логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  sv.filaret.moskovski.jpg

Свети Филарет Московски

ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС
(електронска верзија)

Кумановско-осоговска епархија
Куманово, 2013

 

146.Што говори Светото писмо за едносуштноста на Отецот и Синот?
    Во Светото писмо Самиот Исус Христос за Себе и за Бог Отецот вели вака: Јас и Отецот едно сме (Јн. 10, 30).
    147.Што значи: преку кого сѐ стана?
    Зборовите од Символот на верата преку кого сѐ стана покажуваат дека Отецот сѐ создал преку Својот Син како Своја вечна премудрост и Свое вечно Слово. Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана(Јн. 1, 3).

За третиот член на Символот на верата
    148.За кого се вели дека „Слезе од небесата“?
    Слезе од небесата – така е речено во Символот на верата за Синот Божји.
    149. Како може да се вели дека „Бог слезе од небесата“, кога Тој е сеприсутен?
     Навистина е речено: Бог слезе од небесата, иако како Бог Тој е сеприсутен. Како сеприсутен Тој е секогаш на небесата и секогаш на земјата; но на земјата претходно бил невидлив, а потоа се појавил во плот (тело), во таа смисла е кажано дека слегол од небесата.
    150. За тоа во Светото писмо се говори со зборовите на Самиот Господ Исус Христос: Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој пребива на небото (Јн. 3, 13).
    151.Зошто Синот Божји слезе од небесата?
    Заради нас луѓето и заради нашето спасение, како што е речено во Символот на верата.
    152. Речено е дека Синот Божји слезе од небото заради нас луѓето, во таа смисла што Тој дошол на земјата, не за еден определен народ и не за некои определени луѓе, туку за спасение на сите нас, за спасение на луѓето воопшто.
    153. Кого дојде да го спаси Синот Божји?
    Синот Божји дошол на земјата за да ги спаси луѓето од гревот, проклетството и смртта.
    154.Што е грев?
    Гревот е престапување на законот. Гревот е беззаконие (1 Јн. 3, 4).
    155. Од каде влегол гревот меѓу луѓето?
     Гревот влегол меѓу луѓето од ѓаволот. Оној Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот(1 Јн. 3, 8).
    156. Кога влегол гревот меѓу луѓето?
     Гревот преминал од ѓаволот во луѓето, кога ѓаволот ги измамил Ева и Адам и ги навел да ја нарушат Божјата заповед.
    157. Која заповед ја нарушил Адам?
     Бог во рајот му заповедал на Адам да не вкусува од плодовите на дрвото на познанието на доброто и злото и, притоа, му рекол дека само што ќе вкуси од нив ќе умре.
    158.Зошто вкусувањето од дрвото на познанието на доброто и злото станало смртоносно за човекот?
    Затоа што тоа вкусување било соединето со непослушание на Божјата волја. Така, непослушанието го одделило човекот од Бога и Неговата благодат, и го оттуѓило од животот во Бога.
    159. Зошто рајското дрво го нарекувале дрво на познание на доброто и злото?    

Името кое го носи дрвото на познанието на доброто и злото соодветствува со самата суштина на тоа дрво, бидејќи човекот преку тоа дрво спознал преку својот опит каква добрина се содржи во послушанието кон Божјата волја, а какво зло во нејзиното спротивставување.
    160. Зошто било можно непослушанието кон Божјата волја?
     Адам и Ева го послушале ѓаволот и наспроти Божјата волја. Бог, по Својата благост при создавањето на човекот му дал волја. Таа била природно расположена да Го љуби Бога, но притоа и слободна, а човекот ја употребил волјата за зло.
    161.Како ѓаволот ги опрелестил Адам и Ева?
    Ѓаволот ги измамил Адам и Ева на следниов начин. Ева во рајот ја видела змијата која ја уверила дека доколку луѓето вкусат од плодовите на дрвото на познанието на доброто и злото, тогаш ќе го спознаат доброто и злото и ќе бидат подобни на богови. Ева се измамила од тоа ветување и од убавината на плодовите и вкусила; Адам, пак, по нејзиниот пример, исто така, вкусил.
    162.Што произлегло од гревот на Адам?
    Од неговиот грев произлегле проклетството и смртта.
    163.Какво проклетство произлегло?
    Тоа проклетство е осудување со праведниот Божји суд на гревот, и на земното зло, кое произлегува поради гревот, како казна на луѓето. Бог му рекол на Адам: земјата нека биде проклета поради тебе(1 Мојс. 3, 17).
    164.Каква смрт произлегла од Адамовиот грев?
    Од гревот на Адам произлегла двојна смрт: телесна, тоа е онаа смрт кога телото се лишува од душата, којашто му дава живот, и духовна, кога душата се лишува од Божјата благодат, која го оживува со виш духовен живот.
    165. Како умира душата?
    Душата може да умре, но не така како што умира телото. Телото, кога умира, го губи чувството и се разрушува, а душата, кога умира преку гревот, се лишува од духовната светлина, од радоста и блаженството, но не се разрушува и не се уништува, туку останува во состојба на мрак, мака и страдање.
    166. Зошто умираат луѓето?
    Не умреле само првите луѓе, туку умираат сите, затоа што сите се родени од Адам, заразениот со грев, и сите и самите грешат. Како што од заразен извор тече заразен поток, така од родоначалникот кој е заразен со грев, па затоа е смртен, произлегува заразено со грев, и затоа смртно потомство.
    167. Светото писмо за тоа го вели следново: гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот влезе смртта, на таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, заштопреку него сите згрешија(Рим. 5, 12).
    168. Дали на човекот му биле полезни плодовите на дрвото на животот после падот?
    Плодовите на дрвото на животот не му биле полезни на човекот после гревот: после гревот тој не можел да ги вкусува, затоа што бил прогонет од рајот.        
    169. Дали меѓу луѓето останала надеж за спасение?
    Кога првите луѓе го исповедале својот грев пред Бога, тогаш Бог, по Своето милосрдие, им дал надеж за спасение.
    170. Во што се состоела таа надеж?
    Таа се состоела во тоа што Бог ветил дека породот на жената ќе ја сотре главата на змијата (1 Мојс. 3, 15).
    171. Што значи тоа ветување?
    Тоа значи дека Господ Исус Христос ќе го победи ѓаволот, кој ги измами луѓето, и ќе ги избави (спаси) од гревот, проклетството и смртта.
    172. Зошто Господ Исус Христос е наречен „семе на животот“?
 Господ Исус Христос е наречен потомство на Жена, затоа што се родил на земјата од Пресвета Дева Марија, без дејство на маж.
    173. Која е ползата за луѓето од тоа ветување?
    Ползата од тоа ветување била таква што луѓето можеле спасително да веруваат во Спасителот, Кој ќе дојде, подобно на начинот на кој ние веруваме во Дојдениот.
    174. Дали сите луѓе во древноста верувале во доаѓање на Спасителот?
    Мал број луѓе во древните времиња верувале во Спасителот, Кој ќе дојде; поголем дел од нив го заборавилe Божјото ветување за Спасителот.
    175. Дали Бог им го повторил на луѓето Своето ветување?
    Бог многупати го повторувал тоа ветување. На пример, на Авраам му дал ветување за Спасителот во следниве зборови: од тебе ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата (1 Мојс. 22, 18). Тоа ветување му го повторил и на пророкот Давид со следните зборови: Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе... и ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш (2 Цар. 7, 12-13).
    176. Што подразбираме под зборот „воплотение“?
    Со зборот воплотение се подразбира тоа дека Синот Божји врз Себе примил човечка плот, освен гревот, и станал човек, притоа не престанувајќи да биде Бог.
    177. Зборот воплотение е позајмен од зборовите на евангелистот Јован: Словото стана тело (Јн. 1, 14).
    178.Зошто е речено дека Бог се воплоти?
    Во Символот на верата откако е кажано дека Бог се воплоти, додадено е дека Тој и се вочовечи. Тоа е направено за никој да не мисли дека Синот Божји примил само плот или тело, туку за во Него да признаат совршен Човек, Кој се состои од тело и душа.
    179. За тоа постои сведоштво во Светото писмо. Апостол Павле пишува: еден е Посредникот помеѓу Бога илуѓето - Човекот Христос Исус (1 Тим. 2, 5).
180. Колку природи постојат во Господ Исус Христос?
    Во Господ Исус Христос не постои само една природа. Во Него, неразделно и неслиено сопостојат две природи, Божја и човечка, и, соодветно на постоењето на две природи, сопостојат и две волји.
    181. А колку Лица постојат во Господ Исус Христос?
     Не постојат две Лица, туку само едно Лице, Бог и Човек заедно, со еден збор – Богочовек.
    182. Што се вели во Светото писмо за Воплотувањето на Господ Исус Христос од Светиот Дух и Дева Марија?
    Во Светото писмо за Воплотувањето на БожјиотСин од Светиот Дух и Дева Марија ни говори евангелистот Лука, кој сведочи дека кога Дева Марија го прашала ангелот кој ѝ го возвести зачнувањето на Исус: Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж? – ангелот ѝ  одговорил: Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји (Лк. 1, 34-35).
    183. Која била Дева Марија?
    Света Дева Марија потекнувала од племето на Авраам и Давид, од родот од кој, според Божјото ветување, требало да се роди Спасителот. Таа била верена за Јосиф, кој бил од истото племе, за тој да ѝ биде чувар и пазител, оти таа Му била посветена на Бога – односно била посветена вечно да пребива (живее) како Дева.
    184. Зошто ја нарекуваме Приснодева?
    Пресвета Марија навистина секогаш пребивала и пребива (живее) како Дева – пред раѓањето, за време на раѓањето и после раѓањето на Спасителот, и затоа ја нарекуваме Приснодева (Секогашдева).
    185. Зошто Дева Марија ја нарекуваме Богородица?
    Православната Црква ја почитува Пресвета Дева Марија со уште едно име – Богородица.
    186. Тие имиња се земени од следните зборови на пророкот Исаија (7, 14) кои ги повторува и евангелистот Матеј:  И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!(1, 23). Праведната Елизавета, исто така, ја нарекува Пресветата Дева мајка на Господ:откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лк. 1, 43). Тоа име (мајка на Господ) е еднакво на името Богородица.
    187. Пресвета Дева Марија е наречена Богородица во следнава смисла: макар што Господ Исус Христос не се родил од неа според Своето Божество, кое е вечно, туку според Своето Човештво, сепак, таа достојно е наречена Богородица, зашто Родениот во самото зачнување и раѓање бил, како што и секогаш е – вистински Бог.
    188. Какво е достоинството на Пресвета Дева Марија?
    За високото достоинство на Пресвета Дева Марија треба да се расудува вака. Таа, како мајка на Господ, го надминува секое создадено суштество со својата благодат и приближување кон Бога, па следствено и со своето достоинство, и затоа Православната Црква ја смета за повисока од херувимите и серафимите.
    189. Во врска со Рождеството на Господ Исус Христос од Пресвета Богородица треба да се забележи и дека тоа раѓање било совршено свето и сосема туѓо на гревот, тоа било безболно, иако како една од казните за Првородниот грев, Бог определил децата да се раѓаат во маки (преподобен Јован Дамаскин,Точно изложување на православната вера, Кн. 4, гл. 14, с. 6).
    190. Преку кои знаци луѓето можеле да го познаат Рождеството на Божјиот Син?
     По Божјо провидение биле дадени многубројни знаци според кои луѓето можеле да го познаат родениот Спасител – тоа се многу точни претскажувања за разни околности околу Христовото Рождество и Неговиот земен живот. На пример, пророкот Исаија претскажал дека Спасителот ќе се роди од девица (Ис. 7, 14). Пророхот Михеј претскажал дека Спасителот ќе се роди во Витлеем, и тоа претскажување Јудеите го разбирале токму така уште пред да разберат за самиот настан на Христовото Рождество. (Мт. 2, 4-6).
    191. Дали луѓето дознале дека се родил Спасителот?
    Господ Исус Христос, како Спасител во времето во кое Тој се родил и живеел на земјата, Го спознале многумина и на различни начини. Источните мудреци го спознале преку ѕвездата која пред Неговото Рождество се појавила на Исток. Витлеемеските пастири дознале за Него од ангелите, кои им возвестиле дека во Давидовиотград ќе се роди Спасителот. Светите праведни Симеон и Ана преку особено откритие од Светиот Дух дознале за Него кога Тој, по исполнувањето на четириесет дена од раѓањето, бил донесен во храмот. Јован Крстител на реката Јордан во време на Крштението Го познал по Откровението, по слегувањето на Светиот Дух врз Него во вид на гулаб и по гласот на Бог Отецот од небесата, Кој рекол: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! (Мт. 3, 17). Сличен глас им проговорил и на апостолите Петар, Јаков и Јован во времето на Неговото Преображение на Таворската гора: Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го! (Мт. 17, 5). Освен тоа, навистина многумина го спознале Спасителот по неспоредливата (необичната) височина на Неговото учење и особено по чудата кои Тој ги извршувал.
    192. Какви особени чуда извршил Исус Христос?
Господ Исус Христос извршил многубројни чудеса. Луѓе кои имале неизлечливи болести и кои биле обземени со бесови, ги исцелувал за еден момент – само со еден збор или со допир на рацете и преку нивно допирање до Неговите одежди. Во една ситуација Тој со пет, а во друга со седум лебови во пустината нахранил неколку илјади луѓе. Одел по вода и со зборови скротувал бури. Воскреснувал мртви: го воскреснал синот на наинската вдовица, ќерката на Јаир, како и праведниот Лазар – и тоа дури четири дена по неговата смрт.
    193. Како Христос го изврши нашето спасение?
     Со оглед на тоа што БожјиотСин се воплотил за нашето спасение, Тој го извршил нашето спасение преку Своето учење, Својот живот, Својата смрт и Своето Воскресение.
    194. Какво беше учењето на Спасителот?
    Христовото учење се објавило како Евангелие на Божјото Царство, или, поинаку кажано, како учење за спасението и вечното блаженство – истото учење кое и сега се возгласува во Православната Црква (Мк. 1, 14-15).
    195. Како, под кој услов, Христовото учење е спасително за нас?
     Христовото учење за нас е спасоносно кога го примаме со целото наше срце и кога постапуваме согласно на него. Лажното слово на ѓаволот, примено од првите луѓе, го создало во нив семето на гревот и смртта. А, напротив, вистинитото Христово слово, кое е  усрдно примено од христијаните,  во нив станува семе на свет и бесмртен живот. Тие, по зборовите на апостолот Петар се новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово (1 Птр. 1, 23).
    196.Кога животот на Исус Христосе спасителен за нас?
    Животот на Исус Христос за нас е спасоносен тогаш кога го подражаваме (кога се обидуваме да живееме како што живеел Самиот Христос). Затоа што Тој вели: Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга (Јн. 12, 26).

За четвртиот член на Символот на верата
    
    197. Зошто бил распнат Господ Исус Христос?
     Господ Исус Христос бил распнат, иако сето Негово учење и сите Негови дела требало во секого да предизвикаат раѓање на вера и љубов кон Него. Тоа се случило затоа што јудејските старешини и книжници го мразеле бидејќи Тој ги разобличувал нивните лажни учења и нивниот беззаконски живот, и Му завидувале зашто народот Го уважувал поради Неговите учења и чуда, повеќе отколку што ги уважувал нив, па затоа Го клеветеле и Го осудиле на смрт.
    198. Кога бил распнат Господ Исус Христос?
     Во Символот е кажано дека Исус Христос бил распнат во времето наПонтиј Пилат. Таа информација ни е дадена за точно да се означи времето во коеХристос бил распнат.
    199. Понтиј Пилат бил римски управник на Јудеја, територија која тогаш била покорена од римјаните.
    200.Тој факт е достоен за забележување затоа што преку негостанува очевидно исполнението на Јакововото пророштво: Нема да недостасува кнез од Јуда, и водач од бедрата негови, се дури не дојде Оној, Кому му припаѓа власта, и Он е надеж на народите (1 Мојс. 49, 10).
    201.Зошто во Символот на верата се вели дека Христос страдал?
    Во Символот на верата не е само кажано дека Исус Христос бил распнат, туку е додадено и дека Тој страдал, за да се покаже дека Неговото распетие не било само привидно страдање и смрт, како што велеле некои лажни учители, туку било вистинско страдање и вистинска смрт.
    202.Зошто се вели дека бил погребен?
    Споменато е и тоа дека Исус бил погребен. Тој факт, исто така, се однесува на уверувањето дека Тој навистина умрел и воскреснал, затоа што Неговите непријатели дури и ставиле стража пред Неговиот гроб и истиот го запечатиле.
    203. Како можел да страда и да умре Господ Исус Христос кога е Бог?
     Исус Христос страдал и умрел, притоа бивајќи вистински Бог. Но, Тој не страдал и умрел со Божествената, туку со Човечката природа и не затоа што не можел да ги избегне страдањата, туку затоа што посакал да пострада. Тој Самиот кажал: Јас душата своја си ја полагам за да ја примам пак. Никој не ми ја одзема, туку Јас Сам од Себе ја давам. Имам власт да ја дадам и власт имам пак да ја примам (Јн. 10, 17-18).
    204.Зошто се вели декабил  распнат за нас?
    Кажано е дека Исус Христос е распнат за нас во таа смисла што Тој со Својата крсна смрт нѐ избавил од гревот, проклетството и смртта.
    205. За тоа Светото писмо го вели следново:
За избавувањето од гревот: во Христосимаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите по богатството на Неговата благодат (Ефес. 1, 7).
    За избавувањето од проклетството: Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас (Гал. 3, 13).
    За избавувањето од смртта:бидејќи се учесници во телото и крвта, та и Тој зеде еднакво учевство во тоа, за преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложни на ропство (Евр. 2, 14-15).

(Продолжува)

Pravosl.Katihizis.korica.jpg
Со благослов на митрополитот
Кумановско-осоговски
Г. д-р Јосиф
Наслов на оригиналот:
Пространнми Православнми Катихизис Православнои Кафолическои Восточнои Церкви
Лектура:
Петар Георгиевски
Графички дизајн:
Милан Јаковчевски
Печати:
Нипонграфик, Охрид

ИЗДАНИЕ НА ЕПАРХИСКИОТ ЦРКОВНО-ПРОСВЕТЕН СОВЕТ
НА КУМАНОВСКО-ОСОГОВСКАТА ЕПАРХИЈА

 

 

 

25-ти ноември, лето Господово 2018

Преминпортал

 

 

Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2682
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7132
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная