Одговара: отец Горан Стојчевски
5-ти декември 2012 год.
Прашање од Лилјана:
Зошто неможам слободно да му се обратам на мојот духовник.Еве неколку време одложувам или одбегнувам да разговарам со него.Се цувствувам како да несум прифатена од него.Неспокојство чувствувам и пред да разговарам и понекогаш откако ке разговарам со него.Ве молам да ми кажете како правилно да се однесувам.
Одговор:
Немојте да одбегнувате и потрудете се да се видите, и секогаш слободно обратете му се, бидејќи пред духовникот треба да го отвориме нашето срце како кон Господ, треба искрено, со смирено срце, без начин на поблаго претставување на она што треба да го исповедаме, без осуда кон другите, и секако молитвеното правило да го практикуваме како што ни предложил духовникот! Неспокојството е искушение кое ќе го надминеме со искрена исповед и држење до поуките од духовникот.
Преминпортал
Лето Господово 2012