логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Фото: Маја Јаневска-Илиева

По повод двестегодишнината од раѓањето на Дичо Зограф (1819-2019), вечерва, во 19 часот, во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите ќе биде отворена изложба на негови икони. Изложбата ќе ја отворат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, и Сашо Цветковски, научен советник од истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

– Изложбата, која ќе биде отворена до 26 октомври, ќе содржи 25 икони и десет репродукции, главно од црквите во Мала Река и Дебарско, од Тресонче, Росоки, Сенци, предмети од Бигорскиот манастир, како и икони од струшка Малесија, од Селци. Некои од нив се празнични икони, ќе има и престолни икони, царски двери, а некои се и поатрактивни, како кивотот за мошти од Бигорскиот манастир и литискиот бајрак од црквата од Росоки. Се трудевме да ги покриеме сите сегменти каде што дејствувал Дичо Зограф. Тој сликал големи, монументални иконостаси, но и икони на платно – посочи меѓу другото деновиве Сашо Цветковски, долгогодишен истражувач на творештвото на Дичо Зограф, Димитрија Дичо Крстевич од Тресонче, сметајќи го за најпознат и најдаровит зограф на 19, кој станува предводник на дебарско-мијачките зографи, една од последните автентични традиционални школи на просторот на Македонија.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

– Дичо Зограф за нецели три децении, помеѓу 1840 и 1868 година, остварува импозантно дело со приближно две илјади икони и десетина фрескоансамбли, облагородено со автентична креативност, симбиоза на традиционалното и новото, традиционалното поствизантиско и новото, современото барокно сликарство – истакна Цветковски.

Тој укажува дека Дичо и неговата школа дејствувале не само на просторот на сегашната држава Македонија туку и во околните држави, дека тој не бил само зограф туку и конзерватор на постари икони, дека поправал, но и досликувал икони и така се грижел за она што била некогашна традиција во малореканските цркви. Икони на Дичо Зограф досега се идентификувани и во Грција, Албанија, Србија и во Бугарија. Постојат сознанија дека во Бугарија има над 200 негови икони, дека има и на Косово, но загрижуваат фактите дека во изминатите години од Македонија се изнесени над 100 такви вредни дела на Дичо Зограф. Во овој период, иако неговото творештво се истражува посистематски, сепак сѐ уште конзервацијата и заштитата на неговите дела се на многу ниско ниво.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

– Дичо Зограф заслужува многу повеќе, тој заслужува музеј на македонската преродба, каде што би бил носечка фигура и каде што би влегле, освен негови дела, и дела на цела генерација негови ученици, следбеници, па и соработници. Според Цветковски, тоа е едно огромно богатство на тој материјал, зашто 19 век е наш национален век. Тука започнува нашата преродба и сите национални процеси што ќе кулминираат во 20 век.

– Овој многу значаен настан, 200 години од раѓањето на Дичо Зограф, го организираме заедно со Македонската православна црква, со која имаме извонредно добра соработка. Постои една заедничка црта во мисиите на Македонската православна црква и на Македонската академија на науките и уметностите, грижата за културното наследство, неговото зачувување, заштита и афирмација во земјата и во странство. Јас мислам дека еден доминантен дел, 80 проценти од нашето културно наследство е најдиректно врзано со нашата православна црква – изјави меѓу другото претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Според него, државата генерално не води доволно сметка за иконите, потсетувајќи дека дваесет икони од земјава веќе се однесени во Албанија.
– Имаме голема можност и поддршка од црквата тие икони да ги вратиме. Освен оваа изложба за Дичо Зограф, утре ќе се одржи и нему посветен меѓународен научен собир. Треба да се нагласи дека него го почитуваат не само историчарите туку и историчарите на уметноста од соседните земји. Неговите икони се импресивни, тие воодушевуваат, тоа е голема уметност – рече претседателот на МАНУ.

 

 Катерина Богоева

 

 https://www.novamakedonija.com.mk/prilozi/lik/%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%87%d0%be-%d0%b7%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%84-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1254
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1455
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1318
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »