логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Да се сведочи, за нешто или за некој, се подразбира дека тој што сведочи треба многу добро да знае што всушност сведочи и со каков мотив му пристапува на сведочењето. На пример, кога јас би требало пред некого да посведочам за некој настан или личност, треба сериозно самиот да се преиспитам, колку јас како субјект сум објективно запознат со самиот настан или личност, а ако сум директен сведок , тогаш треба да се запрашам и за мојот искрен однос кон настанот или личноста, затоа што многу често се случува на луѓето околу нас да им го сведочиме нашето толкување (разбирање, интерес) за настанот или личноста. Во овој контекст многу е битна и мотивацијата со која пристапуваме кон сведочењето. Ако нашата мотивација да сведочиме за нешто или некој се темели на искреност, непристрасност, почитување, љубов, желба да му помогнеме на ближниот, тогаш сведоштвото ќе биде вистинско, без истото да предизвика негативни ефекти во животот на останатите, туку обратно. Но, ако нашата мотивација да сведочиме за нешто или некој не се темели на горенаведените вредност, туку се темели на личен егоистичен интерес, патологија од секој вид, манипулација, служење на структури кои предизвикуваат насилство и неправда, тогаш сведоштвото нема да биде вистинско и истото ќе предизвика големи, и многу често, трагични последици во животот на останатите, како засегнати, така и незасегнати (невини) страни.

Ivica.markov8.jpg
Во контекст на горенаведеното сакам да истакнам дека, како во минатото, така и денес, да се сведочи активно и сериозно вистинската смисла и порака на христијанството во нашиот свет е можеби најодговорниот и најтешкиот подвиг што за себе може некој да го земе. Зошто? Затоа што со самото сведочење на пораката на христијанството, или поточно кажано, со искрено љубовножртвеното сведочење на Христовата Радосна (добра) вест во внатрешните душевно - ментални простори на луѓето што не опкружуваат се  предизвикува конструктивен, творечки, исцелувачки, спасителен, но сепак, немир. Кај некои тој немир или трепет, ако се искрени кон себе, а потоа и кон Бога, со текот на времето и со помош на мајката Црква, станува благодатен мир, но кај некои, истиот тој конструктивен немир или вистиноподобен трепет предизвикува деструктивно омразоисполнувачко насилие. Не случајно нашиот Спасител, пред да се вознесе кај својот и нашиот Небесен Татко, и пред Неговите апостоли да го започнат подвигот на сведочењето на Евангелието за спасението на светот, Тој им го говори следното:
“. . . ќе примите сила кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата. (Дела. 1, 8-9)”
Зошто нашиот Спасител ги “вооружал” своите сведоци, пред да започнат со сведочењето, со силата (благодатта, несоздадените љубовни Божествени енергии) на Светиот Дух? Затоа што требало да сведочат за нешто многу сериозно, пред, исто така, многу сериозни восприемачи на сведоштвото, би бил одговорот. Но, што всушност требале да сведочат апостолите, а и ние денес, како органи на Христовото спасително Тело, како Негова Црква? Одговорот на ова прашање ни го открива самиот Исус Христос и истиот на следниот начин е запишан во Светото евангелие според Матеја и Лука:
И одеше Исус по цела Галилеја и кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на ЦАРСТВОТО (.)и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот. (Матеј. 4, 23)”
И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за ЦАРСТВОТО БОЖЈО, оти за тоа сум пратен. (Лука. 4, 43)”
Според зборовите Христови, апостолите, а и денешните ученици Христови, се пратени од Него, како што Тој самиот бил пратен од нашиот Татко Небесен, да сведочат и изградуваат Царство, но не на некој овосветски цар, иделог или лидер, туку Царство кое за свој Цар, за свој Возглавител го има Оној Кој Е Вечен, Творецот на се што постои. Борис Вишеславцев за оваа пишува на следниот начин : “Христос му открива и му објавува на светот сосем нов систем на вредности изразен во единствен симбол - Царство Божјо. Во него се состои сето Негово - Откровение,  Неговата - Добра Вест, Неговиот - Нов Завет. Евангелието на Царството Божјо - тоа е првата и наједноставната дефиниција на проповедите на Исус Христос: се приближи Царството Божјо. (Марко.1, 14 -15; Матеј. 3, 2; 4, 17 - 23) Тоа, Царство Божјо, или Царство Небесно, е апсолутно вредно и апсолутно посакувано, во што всушност веруваме и за што се надеваме. Да дојде Царството Твое, повикуваме преку молитвата Господова (Матеј, 6.10). Евангелските приказни ни го покажуваат - Царството - како скапоцен бисер, како богатство закопано во земја. Затоа што тоа е врвот на човековото посакување и барање.” Во книгата “ Патот на мирот”  авторот на следниот начин пишува за Царството: “ Исус ни ја нуди можноста заедно со Него да бидеме градители, сотворци на еден нов, за нашиот свет, необичен свет. Тој нов свет, во кој Месијата не повикува, се нарекува Царство Божјо. Програмските начела на Царството Божјо Исус ги изрече во својата беседа на Гората. Сржта на таа беседа, а може да се каже, и на целата порака на Исус се Блаженствата. (Матеј. 5, 1 -12)”
Но сепак најдлабокото сведоштво за Царството, затоа што тој самиот истото најдлабоко во себе го доживеал, го имаме од Свети Симеон Нов Богослов:

 

Еве, ова Бог на Тебе
и на сите нас ни вика.
Ако сакаш и од друго
јас ќе ти покажам јасно
дека уште овде треба
сето Царство Небесно да го примиш
ако сакаш во него да влезеш по крајот. 3

Според сознанијата, кои полека се создаваат во нашиот ум и дух, ни станува јасно дека тоа Царство е сепак некаков вид владеење, уредување и осмислување како на личното, така и на општественото, заедничко живеење. Всушност, Царството, пред се е уредување на односот помеѓу личностите (На Бога, ангелите и луѓето), а и помеѓу личностите и созданијата Божји. Или поточно кажано, Царството е постоење во вредности (доблести) кои самиот Творец ги промислил за осмислување на љубовно - животворното  хранење и градење на меѓуличносниот однос во перспективите на вечното личносно постоење во рамките на Неговото слугоподобно владеење.


Вишеславцев Борис, Етика преображеног ероса, Београд, 2006, стр - 7
  Вулета Бозе, На Путу Мира, Сплит, 1999, стр- 35
  Свети Симеон Нов Богослов, Химни, Ресен, 2003, стр - 132 
  Свети Симеон Нов Богослов, Химни, Ресен, 2003, стр - 133
  Романидис Јован, Светоотачко богословље, Београд, 2005, стр - 35
  Владета Јероти¢, Индивидуација и (или) обожење, Београд, 2004, стр - 54

Ivica.markov5.jpg
Значи, апостолите, а и денешните ученици Христови, кога го сведочеле/сведочат и проповедале/проповедаат Евангелието (радосната вест) за Царството, тие всушност барале/бараат нешто да се измени, да се промени, преобрази, да се излекува, да се усоврши, како во човековата внатрешност, така и во уредувањето и вредносниот систем и светоглед на цело едно општество. Со современ јазик кажано, оние кои го сведочат Царството на вечното Божјо владеење во овој наш, со гревот и злото инфициран свет, се слични (но не исти) на некоја политичка партија која во името на општото добро настапува во конкретното општество со своја програма и платформа. За разлика од партиите, оние кои го сведочат Царството, а тоа е Црквата Христова, новозаветниот народ Божји, за свој лидер или идеолог немаат некој човек и нивната програма и платформа не завршува само со и во овој свет, туку раководени и возглавени од Месијата, во силата на Светиот Дух, ја сведочат вистината на совршениот и вечен начин на љубовнотворечко постоење, на совршениот меѓуличносен однос, како во овој свет, така и на вечен план. Затоа и Свети Симеон Нов Богослов ќе напише дека:


Но, ако велиш: не овде,
туку по смртта Царството ќе го добијат
сите што пламтеат по него,
ги извртуваш словата на Спасителот и Бог наш. 4

За истото протопрезвитерот Јован Романидис ќе каже: “ Оците на Црквата не се занимаваат со тоа што ќе биде со човекот исклучиво по неговата смрт, туку првенствено ги интересира тоа што ќе се случува со човекот во овој живот. . . Православната теологија не е надсветска, ниту сосем свртена кон иднината, ниту е само есхатолошка, туку може да се каже дека таа е чисто овосветска “  И всушност овој став, дека Царството Божјо, односно, Божјото владеење треба да се 1. сведочи, 2. прими, 3. живее и да се даде плод од тој живот во овој свет, е крајаголен камен кој создава делби и не само конструктивен немир и трепет, туку немир во кој може да се видат, дури и визуелно, острите заби на насилното, крвожедно и никогаш наситно зло. Често се случува да се сретнеме со луѓе, кои се декларираат  дури и како христијани, и со нив да зборуваме за откровението Божјо, за духовноста, но кога ќе се отвори темата за Царството, за Божјото владеење, за тоа дека Царството Божјо не е јадење или пиење (односно, некоја наша престава што ни ги оправдува овдесветските страсти, иживувања и злоупотреби), туку правда и мир и радост во Светиот Дух  (Рим.14, 17) тогаш кај мнозина се слуша крцкање со забите. Затоа и нашиот Спасител, Цар и Бог ги “вооружа” сведоците на своето Царство со силата на Светиот Дух. Без присуството на Светиот Дух е неможно да се сведочи Царството, но исто така е неможно и да се живее и плодотвори во вредностите на Царствот. Дека е тоа така може секој да провери ако започне во својот живот да внедрува некоја од вредностите (доблестите) на Царството. На пример: искреност, вера, целомудрие, одговорност, проштевање, разбирање, послушание . . . и веднаш штом ќе започнеме да ја внедруваме конкретната вредност, во умот, срцето, вољата, душата, внатрешниот човек - ќе се подигнат легиони мисловни стрели кои ќе не убедуваат во нешто спротивно. За оваа вистина, во своето послание, на следниот начин пишува и апостолот Јаков, првиот епископ на Црквата во Ерусалим:
“Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост. Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината; тоа не е мудрост која доаѓа озгора (од Светиот Дух Божји, од Царот Небесен), туку земна (од отпаднатиот начин на живеење во овој свет, кој се темели на егоизам, патолошки интерес, зло), душевна, бесовска; зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и се е лошо. А мудроста, што иде озгора (Од Светиот Дух, во нашиот, со верата отворен и разбуден дух) е најнапред чиста, а пота мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците. (Јаков. 3. 13 - 18)”


Во истиот дух за оваа пишува и Владета Јеротиќ: “Две најкоренити, затоа и најраспространети мани, грешки, поточно, најприсутни гревови, присутни скоро кај сите луѓе, се гревовите на нашата гордост и завист.”   Не случајно светиот апостолот Јаков и Владета Јеротиќ, како човек на кој добро му е позната човековата внатрешност, акцент ставаат на состојбата на “завист”, како состојба која е причинител на многу несреќи во овој свет, па може да се каже, и во димензиите на ангелскиот свет. Некаде на почетокот на овој текст напишав дека многу често кога се сведочи за Царството, тоа сведочење кај еден одреден тип на луѓе предизвикува деструктивна омразоисполнувачка желба да извршат дури и насилие врз оној кој сведочи. Всушност, примерот со нашиот Спасител Исус Христос и Неговото распнување на крст е крунски од тој вид, а и мачеништвото на безброј Негови ученици низ историјата. Но каде е всушност причината за оваа уништувачка желба за насилие и одбивање да се прифати сведоштвото за Царството. Во состојбата на “завист”. Кога некоја личност сериозно е заробена од состојбата на завист, таа започнува наљубовно да се споредува со се и секого, и тоа нељубовно споредување секогаш и нанесува силна внатрешна болка и страдање. Ние како личности сме сите различни и природно е да се споредуваме кој каков е, но само ако споредување е во вредностите на Царството, тогаш тоа не предизвикува внатрешна болка и страдање, затоа што е љубовно и затоа што во секоја љубовна споредба односот меѓу личностите не се нарушува, туку тие се надополнуваат една со друга. Ова не може да се каже за нељубовното споредување, за зависта. Всушност, кога зависта ќе ја зароби личноста истата не прифаќа никого и ништо, освен својата первертирана, личносно дефокусирана состојба. И затоа се јавува омраза кон се што е од различен дух и вредност од состојбата во која е конкретната личност, а таа состојба е адско - демоноподобна.
И затоа треба да се сведочи Евангелието на Царството, затоа што само на тој начин во овој со зло инфициран свет влегуваат зраците на вистинските небесни вредности и се изградуваат здрави, вистински, љубовни, искрени меѓуличнисни односи кои ја зреат личноста и ја подготвуваат за вечното блаженство во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух.


  Свети Симеон Нов Богослов, Химни, Ресен, 2003, стр - 133
  Романидис Јован, Светоотачко богословље, Београд, 2005, стр - 35

  Владета Јероти¢, Индивидуација и (или) обожење, Београд, 2004, стр - 54


 презвитер Ивица Тодоров

Посети: {moshits}

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная