![]()
Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот


Сето тоа толку изградува, просто не можеш да се воздржиш од солзи, во се' се гледа Божјата промисла. Како се' е прекрасно создадено и милостиво за се' се грижи и ништо не заборава.
Она што е важно е дека преку постот човекот придобива сознание дека му припаѓа на телото на Црквата, дека Црквата е едно тело, една целина од верници и таа како тело пости во тој период и на тој начин. Тоа ни го дава чувството дека припаѓаме на телото на Црквата, потчинувајќи се на таа заповед на Црквата. Сега е период на постот и бидејќи припаѓаме на телото на Црквата,
Според тоа, првото нешто што го придобиваме е црковното сознание – дека сме членови на Црквата и како такви го правиме она што го прави целото тело. Сите православни Христијани, во целата земја, на тој ден постат, значи постиме и ние, како членови на тоа тело. Не можеме да се двоиме од останатите, не можеме да ги правиме работите по свое, не може Божјиот народ да врви по еден пат, а ние да следиме друг. Црквата не е нешто неодредено, нешто апстрактно, туку тело од луѓе – или ѝ припаѓаш
Ќе дојде часот, дај Боже да биде сега, кога ќе потече солзата на покајанието од нашите очи и ќе Му речеме на Бога: „Господи, како можев да зборувам така, како можев така да ги повредам другите, какви се тие нешта што излегуваат од мојата уста!? Не, воопшто не пазам на навредливите или лоши зборови – јас едноставно така си комуницирам со другите. Цело време навредувам, ироничен сум, не почитувам – што е тоа што излегува од мојата уста?
Без оглед на тоа, што сите ние сме повредени, сите сме покриени со рани и поразени од гревови, сепак ние ги осудуваме другите. Во болница сите луѓе се болни но, ниту еден болен не осудува друг. Никој не го обвинува соседот: "Ти си болен!", - оти гледа човекот, дека и самиот е болен. А ние иако сме болни со душа, - се навредуваме еден со друг.
Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно. Бог секогаш ќе наоѓа начин да ви ја открива вистината. Чекорејќи со послушание, го правите вашето срце почувствително на секое духовно движење во вашиот живот.
„Нека не помине ни еден ден во твојот живот“, ми кажа еднаш еден Светогорец, „во кој ти вечерта пред да заспиеш нема да Му се обратиш на Бога: ’Господи, прости ми ги грешките што ги правам секој ден и што ги направив денес!‘ “ Никогаш не го заборавај тоа. Не заборавај дури ни на еден ден дека ти си грешен, не си совршен, дека си направил многу престапи и ги знаеш, а некои дури и не ги знаеш, за некои потполно си несвесен>
Вистината секогаш да не ја зборуваме директно. Другиот не може да ја издржи. На пример, мажот се вратил дома, а жената направила некоја грешка. Мажот тогаш ја напаѓа: "Ти згреши. Тое е вистината. Треба да ја зборуваш вистина! ". Тоа не е вистина. Тое е самољубие. Тоа значи, дека не ја сакаш своја сопруга, која секој ден ја прегрнуваш,
Ако детето научи да ги понижува луѓето, тогаш кога ќе порасне, во него нема да има ништо достоинствено. Тоа е докажано. Јас сега имам 42 години и имам многу пријатели кои се во брак, кои ги знам уште од детството и ги гледам како живеат во своите семејства. Што гледам во нивните семејства? Јас гледам копија на нивните родители, која и сега се повторува, односно меѓусебно се расправаат и караат. Кога одам кај нив, на ум ми доаѓаат нивната мајка и татко.
„
1. Секогаш бидете со Христа.
Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме Каков што Е (1 Јов. 3, 2).

Луѓето имаат обичај да кажат: нека биде волјата Божја. Мојот пријател, ако живееш лошо, тоа не е Божја волја! Ниту, пак, може да биде, никогаш. Тоа е твојата волја и кукавичлук, зашто не сакаш да ја сносиш одговорноста. Лошиот карактер, пороците и гревовите со кои несакаш да се бориш, не се Божја волја, туку волјата демонска.























