логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


На левиот брег на реката Вардар во Скопје, во непосредна близина на кејот кај некогашната Градска автобуска станица, денеска на празникот Свети Атанасиј беше осветена обновената катедрална црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица.

Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Преспанско-пелагонискиот Митрополит г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополит г. Горазд и повеќе свештенослужители од скопската и другите епархии на МПЦ. По осветувањето беше отслужена Божествена Литургија, на која што покрај горенаведените Владици присуствуваше и Митрополитот Струмички г. Наум. На богослужбата, покрај многубројниот верен народ, присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

Ктитор на обновениот храм е скопскиот градоначалник Трифун Костовски со чии средства целосно е возобновен храмот со камбанаријата, внатрешното и надворешното уредување. Тој од МПЦ го доби орденот „Свети Климент Охридски“ и благодарност за неговото дело.

- За мене и моето семејство ова претставува најголемо признание. Со денешниот чин се одолживме на нашите предци, а воедно овој чин е и завештение на идните поколенија. Убеден сум дека обновата на овој храм ги исполни срцата на сите скопјани, а воедно и на сите христијани во Република Македонија, рече Костовски.

Црквата, што се градеше четири години, е лоцирана на просторот на истоимениот храм осветен во 1835 година, кој во Втората светска војна во 1944 година беше опожарен и уништен. Храмот е со катедрални димензии. Останува да се доврши мермерниот иконостас и да се фрескописаат ѕидовите на храмот.

Ова е трета црква во Скопје посветена на Пресвета Богородица, позната како заштитничка на градот.

 

Слово на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

 

ВОЗОБНОВЕНА ДУХОВНАТА ТВРДИНА НА СКОПЈЕ

 

 

            Да Му благодариме на Бога, по молитвите на Пресвета Богородица, што ни го дарува овој ден за радост, за радост на благочестиви христијани во Скопје и Македонија, за радост на сите богољубиви луѓе, за радост на земјата и небото и на целата Божја Црква.

Храмот е дом Господен и претставува „парче небо на земјата!” Негова основна цел е да им Го доближува Бога на луѓето, како и тоа нив, луѓето, меѓусебно да ги зближува. А, градењето на сакрални објекти, на храмови и манастири, значи градење на вечност и вградување во неа.

Со денешниов чин на осветувањето, конечно, се исполнија желбите на многу побожни скопјани, кои посакуваа да се возобнови некогашниот катедрален храм, храмот кој со децении бил духовен столб и место за духовна поткрепа на многу скопски и македонски генерации. - Опожарен и разграбен, разурнат и потиснат од многу планови и желби на времето, со децении овој свет храм лежеше под своите урнатини и под тежината на нашата негрижа.

Ќе потсетам: неговата градба била оштетена од пожар при крајот на Втората светска војна како и од катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје во 1963 година. Но, овој храм најмногу настрадал од несовесното и безбожно однесување на оние кои го изгореа повеќе од пожарот и од оние кои на него удрија посилно и од земјотресот. Околу овој храм присутна е невидена противречност: истиот бил подигнат во време на Османлиите, во време кога со Скопје и со Македонија владееле друговерни, а бил урнат во солидарно Скопје и во слободна Македонија! Но, и овде се потврди тоа дека, и ако успееме да ја урнеме материјалната градба, останува светоста на храмот, останува духовниот пламен, од кои, кога ќе дојде време - ќе воскресне и ќе се возобнови тој храм. И, еве, се исполни времето и дочекавме пак да го слушнеме гласот на богородичните камбани во Скопје, дочекавме да ја видиме возобновена древната величествена духовна тврдина наспроти Скопското Кале и дочекавме да вкусиме од недотечливиот духовен источник покрај Вардар...

Овој прекрасен храм, посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица, бил место во кој духовно се родиле, духовно прогледале и духовно израснале многу скопски генерации. Бил вистинско духовно пристаниште во многу невремиња и немирни години, во, можеби, најтешкиот период во историјата на Скопје и Македонија. Овој храм бил сведок и за многу радости, но запамтил и многу премрежја и црнила. Но, еве, дојде „бел ден” и за него, дојде ден за радост на неговите некогашни ктитори, градители и украсители. Затоа, на овој воскресенски ден за храмот, да си спомнеме за Хаџи Трајко - најголемиот дарител, за тајфата на мајсторот Андреја Дамјанов, за неуморниот Дичо Зограф и за сите коишто на свој начин се вградиле во градбата на првиот храм. Да си спомнеме и за сите кои се крстиле, венчале и погребале, за сите што се молеле и поклониле во некогашниот храм, за сите коишто овде Го сретнале и примиле Бога. Но, како христијани, да се помолиме и за оние коишто злотвореле, го урнале или сакале нешто друго да изградат на ова место, да се помолиме и ним Господ да им прости, а особено на оние што спроведувале туѓи наредби и желби. Исто така, на овој ден сакам да си спомнеме и за многу, особено повозрасни побожни скопјани, коишто со тажни воздишки, честопати прашуваа – „кога повторно ќе се изгради Пресвета Богоро­дица - желба ни е да го доживееме нејзиното возобновување...”

И, еве, даде Господ - дочекавме да ја видиме и да ја имаме возобновена црквата на Мајката Божја во сета нејзина духовна убавина и големина. А за тоа треба да му благодариме на благочестивото семејство на г. Трифун Костовски, со чии средства е целосно возобновен храмот со камбанаријата, внатрешното и надворешното уредување. Сѐ што е направено досега е со средства на семејството Костовски. Исто така, сакам да им заблагодариме на сите што помогнаа - на членовите на Одборот за обнова на храмот, на архитектите за проектот, а особено за стручната помош на покојниот Тодор Паскали, на Скопскиот Завод-Музеј, како и на членовите на МАНУ - на претходниот претседател академикот Цветан Грозданов и на академикот Крум Томовски, кои секогаш имаа време кога во парашање беа стручните совети околу изградбата на овој храм. Сакам да им заблагодариме на градителите, на каменоресците на овој прекрасен иконостас и на сите коишто учествуваа во неговото возобновување.

Ви благодарам и Вам - браќа архиереи и сослужители, Вам Ваши Екселенции, и на сите вас, возљубени во Господа, што дојдовте да се радуваме на овој ден за радост на Скопје и на сета Македонска православна црква.

Нека ни е честито осветувањето и нека биде вечен овој храм!

Амин! На многу години!

Извор:МПЦ



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2390
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2711
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4975
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

27/01/2026 - вторник

Св. Нина, просветителка на Грузија; +Св. Сава, архиепископ Српски; Преп. маченици Синајски и Раитски; Св.. Илариј, епископ Поатиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци  27 јануари/14 јануари  2026

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци 27 јануари/14 јануари 2026

Безводната пустина стана извор благодатенод вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,бања за искупување и семе за нови христијанипослужи крвта...

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски  26 јануари/13 јануари  2026

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски 26 јануари/13 јануари 2026

Радувај се народе за кого пред ГосподаЈаков свети се моли, подвижникот Христов,скротувачот на пустината,со Божја благодат телото го смири,епископ милостив...

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница 25 јануари/12 јануари 2026

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница 25 јануари/12 јануари 2026

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная