логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (14.10.2010) 
На 14.10.2010 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во параклисот во резиденцијата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој е посветен на овој празник, се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на литургијата се изврши мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот, пред присутните верници, се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја принесуваме:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Нашата православна Црква денес го прославува празникот Покров на Пресвета Богородица. Повод за востановување на овој празник е еден настан што се случил во Цариград, во црквата посветена на Богородица наречена во Влахерна во 911 година за време на византискиот цар Лав Мудри. Во црквата се правело сеноќно бдение за спас на Цариград од напад на непријателите на градот. Во истата црква на западната страна се молел и св. Андреј Јуродиви, заедно со неговиот ученик бл. Епифаниј. Во раните утрински часови околу четири часот јуродивиот Андреј ја видел Света Богородица како лебди во црквата, облечена во порфира и украсена со злато и како го заштитува градот со нејзиниот омофор. Светиот Андреј го прашал својот ученик дали ја гледа Небесната Царица како го раширува нејзиниот омофор за да го заштити градот и народот. Овој блажен човек одговорил потврдно и рекол дека се восхитува на нејзината мајчинска грижа за спас на луѓето. Ова видение ќе послужи како база и основа светата Православна Црква да го внесе овој празник како богородичен, со име Покров на Пресвета Богородица.

Света Богородица како заштитничка на човечкиот род не се јавила само со својот омофор во богородичната црква Влахерна во Цариград. Таа се јавувала во историјата на Црквата на повеќе места и во повеќе цркви посветени на неа. Затоа илјадници храмови и се посветени неа и таа постојано со солзи се моли за спас на човечкиот род. Пресвета Богородица и денес е тука и се моли со нас и секогаш ќе се моли до свршетокот на светот. Мајката Божја го простира нејзиниот свет омофор не само врз луѓето што се молат во Влахернската црква, туку и над целиот свет и над сите луѓе во светот. Нејзиниот најсветол Богородичен покров богомајчин секогаш ќе блеска над нас грешните.  

Божјата мајка е посредница помеѓу земјата и небото. Таа е помошница на луѓето во светот и ги вознесува нашите молитви кон Престолот на нејзиниот син Господ Исус Христос. Сите таги во светот, сите гревови на луѓето, сите страдања и болки и воздишки во светот ја жалостат и ја натажуваат Мајката Божја. Таа се моли со секој човек кој верува и со сите нас, чии срца се огревовени, а со нејзините солзи се измиваат нашите престапувања. Заедно со ова неопходно е да ја запаметиме и другата утешителна вистина, дека во срцето на Божјата Мајка има доволно место за секој човек, кој и се обраќа неа, бидејќи нејзината мајчинска љубов е неискажлив извор на радоста, застапништвото и помошта за сите луѓе. Во тоа е големата радост и утеха за секој од нас грешните.

Ние веруваме дека денеска Богомајката е со нас и се моли на Бога за нас. Ние силно веруваме во нејзината Богомајчинска помош и нејзиниот мајчински покров. Колку што е важно како веруваме денес, така уште поважно е подлабоко и посилно да ја примиме таа спасителна вистина и да се зарадуваме, бидејќи ние имаме застапница на родот христијански. Мајката Божја како вистинска мајка постојано и секогаш ги слуша нашите молби, нè разбира и секогаш и на секого му помага. Верувајте во тоа и надевајте се на неа и на нејзиното Богомајчинско престојување, и од сета душа и од сето срце да испросиме денеска нејзино покровителство.

Мајко Божја принеси ги нашите молитви кон престолот на Синот твој. Испроси од него за сите нас милост, здравје и спасение, мир во светот и благосостојба во нашата Светиклиментова и Светинаумова Црква, како и во нашата мила татковина Република Македонија. Амин!

Митрополит Тимотеј

Покров на Пресвета Богородица
14.10.2010 година, Охрид

 

 http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=661


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная