. И јас, по својот обичај, бесрамно се втурнав меѓу нив и им реков: - Поведете ме и мене таму кадешто одите! Нема да ви бидам непријатна! И додадов уште некои грди зборови, на што сите тие почнаа да се смеат. И гледајќи ја мојата бесрамност, тие ме зедоа со себе во својата лаѓа. И лаѓата тргна на пат. А како да ти раскажам, човеку Божји, што се не се случуваше за време на пловидбата! Кој јазик би можел да го искаже, и кое уво да го поднесе злото на моите дела, што ги направив во лаѓата за сето тоа време? Јас, тогаш, проклетницата, ги наведував на грев и оние што не сакаа. И им бев учителка на секакви искажливи и неискажливи нечистотии, на кои им нема ни пример. Верувај ми оче, се чудам, како морето го поднесе тоа мое блудничење. И како земјата не ја отвори устата своја и не ме фрли во пеколот, мене, која толку многу души  вовлеков во мрежата на смртта? Но, сигурно Бог го барал моето покајание, не сакајќи ја смртта на грешникот, туку трпеливо чекајќи го неговото обраќање.
Така допатував во Ерусалим и деновите пред празникот ги поминав во уште поголеми гнасотии. Бидејќи не ми беа доволни оние момчиња, со кои допатував, туку и многу други граѓани и туѓинци наведов на грев. А, кога дојде празникот Крстовден, јас и тогаш ги ловев младите души. На самиот ден Крстовден, рано наутро, видов како сите брзаат во храмот. Појдов и јас и со другите влегов во тремот на храмот. Кога започна моментот на воздвижение на Чесниот Крст Господов, се потрудив и јас со народот да влезам во храмот, но имаше многу свет и туркање, и јас, бедната, со голема мака, одвај се доближив кон вратата на храмот. Но, кога стапнав на прагот, некаква невидлива сила ме задржа и не ми даваше да влезам, додека сите други непречено влегоа внатре. И така, останав сама во тремот. Но сметајќи дека тоа ми се случи поради женска немоќ, јас повторно се обидов и им се придружив на едни други, што пристигнуваа. Се принудував себеси да влезам, но попусто, бидејќи штом својата грешна нога ќе ја ставев на прагот, некоја неочекувана, невидлива сила веднаш ме спречуваше и јас се враќав назад во тремот. И така се обидував три - четири пати, но се беше попусто; не можев да влезам. Преморена од срам и изненадена, се повлеков настрана и застанав во еден агол од тремот на храмот. И кога едвај, малку се прибрав, јас се запрашав себеси: - Што е тоа што не ми дозволува да го видам Животворното дрво на Крстот Господов? Тогаш до очите на срцето мое се допре светлината на спасоносното сознание: светлата заповед Господова, која ги просветува духовните очи, ми покажа дека тежината на делата мои не ми дозволува да влезам во храмот. И јас почнав да плачам и да ридам, и во градите да се удирам, воздивнувајќи од длабината на срцето. Плачејќи така, ги подигнав очите и горе на ѕидот од тремот, здогледав икона на Пресвета Богородица и почнав да и се молам со сиот свој дух, говорејќи: - О, Дево Владичице, Која Бога Словото во тело си Го родила! Знам, добро знам дека јас, вака нечиста и гадна блудница, не сум достојна ни да погледнам на Твојата чесна икона, икона на пречистата Приснодева Марија, Која имаш и тело и душа чисти и неосквернети. И со право, Твојата девствена чистота ме мрази и презира, мене блудницата. Но, бидејќи сум слушала дека Бог, Кого си Го родила, токму затоа постанал човек, за да ги повика грешниците на покајание; помогни ми мене, осамената, која од никого немам помош. Направи и мене да ми биде допуштен влез во храмот и не ме лишувај од тоа да го видам Чесното Дрво, на кое, со тело беше распнат Бог, од Тебе родениот, Кој крвта Своја ја даде за мое искупување. Нареди, о, Владетелке, и мене да ми се отвори вратата, за да можам да му се поклонам на Божјиот Крст! Ти, самата, биди ми најверодостоен сведок пред Синот Твој, дека никогаш повеќе телото свое не ќе го осквернам со блуд, туку штом ќе го видам светото Крсно Дрво на Твојот Син, јас ќе се откажам од светот и од се на светот, и веднаш ќе појдам таму, кадешто  Ти,  како посредничка на моето спасение, Самата ќе ме упатиш!
Штом го кажав ова и добив, нешто како известување, јас поттикната од огнена вера и утврдена со надеж во милосрдието на Богородица, тргнав од местото на кое стоев и се молев, и пак им се придружив на оние кои влегуваа во храмот. И сега веќе никој не ме задржуваше, ниту спречуваше да се приближам до вратата, која водеше во храмот. Но, ме имаше опфатено голем страв и ужас, па целата се тресев и треперев. И кога дојдов до вратата, која до тогаш ми беше затворена, јас без никаква мака влегов во храмот, се удостоив да го видам Чесното и Животворно Дрво на Крстот, и ги видов Тајните Божји и тоа дека Господ е секогаш подготвен да ги прими оние кои искрено се каат. И како паднав на земјата, се поклонив на Чесниот Крст, го целивав со страв, па излегов, брзајќи кон мојата Заштитничка. И кога дојдов пред светата икона на мојата Посредничка, паднав на колена пред Приснодева Марија, и го изговорив ова:  - О, секогаш блажена Дево Владичице, Богородице, Ти го покажуваш на мене своето преблаго човекољубие! И не се гнасиш од моите недостојни молитви, зашто ја видов славата, која јас, блудницата, навистина не сум достојна да ја видам. Му благодарам на Бога, Кој заради Тебе го прима покајанието на грешниците! И што уште имам  да размислувам или да кажам јас, грешната? Време е, веќе, Владичице, да го исполнам ветувањето, што Ти го дадов како на моја Посредничка: еве, упати ме сега каде сакаш! И отсега биди ми учителка на спасението, водејќи ме по патот на покајанието!
Кога го изговорив ова, слушнав глас, како од далеку ми довикува:  - Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш мир! А јас, кога го слушнав овој глас, и уверена дека мене ми е упатен, со солзи повикав кон иконата на Богородица: - Владичице, Богородице, не оставај ме!
И откако, така, се помолив со плач, јас излегов од тремот на храмот, и почнав да чекорам многу брзо. Додека така брзав, некој ме виде и ми подаде три парички, велејќи ми: - Прими го ова, мајко! - Јас ги примив и купив за нив три леба. И го прашав продавачот на леб: - Кој пат води кон Јордан? Тој ми покажа, и јас тргнав, брзајќи и солзи ронејќи. А кога денот беше при крај и сонцето на заоѓање, јас стигнав до храмот на Св. Јован Крстител, покрај Јордан. Откако се помолив во храмот и се поклонив, слегов веднаш на Јордан и со неговата света вода ги измив рацете и лицето. И повторно се вратив во храмот и се причестив со Пречистите и Животворни Христови Тајни. Потоа изедов половина од едниот леб, па се напив вода од Јордан, легнав на земја, и преноќив, одмарајќи се. А кога зората зазори, најдов мал чамец, се префрлив на другата страна од Јордан, и повторно и се помолив на мојата Патеводителка - Пресветата Богородица, да ме упати кадешто сака Таа. И јас дојдов во оваа пустина, и од тогаш до денес пребивам овде, чекајќи Го Бога, Кој ме спасува од малодушноста и од бурата, зашто само Нему Му се обраќам.“Зосим тогаш ја праша: „Колку години има, госпоѓо моја,  откако си се населила во пустината?“ Таа му одговори: „Четириесет и седум години, откако излегов од Светиот Град.“ Зосим ја праша: „Со Што се хранеше, госпоѓо моја?“ Таа одговори: „Кога го поминав Јордан, имав два и пол леба. Тие постепено се исушија и се скаменија и неколку години јас ги јадев по малку, додека не ги изедов.“ Зосим потоа пак ја праша: „Како толку време си поминала, дали си била во опасност, дали те смутувала некаква непријателска сила?“
Таа му одговори: „Ме прашуваш за нешто , авва Зосиме, за кое се плашам да ти одговорам. Бидејќи ако почнам да ги набројувам многубројните опасности, што сум ги поднела, и лутите помисли, што ме смутувале, се плашам, тие повторно да не ме зафатат.“  На тоа Зосим и рече: „Госпоѓо моја, не изоставај ништо, зашто токму тоа те молев, подетално да ми го раскажеш.“ Тогаш таа му одговори: „Верувај ми, авва Зосиме, седумнаесет години поминав во оваа пустина, борејќи се со моите безумни желби, како со лути ѕверови. Оти кога ќе почнев да јадам, посакував месо и риби, со кои се хранев во Египет. А го посакував и своето омилено пиење: виното, бидејќи многу пиев, додека бев во светот. Овде пак, ни вода немав, па силна жед ме измачуваше и јас страшно патев. Понекогаш ме измачуваше желба за развратни песни и ме принудуваше да ги пеам демонските песни, на кои бев навикната. Но во такви моменти, јас ќе почнев да плачам и да се бијам в гради, сеќавајќи се на заветите што ги дадов пред  да дојдам во оваа пустина, а во мислите се пренесував пред иконата на Пресвета Богородица, мојата Посредничка, и пред неа  плачев, молејќи ја да ги изгони од мене помислите, кои толку ја измачуваа мојата бедна душа.st_mary_of_egyptnamalena.jpgИ откако долго ќе плачев и в гради искрено се удирав, некаква светлина ќе ме осветлеше од сите страни и спокојство ќе го обземеше моето битие. А, што да ти кажам, пак, за блудните помисли, што ме напаѓаа? Авва, прости ми: оган се запалуваше во моето острастено срце и целата ме опфаќаше и на посакуваното телесно соединување ме принудуваше. Но, кога таква помисла ќе ме нападнеше, јас се фрлав на земја и со солзи се залевав, замислувајќи се како стојам пред мојата Посредничка и Таа го осудува мојот престап и ми укажува на грозните маки. И дење и ноќе не се подигав од земја, се додека не ме осветлеше онаа слатка светлост, одгонувајќи ги тешките, гнасни помисли. А очите свои ги упатував кон мојата Посредничка, молејќи ја непрестајно да ми биде на помош мене, бедната, во оваа бескрајна пустина. И навистина, Таа ми беше помошничка, и во покајанието сотрудничка. И така поминав 17 год, поднесувајќи безброј маки. Од тогаш, па се до денес, помошничката моја Богородица ме раководи во се и за се.“
Зосим потоа ја праша: „Зарем, немаше , повеќе, никакви потреби?“ Таа одговори: „Откако ги изедов оние лебови, јас 17 год. се хранев со зелје, што расте во ова пустина. А облеката со која ја минав реката Јордан, од изветвеност се распадна, па имав големи маки од мразот зиме, а лете од жештината. Преку зима многу пати се тресев, премирав и треперев од студ, паѓав на земја како мртва и долго  неподвижна лежев. Се борев со многу и разновидни неволји и неизмерни искушенија. А од тогаш, па до денес, голема сила Божја ја закрилуваше мојата грешна душа и моето ништожно тело. Зашто, размислувајќи само, од какви се зла ме имаше избавено Господ, јас стекнав непотрошлива храна, надеж за спасението мое. И се хранам и покривам со Словото Божјо, кое држи се и сите: зашто не живее, човекот, само од леб, туку од секој збор кој излегува од устата Божја  (Мт. 4,4). И тие кои немаа засолниште, меѓу камења се засолнуваа, бидејќи ја соблекоа од себе облеката на гревот (Спореди Јов. 24,8).“
А кога Зосим слушна, како таа се повикува на Мојсеј и на Пророците и на псалмите, тој ја праша: „Каде ги учеше, госпоѓо, псалмите и другите книги?“ А таа, насмевнувајќи се, му одговори: „Верувај ми, човеку, откако го поминав Јордан, јас не видов друг човек, освен твоето лице денес. А не видов ни ѕвер, ниту било кое друго животно. Книги никогаш не сум читала, ниту слушнала некој друг да чита или пее, туку живото и дејствително Слово Божјо го учи човекот на знаење. Ете, со ова ја завршувам својата животна приказна. А сега, те заколнувам во овоплотениот Логос Божји, да се молиш за мене блудницата.“
Кога таа го изговори ова и го заврши своето кажување, старецот поита да и се поклони и со солзи повика: „Благословен да е Бог, Кој твори големи и страшни, славни и прекрасни, неискажливи нешта, на кои им нема број. Благословен да Е, зашто ми покажа со што ги дарува  оние кои се плашат од Него. Навистина, Ти не ги оставаш оние кои Те бараат, Господи!“ А таа го запре старецот и не му допушти да и направи метанија, велејќи му: „Те заколнувам, оче, во Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител, да не кажуваш никому ни збор, од ова што  го слушна од мене, додека Бог не ме земе од земјава. А сега оди си со мир, и догодина пак ќе ме видиш, благодарејќи и на благодатта Божја, која не чува. Но,  Господа ради, исполни ми ја оваа молба: идната година, за постот, не го поминувај Јордан, како што е тоа правило на вашиот манастир.“Кога го слушна тоа, Зосим се восхити дека таа го знае дури и поредокот во неговиот манастир. И ништо друго не велеше освен: „Слава Му на Бога, Кој им дава големи нешта на оние кои Го љубат!“ А таа му рече: „Остани, значи, Авво, во манастирот, како што ти велам, зашто и кога би посакал, ти не ќе можеш да излезеш. А на светиот Велики Четврток, во времето на Тајната Вечера Христова, земи Ги, во светиот сад, Животворното Тело и Крвта на Христа, нашиот Бог, па дојди на онаа страна на Јордан, близу онаа населба, и причекај ме. Јас ќе дојдам  да ме причестиш со Животворните Дарови, зашто не се имам причестено, од времето кога се причестив во храмот на Светиот Претеча, пред преминувањето на Јордан. А сега од се срце сакам да се причестам, па те молам: не ја презирај мојата молба, туку по секоја цена донеси ми ги Животворните Божествени Тајни, да се причестам во денот, кога Господ Своите Ученици ги направи причесници на божествената Вечера. А на Јована, игуменот на манастирот во кој живееш, кажи му: „Внимавај на себе и на своето стадо, зашто таму се прават некои работи, кои треба да се исправат. Но, сакам тоа да му го кажеш, не сега, туку кога Господ ќе ти нареди."Откако го рече тоа и испроси од старецот молитва за себе, таа замина во внатрешноста на пустината. А Зосим, поклонувајќи се до земја, го целива местото, каде стоеја стапките на нејзините нозе, па Го славеше Бога. Потоа се врати, величајќи и благословувајќи Го Христа, нашиот Бог. Како ја помина пустината, тој стигна во манастирот во одредениот ден, т.е. на Цветници. И таа година, тој премолчи за она што го виде и никому не смееше да каже. А во себе Го молеше Бога, пак да му го покаже тоа сакано лице. И тагуваше и очајуваше, размислувајќи колку е долга годината, и сакаше тоа време да помине брзо, како еден ден. А кога се приближи првата недела од Светиот и Велик Пост, сите браќа се подготвија и откако, според манастирскиот обичај, направија молитва, со пеење излегоа во пустината.  Но, бидејќи Зосим се разболе, тој беше принуден да остане во манастирот. И се сети како таа, преподобната, му кажа дека и да сака, нема да може да излезе од манастирот. Но после не многу денови, тој оздраве и пребиваше во манастирот. А кога браќата се вратија од пустината и се приближи Велики Четврток, Зосим направи според ветувањето: стави во мала чаша Света Причест- Пречистото Тело и Крвта Христова , па тоа го стави во корпа. Освен тоа, зеде малку суви смокви и урми и малку леќа раскисната во вода и доцна навечер отиде на договореното место и седна на брегот од реката Јордан, чекајќи ја преподобната. Иако светителката долго време ја немаше, Зосим не задрема, туку неуморно гледаше кон пустината, очекувајќи да го здогледа она што толку срдечно го посакуваше. И седејќи така, старецот си велеше во себе: „Да, не, мојата недостојност ја спречи да дојде, или, пак, веќе дошла и се вратила, бидејќи не ме најде?“ Така размислувајќи, старецот воздивна и заплака, па откако ги подигна очите кон небото, Го молеше Бога и велеше: „Господи, не ме лишувај од радоста, повторно да го видам тоа лице, кое ме удостои да го видам, за да не заминам празен, носејќи ги гревовите свои, на своја осуда.“ Бидејќи така се помоли со солзи, тој повторно почна да размислува во себе: „Што корист и да дојде, кога нема чамец? Како ќе ја помине реката Јордан и како ќе дојде при мене, недостојниот? Тешко мене, поради мојата недостојност! Тешко мене, ако бидам лишен од такво добро!“
Додека старецот така размислуваше, ете, се појави преподобната и застана на онаа страна на реката, од кадешто доаѓаше, а Зосим се исправи на нозе, сиот радосен и весел, фалејќи Го Бога. Но повторно почна да го мачи мислата, како таа ќе ја помине Јордан. Тогаш тој виде, зашто беше полна месечина, дека таа ја осени со крсен знак реката Јордан и тргна по водата и одејќи по неа, како по суво, полека му се приближуваше. Тој  сакаше да и се поклони, но светителката, која сеуште одеше по водата, оддалеку му забрани, велејќи: „Што правиш, оче, ти - свештеник, па уште ги носиш и божествените Тајни.“ И тој ја послуша. А кога таа слезе од водата, му рече на старецот: „Благослови, оче, благослови!“ Тој, пак, одговарајќи со трепет, и рече: „Навистина Е праведен Бог, Кој вети дека ќе ги уподоби на Себе, оние кои се очистуваат себеси, според силата на својата молитва. Слава Ти на Тебе, Христе Боже наш, што преку оваа Твоја слугинка ми покажа, колку сум далеку од вистинското совршенство.“
Кога Зосим го изговори ова, преподобната го замоли да го прочита Символот на верата, и Господовата молитва. А кога тој го направи тоа, Светителката се причести со Пречистите и Животворни Христови Тајни, и според обичајот, го целива старецот. Потоа, подигајќи ги рацете кон небото, таа воздивна, заплака и извика: „Сега отпушти ја, со мир, слугинката Своја Господи, зошто очите мои го видоа спасението Твое!“ И тогаш му се обрати на старецот: „Прости ми, Авва Зосиме, те молам, исполни ми уште една желба: оди сега во својот манастир, осенет од Божјиот мир, а идната година, дојди повторно на оној поток, каде првпат разговаравме. Дојди, те молам, дојди Господа ради, и пак ќе ме видиш, како Што сака Господ.“  А тој на тоа и одговори: „Би сакал, ако е можно, да одам по тебе и да го гледам чесното твое лице. Но те молам, исполни ми ја мене, старецот, оваа единствена молба: Земи малку од храната што ја донесов овде.“ И како и го рече тоа, ја понуди со она што го имаше донесено во корпата. Таа со прстите зеде три зрна леќа, ги стави во устата, и рече: „Доста е ова за духовната благодат, која ја чува неосквернета природата на душата.“ И пак му се обрати на старецот: „Моли Го Господа за мене, оче мој, моли, спомнувајќи ме секогаш мене, бедната!“ А тој се поклони пред нејзините нозе, и ја молеше и самата да Му се моли на Бога за Црквата, за царевите и за него. Измолувајќи го ова од неа со солзи, тој ја остави да си замине, а самиот липаше и плачеше; зашто не смееше долго да ја задржува, иако посакуваше, бидејќи таа неизоставно сакаше да си замине. И таа, штом ја осени повторно Јордан со крсниот знак, ја помина, одејќи по водата, како и првиот пат. Тогаш старецот се врати, обземен од радост и голема стравопочит. Притоа се прекоруваше себеси и длабоко жалеше, што не го дозна името на преподобната. Но, се утеши со надежта дека ќе го дознае идната година.

ПРОДОЛЖУВА

Zosimas_and_Mary_of_Egypt.jpg

 III ДЕЛ

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная