логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


II.2. Магите – мудреците и Христовото рождество

Црквата помни за мудреците кои дошле да Му се поклонат на Христа. Но, таа помни за оној совет што Господ им го дал на мудреците: и, откако добија во сон откровение да не се враќаат кај Ирод, по друг пат се вратија во својата земја (сп. Матеј 2, 12). Друг пат ним им бил откриен по средбата со Спасителот. Друг, поинаков од претходниот: покажувајќи им друг пат за враќање дома, Бог со тоа им заповедал да го остават лошиот занает (види: Тертулијан, “За идолите”).
 Господ ги приведува астролозите кон восприемање на евангелието преку нивната сопствена лажна мудрост. Вие им верувате само на знаците на небото? Вие сметате дека со истражување на планетарните патишта поедноставно ќе го поимите Бога, отколку преку гласот на совеста и душата? Вие сметате дека не во човекот, туку на ѕвезденото небо Му приличи на Бога да се пројави Себе си?
 Е па, тогаш, ѕвезда и ќе ве приведе вас кон Бога, Кој постана човек (човек, а не ѕвезда). Во тропарот (црковното песнопение) на Божиќ се кажува за тоа дека во Рождеството Христово „оние кои им служеа на ѕвездите, од ѕвезда беа научени Тебе да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата”. Самата витлеемска ѕвезда, во црковната традиција обично се подразбира како ангел, кој примил поразбирлив вид за паганските мудреци.
Мудреците на грчки јазик се наречени (µ-маги), а на црковнословенски (Волсви). Тие биле најучените луѓе во тоа време, кои се занимавале со одговорите на најтешките прашања. Главна преокупација им била медицината и астрологијата. Мудреците се викале Мелхиор, Гаспар, Валтазар. Преку изучувањето на астрономијата, (астрологијата) тие ја дознавале судбината на еден народ, па така, преку појавата на разни ѕвезди и нивната положба дознавале за големи настани во човештвото.                                                                                                                        Астролозите  премолчуваат многу места во Библијата, каде се осудуваат магијата и окултизмот, вклучувајки го и гатањето по ѕвездите, обидувајќи се да извлечат  бесмислени заклучоци за тоа дека Христовото раѓање зависело од положбата на ѕвездите. Меѓутоа, ученикот на Св Јован Богослов, свештеномаченикот Игнатиј Богоносец, за чии посланија дури и рационалистите признаваат дека се оригинални, пишува дека Витлеемската ѕвезда за разлика од другите ѕвезди била ангелска сила. Ниту една ѕвезда не можела да застане над Витлеем, над местото над кое се роди Христос. Оваа ѕвезда го покажувала патот, ама никаде не се зборува дека таа ја предодредила судбината. Таа беше ангелска појава за исполнување на библиските пророштва, а никако елемент на ѕвездената карта. Ниту еден од Светите Отци ова место во Евангелието не го толкува во астролошка смисла. Астролозите тврдат дека Црквата своевремено, поради незнаење го отфрлила нивното учење, сведочејќи со тоа дека тие самите не се во таа Црква. А во која Црква се тогаш? Светиот Дух не може да греши и да лаже. Но, според  мислењето на астролозите, тајните и обредите на Црквата се само историска профанација и дека нема друга варијанта. Човековиот живот кога би можел да биде одреден преку ѕвездена карта на бебињата кои би се родиле во исто време и во ист крај, тогаш тие би имале ист карактер и иста судбина. Зошто тогаш луѓето кои ја здогледале светлината под разни созвездија, кои се родиле во различни земји и на различни меридијани  загинуваат заедно, на пример во бродолом? Зошто двајца близнаци имаат различни  способности, различни таленти, различни карактери и различна судбина?
А каква ѕвезда била таа? Свети Јован Златоуст и Теофилакт тврдат дека тоа не била ѕвезда од небесните видливи ѕвезди, туку некоја Божествена или ангелска сила која се јавила во вид на ѕвезда. Зошто сите ѕвезди постојат од почетокот на создавањето на светот, а таа ѕвезда се појавила на крајот на вековита, при воплотувањето на Бог Словото? Сите ѕвезди имаат свое место на небото, а оваа ѕвезда се гледала во воздухот; сите ѕвезди обично се движат од исток кон запад, а оваа ѕвезда се движела од исток кон југ во правец на Ерусалим, сите ѕвезди светат ноќе, а оваа ѕвезда светела и дење како сонце. Блажени Теофилакт вели: „Кога одеа мудреците, одеше и ѕвездата, а кога тие се одмараа и таа стоеше”.
Ако Христос се родил  според астролошките закони, тогаш зошто тој ја истреби астрологијата, ја отфрли судбината, им ја затвори устата на демоните, ги прогони заблудите и го урна маѓесништвото од секаков вид?
Св. Григориј Богослов пишува, дека астрологијата ја навредува Божјата Промисла. Така, евангелскиот текст за поклонувањето на магите сведочи за ограничените можности на астрологијата.
Причината заради која магите ја очекувале таа ѕвезда на Истокот и го следеле нејзиното појавување, е поврзано со пророштвата во Стариот Завет. Во книгата Броеви, читаме: “Го гледам, но не е тоа сега, го набљудувам, но не одблиску. Ѕвезда од Јаков се издига и жезол од Израил” (ИВ Мој. 24,17). Кај светиот пророк Исаија е кажано: “Дигни се, заблескај… зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе… И народите ќе дојдат кон твоето видело…. кон светлината што изгрева над тебе… сите тие ќе дојдат од Сева, ќе донесат злато и темјан и ќе ја објавуваат славата Господова” (Исаија 60,1-6). Во 71 псалм ќе прочитаме: “царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат;и царевите на Сава и од Сева дарови нека му донесуваат” (Пс.71,10). Светиот пророк Даниил кој во вавилонското ропство бил определен за началник на вавилонските советници /жреци/ (Дан.2,48) секако дека ги знаел овие претскажувања и не ги криел. Освен тоа, лично нему му припаѓаат пророштвата за времето на Раѓањето на Богомладенецот (Дан. 9,25).
Според податоците на набожниот астроном Кеплер (XVII), потврдени и со современите астрономски факти, магите можеле да го видат поклопувањето на планетите Јупитер, Сатурн и Марс со некоја сеуште непозната ѕвезда, и таа навистина се појавила на исток, три и половина час пред изгрејсонце. Ако тие тогаш тргнале на пат и тогаш според мислењето на Алфорд, веројатно за пет месеци стигнале во Ерусалим (Ездра патувал 4 месеци од Вавилон до Ерусалим- Ездра 7,9); според ова, ако вечерта тргнале од Ерусалим за Витлеем, тогаш повторно го виделе поклопувањето на планетите во правец на Витлеем.
 Појавата на таа ѕвезда мудреците ја забележале и таа ги повела да му се поклонат на Младенецот (според пророштвата во книгата на пророк Даниил тие го знаеле времето на Христовото раѓање и кога се појавила ѕвездата тие тргнале по неа). Според ова се поставува прашањето- може ли ѕвезда да води луѓе  и да се појавува и губи? Да ,може бидејќи таа ѕвезда била духовна, а не обична (небеска) ѕвезда, таа е ангел Божји  кој ги води луѓето како што ни вели свети Јован Златоуст.
 
Од досега изнесеното за магите кои дошле да му се поклонат на Христа, можно е да се изведе заклучокот, дека тие не го дознале времето и местото на Христовото Раѓање со помош на магијата и астрологијата, туку дека со Божја помош, бидејќи Самиот Господ им го открил оној пат кој за нив и за нивното спасение се сметал за најпогоден! Затоа, астрологијата нема никакви заслуги за доаѓањето на магите на местото од Христовото Раѓање. Небото и ѕвездите се творби, созданија на раката Божја која на сите им е видлива, заради тоа, во одредени случаи Господ со нивно посредство дава знаци кои најавуваат важни случувања за човештвото. Така, за време на крсните маки на Спасителот, пред самата Негова смрт, “околу шестиот час настана мрак по целата земја до деветиот час; и сонцето се помрачи” (Лк.23,44-45). На луѓето им се објавувало дека од човечки раце е убиен Оној Кој дошол да го спаси човечкиот род и да го објави и открие патот кон спасението, кон Царството Небесно. Се случила привремена “победа” на темнината, се извршило делото на беззаконието, а во знак на тоа земјата била покриена со мрак. Умрел Исус Христос-Сонцето на Правдата, Изворот кој на луѓето им дарува живот вечен, и затоа се помрачи созданието Негово, сонцето како извор на материјалниот живот. Во Еванглието читаме за тоа дека пред крајот на времето, пред Второто Христово Доаѓање ќе има “знаци на сонцето и на месечината и на ѕвездите…. страшни појави и големи знаци на небото” (Лк.21,25; 11) кои заедно со другите пророчки објавени случки и знаци нема да остават сомнеж дека се приближило времето на Второто Христово Пришествие и крајот на светот кој постои. На тој начин, за разбирање на знаците на небото испратени од Господа, не е потребно познавање на астрологијата или толкување на астролозите: секој кој го проучувал Светото Писмо, нема да се двоуми во разбирањето на она што се случува. 
Ние не смееме да ја претставиме астрологијата како невина шега. Овде се вклучени и демонски сили кои имаат одредени информации за конкретен човек, но и незнаејки ја иднината, тие можат само да претпоставуваат таа каква ќе биде. Меѓутоа, демонот секогаш е лажливец и човекомразец, дури и тогаш кога очигледно зборува нешто што личи на вистина. Во Делата апостолски се зборува како една слугинка опседната со бесови одејќи по апостол Павле и неговите сопатници викала: „овие се Божји луѓе нив слушајте ги” (Дел.16,16–17). Апостол Павле не го одобрил ова сведоштво, „тој се вознемири во духот” односно негодуваше како демон сведочи за вистината, и му забрани и после тоа слугинката престана да „пророкува”.

  

 (Продолжува)

Друго:


Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Св. Климент Охридски” - Скопје

ДИПЛОМСКИ ТРУД- ПРЕДМЕТ: АПОЛОГЕТИКА

ТЕМА
АСТРОЛОГИЈАТА НИЗ ПРИЗМАТА НА  ПРАВОСЛАВИЕТО


  Ментор:  Проф. м-р Петко Златески      

                   Zlatko.Brnjarcevski.jpg

                   

Zlatko.Brnjarcevski.jpg

   Изработил:
    Жарко Брњарчевски

                                                                                                
Скопје, март 2012

 

 


 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2411
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2736
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 5006
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

31/01/2026 - сабота

+Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник и маченик Максим 3 февруари/ 21 јануари   2026

Тропар на светиот Христов исповедник и маченик Максим 3 февруари/ 21 јануари 2026

Од младоста своја Вистината возљубувајќи ја,патот во животот те хранеше со слободатао Максиме свети подвижниче, војнику свет на Богомајката,столбу непоколеблив...

Тропар на светите маченици Инен, Рим и Пин 2 февруари/ 20 јануари 2026

Тропар на светите маченици Инен, Рим и Пин 2 февруари/ 20 јануари 2026

Речната вода послужи за ваше измивање и осветување,о маченици свети Христови,и како што нечистотијата телесна се мие,далеку од вас се...

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески  1 февруари/ 19 јануари  2026

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески 1 февруари/ 19 јануари 2026

Храброста твоја Марко свети исповедниче,смелост пред Бога измоли,да посведочиш дека единствена вистина, е самата Вистина подарена, на твојата душа Богољубива.Силен факел...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная