† ВЕЧЕРНА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ (08.12.2021)
Трепери срцето мое пред овој свештен и свет собор, онемува јазикот мој и не умее слово да изусти пред овој што сега овде лежи, а некогаш со слово нè дарува и на збор нè научи. Се обидувам да говорам и разбирам дека најдобро е да молчам, зашто што и да изговорам ќе изгледа мало пред големиот учител на Словото, пред нашиот родител во Христа, бидејќи ако имаме и десетина илјади учители во Христа Исуса, сепак немаме многу татковци, бидеќи тој нè роди во Исуса Христа преку Евангелието.


На 4 октомври 2020 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница (по Воздвижение на чесниот Крст) и на празникот Оддание на Крстовден, како и во Неделата посветена на Соборот на сите македонски светии, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во Охрид, беше отслужена Света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар,
На 11 септември 2020 година, кога Црквата го спомнува отсекувањето на главата на свети Јован Предвесник и Крстител, највеликиот меѓу пророците, во Бигорскиот манастир посветен во негова чест беше отслужена Архиерејска Света Литургија, со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит, г. Тимотеј Дебарско-кичевски, во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Антаниски г. Партениј.
На 22.10.2018 година, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во с. Издеглавје, општина Дебарца, Охрид, бешe отслужен Парастос во спомен на учесниците на Првиот свештенички собир во с. Издеглавје, општина Дебарца, Охрид, кои ги поставија темелите за возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.























