логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Од Архивата на Преминпортал

Avdev.promo.jpg


Униние и депресија, сличности, разлики, лекување( православен поглед). Автор Др.Дмитриј Александрович Авдеев, психијатар, психотерапеут, медицински психолог, доктор  по медицински науки. Др.Авдеев е основач и Директор на Институтот за проблемите на христијански однос кон психијатриските заболувања  и методите за нивно лекување. Во склоп на Институтот работи  и  Центар за православна психотерапија. Др Авдеев е роден на 20.10.1964 г. Живее и работи во Москва.

По завршувањето на Медицинскиот факултет и специјализацијата по психијатрија, продолжил со  стручна и научна дејност.
Во 1992 г. ја одбранил  својата докторска дисертација од областа на  психоневрозите на Институтот за Општа и Форензична психијатрија
“ Сербскѕ”. Од 1992-95 г. бил потпретседател на Руската асоцијација за позитивна психотерапија и Уредник на списанието “Поситум”

Во периодот 1997-2003 г. работел како др психијатар- психотерапевт во Државната болница во Москва , Центарот за православна психотерапија во Москва и  Центарот Св.Јован Кронштадски.

Во 2006 г. ги завршил постдипломските студии на Богословскиот факултет на Универзитетот “Лукијан Благо” во Романија , на тема:”Пастирска психологија и психијатрија,православен приод кон психотерапијата,црковна  помош на психичките болни луѓе.”

Од 1991 г. работи во правец на создавање на христијански однос кон психичките заболувања  и формирање на модел на ортодоксна психотерапија.
Во својата досегашна клиничка пракса лекувал над 25 000 пациенти со различни нозолошки ентитети, односно психијатриска патологија.
Учествувал во изработка на Програма за рехабилитација на зависници  од дрога.

Член е на повеќе Руски и интернационални професионални здруженија и асоцијации. Учествувал на бројни Руски,Европски и Светски Конгреси од областа на психијатријата и психотерапијата.

Има чести средби и разговори со претставници на Руската Православна Црква. Еден е од авторите на Рускиот Ортодоксен Медицински Проект.
Се јавува како автор  и презентер на серија радио емисии,  генерално насловени  како  “За помош на страдалните души:”

Автор е на повеќе од 300 публикации од кои над 50 книги ( тираж над 1 милион примероци)  издадени на Руски,Германски,Англиски, Романски, Бугарски, Српски а сега на наше задоволство и  на Македонски јазик.

 Avdev.promo.jpg

Книгата Униние и депресија-сличности, разлики, лекување (православен поглед)  е пишувана во лесен, едноставен и разбирлив стил,со многу примери, така што  нејзини читатели можат да бидат не само  стручни лица туку и пошироката популација. Таа на читателот му  дава основни познавања за одредени афективни состојби и пореметувања кои ги среќаваме во психијатриската пракса.
Книгата е обид да се оценат причините за неврозите(психогени) од христијански позиции.
Неурози  според авторот  се последица на грев,гревовната страст,духовна нездравост,неправилно изградена скала на животни вредности.
Авторот издвојува две групи на состојби:
првата група се растројства  предизвикани  од “страсти кои го заробиле човекот” и тука спаѓаат неврозите и болестите на зависност,додека пак втората група на психички растројства се предизвикани  од биолошки   (генетски)фактори и тука спаѓаат  ендогените  или “природни”болести.

 Avdev.promo.jpg


“Кога ќе ги разбереме причините за тагата, таа престанува да биде страдање”.

Зависно од причината за настанување на овие состојби треба и да се понуди соодветно решение.  Додека во првиот случај состојбата може да се надмине со духовни усилби, во вториот случај  е неопходна  и лекарска помош.  Погрешно е да се има апсолутистички и едностран приод , било медицински, било теолошки.
Имено, не сите психички болести се резултат на опседнатост а исто така не секое духовно растројство бара клинички методи на лекување.
Во Центарот  за православна психотерапија на Др.Авдеев се третираат пациенти на кои срцето им е отворено кон верата (се почитува нивна желба и определба,доколку ја имаат)
Човекот е биолошко, психолошко и духовно битие и  духовната компонента не треба да се занемарува. Свештеникот често пати е првиот кој доаѓа во контакт со лица со психичко растројство .Негова обврска е да го поттикне болниот да се јави на лекарски преглед  и ако е потребно и лекување и  да му помогне да се бори со својата болест. Се разбира за да го направи ова  треба да има основни познавања од областа на психијатријата.
Лекарот и свештеникот треба да се надополнуваат  и да делуваат комплементарно, синергистички а не антагонистички.
Психичката болест не му го намалува или одзема достоинството на човекот, или барем не би требало. Меѓу останатите права на пациентите кои се со Закон гарантирани  спаѓа  и  правото на религиозна слобода, исполнување религиозни обреди  и  посети од свештеник во болнички услови.

Депресијата е болест на современиот човек- дали се јавува поради стрес или безбожност? Уште во старите времиња, таткото на медицината, Хипократ зборува за “меланхолија”.
Денес депресијата  е на прво место меѓу причините  за отсаство од работа, а на второ место  од причините  за инвалидитет.
Според статистиката, депресијата се јавува два пати почесто кај жени. Но дали е тоа навистина така?  Мажите по тешко  се решаваат да се јават кај психијатар, се лечат со свои методи( земаат алкохол,се “претрупуваат” со работа  или самоиницијативно пијат лекови, без консултација со лекар).
Стресот, болестите  на зависност,сите  телесни болести како приружник ја имаат депресијата.
Денес помеѓу луѓето владее “Депресивна исцрпеност”,Егзистенцијална ( ноогена ) депресија- бесмисленост, безбожност, бездуховност.
Клиничка слика на депресија:

  • Нераспложение
  • успорено мислење
  • Успорено движење
  • Суицидални мисли
  • Намален сон/апетит
  • Безволност/безиницијативност
  • Пасивност,
  • Намалена концентрација и внимание
  • чувство на инфериорност

Avdev.promo.jpg

Алекситимија-психолошки карактеристики на личноста одредуваат дали некој ќе заболи од невроза.


Во книгата “Униние и  депресија, сличности, разлики, лекување-православен поглед” има   многу поуки, од кои би извоиле:

Св.Јован Златоуст

-не  греши
-ако грешиш, покај се
-ако лошо се каеш,истрпи ги маките што ќе те снајдат

Св.Праведен Јован Кронштатски:
“Најголемата, постојаната заблуда на нашето срце со која што мораме непрекинато да се бориме цел живот е неговата тајна помисла дека можеме без Бог и надвор од Бог, каде било и кога било, макар и еден миг.”

Депресија во различно животно доба:
-Кај деца и адолесценти  најчесто депресивните состојби се резултат на конфликти, ако тие се решат, симптомите се повлекуваат. Ако не им се помогне,сами ги решаваат тегобите преку оддавање на дрога, алкохол, што е погубно.
Кај деца депресијата се манифестира преку соматски поплаки , затоа често е непрепознаена од родителите.
- и климактериумот  често е пратен со депресивни состојби
И тука авторот дава корисни совети како да се надминат овие состојби.
Депресија по губиток на близок:”Само утеха во Бога дава спокој.Луѓето кога ќе доживеат трагедија, или кога им се заканува трагедија, дури тогаш се склони да се свртат кон Бога и да бараат негова помош. Кога лекарите се соочени со неизвесна прогноза на болеста на  своите болни, креваат раменици и   нивниот коментар  е
 “ сега со Божја помош” .Ако у техата не поткрепува,искушението не вразумува
Авторот прави комбинација  од медицински, диететски совети и совети да се  живее како  верник.
Митрополит Макариј Невски вели :
Како се раѓа гревот? Има неколку фази:
-случајна помисла=предлог
-внимание( разговор со помислата)
-наслада(помислата е во срцето)
-согласност со умот, решеност да се изврши гревот)
-согласност со телото, акција

Мелехов, руски психијатар, рекол:” во основа на многу психички растројства е несмирението “.
Неурозите с е судир на желби и стварност што раѓа немир. Аристотел рекол:”ограничи  ги своите желби ако не сакаш со тебе да завладее хаосот”.
“Верата е смирение”
За прв пат во науката  се признава поврзаноста на телото и душата  со откривање и објаснување на психосоматските болести.

Цели  на православната психотерапија:
-да успокои
-да всади надеж
--да отстрани смипоми на болест
-да поттикне на внатрешен раст и духовен развој
-да насочи кон неминливи вредности

Avdev.promo.jpg

Пастирска психијатрија
Од сите медицински  специјалности психијатрија е таа која може да се поврзе со пастирството.Многу духовни чеда имаат растројства  во однесувањето, психичка болест, или се гранични случаи.
Како пастирот да препознае дека неговиот штитеник е психички болен?
Психичките болести не се лекуваат само со аскетски средства, исто како штои лекарот не смее да се доживува омнипотентен,да се става во улога на Бог(да има комплекс на Бог)
Добро е во парохија да има православен лекар.Психијатријата не му се спротивставува на пастирството туку се стреми да го збогати со сознанија.
Духовникот  вели:”може да се обратите на психијатар, но треба и да се помолите,за Господ да го исцели вашето заболување,ако е таква неговата света воља,со посредство на лекарот..”

Духовник треба:
-да се моли за болниот
-да го учи на трпение,смирение
Лекар треба:
-со Божја помош, да лекува болест

На почетокот  на болеста примарна улога има  лекарот, а потоа, со оздравување, се повеќе улогата ја  превзема духовникот.
Секој свештеник мора да разбере каде е гревот, а каде е болеста.Има недоволно информирани свештеници кои душевните  болести  кај своите духовни чеда  ги  сваќаат или како демонско влијание( зол дух) или гревовна повреденост на душата.Нивните духовни чеда страдаат а не одат на лекар.Духовникот треба да го благослови лекувањето кај психијатар. Рускиот психијатар Мелехов има издадено прирачници за свештеници, кои им помагаат во нивната служба .

И психијатрите во светот полека се менуваат , стануваат верници (на пример во Русија).
Кај нас има 3 можности:

  • -медицина
  • -црква
  • -т.н.”исцелители”

Медицината и Црквата  мора да делуваат синхронизирано, како контратежа на овие третите кои прават непроценлива штета на нашите пациенти и духовни чеда и им го губат некогаш драгоценото време.
Лекарот-психијатар пак, треба да работи на сопствениот духовен развој, ако самиот  нема духовни вредности како ќе му  го симне духовниот товар на болниот?

Автор: д-р  Вилма  Виденова

Преминпортал (к.т.)

 

 

Друго :

Avdev.promo.jpg

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная