логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ЗАДУШУВАЧКАТА РОДИТЕЛСКА ЉУБОВ


Архимандрит Андреј (Конанос)

Нужно е да ги разбереме децата дома-домашната црква. Кога децата не се такви, какви што ние сакаме да бидат. Разбери си го малку детето, затоа што е различно, зашто син ти сака да учи едно, а ти нешто друго? Зашто ќерка ти сака да се омажи за еден, а ти сакаш некој друг и за тоа мислиш 6 години? И после се чудиш зашто детето го прави тоа што не го сакаш? И прашањето на детето е-зашто ти не ме разбираш? Зашто не разбираш, дека не сме исто, што ти си одела по твојoт пат, дека треба и јас одам по мојот и ако ме сакаш, тоа означува, дека ме уважуваш и ако ме уважуваш, остави ме да ги раширам крилјата, да го направам мојот избор, не ме задушувај! Кога ќе ме разбереш, ќе видиш, дека и ти се чувствуваш добро-така, како што си-ако ме оставиш, пак ќе се вратам кај тебе. Колку што повеќе го уважуваш детето да ги отвори крилјата, толку повеќе се враќа во твоето гнездо, домашното гнездо. Колку повеќе го притискаш, ќе го загубиш засекогаш. Ќе го слушне името на мајка си и ќе чувствува, дека треба да бега далеку-далеку од нив! Отворен притисок! Отворено тормозење!

Има родители кои, направиле куќи за своите деца, мечатаат каде ќе живеат, каква професија ќе имаат, и кога се им оди добро-нека се оди добро-детето не се согласува. Го разбираш ли своето дете? Тоа е тешкото. Љубовта ќе рече да оставам да избегаш од мене, ако е нужно. Многу е тешко тоа. Го кажувам и како мој проблем. Кога љубиме, обично она, што го љубиме, сакаме да го задржиме, зашто длабоко во нас имаме потреба од него. Мајката плаче за детето бидејќи се жени или мажи, син или ќерка, додека детето добро си минува. Тогаш зошто плачеш бре, госпоѓо? Ама, го сакам! Ама тоа се чувствува многу добро! Ама несакам да биде далеку. Добро. Помисли малку повеќе, разбери малку подобро што чувствуваш-т.е. (чувствуваш дека) имам потреба од него, не плачам за детето, детето е добро. Учи во Германија, јаде колбаси, пие пиво, нема проблеми! Но, јас се измачувам!Ми недостасува детето! Следствено, тоа не е чиста љубов таква, каква што има Бог. Она, што Бог го прави-но, не за да нè има како сопствен посед, да не проголта, туку со уважување, го прави бидејќи сака многу силно да бидеме до Него, но преку нашите сопствени дарби, кои ќе процветаат и ќе се развијат.

Ние сакаме да го заковеме другиот-ќе стоиш тука, близу до мене! Другиот има веќе 40-45 години и мајка му ми се јавува да види што прави дома, оти уште не сфатила, дека детето веќе има жена, која го сака и таа е неговата сопруга. Всушност, тоа значи дека љубовта разбира и мајката треба-побрзо да разбере, дека детето веќе не ѝ принадлежи и (дека треба да каже): Дете мое, врви напред!, а не: Каква боја има автомобилот што го купи, дете мое? Таа ли ти кажа да ја купиш таа боја? Да. Не ме праша, дете мое, не ме праша! Да и кажеш, дека ќе и објаснам како да ги приготви доматите! Сеуште незнае! Тоа, љубов ли е? Само наликува, но, ако мајката, која го рече тоа, е искрена, ќе види, дека тоа е освојувачка љубов и задушување на душата на другиот. Следствено, љубовта не го бара своето, т.е. ти да бидеш добро дете мое, иако си далеку од мене, јас ќе бидам радосна, зашто ќе бидеш со жена ти и детето!

Го напомнувам она кое го кажав на почетокот-сите меѓу нас се сакаме. Нема душа, која не ја сака другата душа. Умот ни дава заповеди и ни вели-е, оној, не го сакај! Види го каков е! Тој е од еди-кој си, оди таму. Душата љуби, умот одделува и поставува такви радвојувачки граници. Ако го разбереме другиот, тогаш реално можеме да му помогнеме во централните моменти во неговиот живот.
Мене ме обременуваат други луѓе, кои си мислат, дека се повредни и кога зборуваат, го создаваат впечатокот, дека сѐ знаат. На пример седат на официјален ручек и постојано искажуваат мислење и сметаат, дека имаат поверно сфаќање, поумна идеа, жена му го настапува под масата; престани сега! Сите така правиме и стануваме за резил. Тој не го сака во себе, но треба да разбереме, дека како дете никој него не го пофалил и не му кажал-знаеш  ли и ти си значаен човек. Во секој случај да знаете дека оној, кој сака малку да се покаже, е чувствителен човек, макар што станува одбивен. Длабоко во себе сака еден убав збор, сака да му кажеш-ела и ти, да ти покажам малку љубов, да те разберам, ела да ти ја покажам твојата вредност! Никој не му дал вредност, да му каже: ти си човек со карактер!-и тој тргнува да го покажува на некој ручек. Ми се случувало многу пати...

превод: М.Б.

изворник: http://pravoslaven-sviat.org/2013/10/07/zadushavashtata-liubov-na-roditelia/

Друго:

архим. Андреј (Конанос): Големо нешто е да го живееш животот коj ти се допаѓа

архим. Андреј (Конанос): Живот без стрес

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1110
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1048
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

« »