логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Интернет синаксис за сите (13.11.2011)


Знаци на напредок?

 

            Добив едно прашање од вас, деца, во кое (како што разбрав) се интересирате како да познаете дали напредувате во православниот духовен живот, додека се наоѓате на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите, а сè уште го немате дарот на аскетската умносрдечна молитва.

            Пред воопшто да говориме за знаци на напредок, треба прво да видиме дали е исполнет главниот и единствен услов за водење на православен духовен живот, а тоа е восогласувањето на начинот на нашиот живот и подвиг со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме. Без ова восогласување, може да стане збор за сѐ освен за православен духовен живот.

            Бидејќи неколку пати до сега сум пишувал што значи тоа восогласување на првиот степен, сега само на кратко ќе се задржам на таа тема, опфаќајќи ја со два збора – апсолутно послушание (целосрдечно послушание, слепо послушание). Знам дека овие два збора кај некои од вас предизвикуваат внатрешен отпор, ама не се чудете, тоа се само демоните поврзани со непреобразениот дел од страстите кои врескаат внатре во нас, неподнесувајќи го ни самото слово за Крстот, а камоли маченичкото сведоштво. Стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на Крст (Фил. 2, 8)

            Зошто послушание? Деца, мораме еднаш да сфатиме дека православниот духовен живот во Црквата на Живиот Бог е конкретно (и проверливо) Предание. Благодатта на Светиот Дух примена преку Светите Тајни на Црквата се активира и се актуелизира и се предава и се усвојува во конкретен личносен однос помеѓу духовен отец и духовно чедо. Нашиот ум треба конкретно да се смири пред нечиј друг ум и на тој начин да влезе во процес на исцеление, во процес на предание. Ова е вообичаениот пат по кој поминуваат скоро сите. Има и исклучоци, но прелест е ние да си мислиме дека спаѓаме во нив – дека не мора да го поминеме востановениот пат. Исклучокот си знае – не си мисли, но и цело Небо и земја и поднебесје него го знаат; како што го знаат, на пример, светиот апостол Павле. 

            Откако ќе го исполниме и обезбедиме основниот услов за православен духовен живот, многу е добро кога тој услов би можел од страна на духовниот отец да биде конкретизиран, а од духовното чедо остваруван, во следниве три правила: прво, неприфаќање и непоистоветување со помислите, чувствата и желбите без нивна претходна проверка само со духовниот отец; второ, правилното исповедување, при што треба да се исповеда состојбата на нашето срце создадена во моментот и после искушението, без самооправдување и без осудување на другите; трето правило е континуиран, нагласен телесен и, во рамките на послушанието, молитвен подвиг (според силите) сè до отворањето на срцето, после што истиот треба да се восогласи со условите што ги бара умносрдечната молитва.

            Со овој подвиг се поставуваат и рамките, основата, амбиентот за плач, со што монахот (или секој) може да го добие дарот на солзите и да престојува во духот на покајанието – а тие непрелесно го водат кон умносрдечната молитва.

            Сѐ што е спротивно на наведените правила е пречка за нашиот духовен развој. На пример,  прво, колку повеќе ќе прифатите и ќе се поистоветите со одредена помисла, желба или чувство, толку повеќе ќе го принудите духовниот отец да ви снисходи, што истовремено значи и соодветно напуштање на процесот на исцеление на умот, односно на чистење на срцето. А отецот снисходи затоа што евентуалното негово одбивање, заради вашето поистоветување со страстите, вие ќе го доживеете како отфрлање на вашата личност и нељубов од негова страна. Личносниот однос, пак, меѓу отецот и чедото е единствена основа врз која отецот внимантелно може да ги дозира духовните лекови потребни за исцеление и спасение на своето чедо и затоа треба да остане колку што е можно непопречен. Мислам дека на сите ни е јасно какво губење на време и непотребно трошење на сили е ова и за 'двете страни' во овој процес. Има и граници на снисходењето, а има и неразумно снисходење, што е друго прашање.

            Втора голема пречка се таканаречените 'паралелни односи'. Тоа се случува кога за одредени наши поистоветувања и прифаќања, како и за одредени наши гревови, разговараме и ги споделуваме, освен со духовниот отец, и со некој што ни е нам близок. Ако оваа појава продолжи, нормално е дека со време ќе се приклониме кон оној со кого нè врзува посебно пријателство, а ќе се отклониме од духовниот отец, затоа што првиот (исто болен како нас) ќе ја потврдува нашата острастеност, а вториот ќе ја сече. Нормално, негувањето на таквиот паралелен однос со време повлекува и сокривање на помислите и делата од својот духовен отец и нивно споделување само со оној со кого градиме посебно пријателство и што ни угодува. Паралелните односи, или попознато во светоотечката литература како негување на посебно пријателство, заедно со криењето на помислите (чувствата, желбите) и постапките се најглавните причини за напуштање на духовниот отец.

            Отсуството на континуиран аскетско-исихастички подвиг е третата пречка. Знаеме веќе  дека третата пречка нѐ вбројува, сите нас што ја живееме, во групата на наемници. Градењето на 'дај ми – на Ти' однос со Бог, нема да нè удостои со дарот на молитвата на срцето, со дарот на восиновување.

            Во онаа мера во која го исполнуваме главниот услов, конкретизиран и остваруван преку трите правила, во таа мера ќе ги забележиме и знаците на духовниот напредок. Но, да не заборавиме, тоа сепак не смее да биде наша проценка и оценка. Нашиот духовен напредок нека го оценува нашиот духовен отец и соодветно нека нè води, а конечното вреднување го оставаме на Бог. А знаци на духовен напредок (значи, условно земено), според светите Отци, се: доверба во Бог, синовски однос кон Богородица, внатрешна послушност кон духовниот отец, безгрижност во однос на световното (или вистинско туѓинување), нерасеаната (или чиста) молитва, солзите при таквата молитва, барање на Божјата правда, брзото простување и барање прошка, молитва за оној што нè повредува, брзо враќање на мирот после претрпеното искушение, држење на последното место, благодарност на Бог за сѐ, итн., итн. Да не должам, зависно од тоа колку нештата се случуваат побрзо или поспоро, така се оценува и напредокот, во самиот степен на духовен развој.

            Добро, за некого знаци на духовен напредок би биле: да почне да чита свето Евангелие, да си го врати молитвеното правило, да си ги врати со (во) него и метаниитте, да се принуди на аскетски плач, да оди да се исповеда кај духовниот отец, и сето она што вообичаениот побожен живот го бара од нас...

            Најјасен знак дека нешто сепак може да не е во ред е кога повеќе години поминуваат, а дарот на умносрдечната молитва е отсутен од нашиот живот.

            Гледате, значи, се работи за комбинација од услови и знаци за да се состави мозаикот на духовното напредување. Ваша главна задача е исполнувањето на условите, а на духовниот отец – да внимава на знаците на напредок (или исцеление) и соодветно на тоа да делува и раководи. Ова го велам затоа што знаците земени посебно и од нас оценувани можат да излажат. На пример, нешто што личи на подвиг на аскетско смирение, може да биде само резултат на стекнато душевно и интелектуално искуство или да се заснова на омаловажување на другите или да е последица на потчинетост. Нешто што личи на ревносен аскетски подвиг, може да биде само хранење на суетата. Нешто што личи на послушание, може да биде само привремено глумење додека да се оствари замислената цел итн. А духовниот отец сето тоа го знае и го гледа...

            Немојте да се плашите од ова што ви го напишав. Целта е да се отрезниме од опијанетоста со овој свет, да се покаеме и да се подвизуваме во познание. Ги знае Единствениот Човекољубец, Богочовекот Христос слабостите на нашата природа, знае дека попрво би земале отколку да даваме, знае дека нашиот живот е падни-стани, ги знае условите на суптилен прогон во коишто живееме и растеме како христијани. Знае дека ни треба и одмор и забава и мир, итн. Ние пак веруваме во Неговата љубов и промисла за нашето постоење во ова време и на овој простор. Веруваме, и знаеме веќе, колку голем дар Негов е тоа што сме православни. Знаеме од опит колку многу ни дава за она малку што го добива од нас. Ни треба само еден мал, но континуиран, колку што може, подвиг; после сите падови и повторни исправања, линијата на нашиот животен графикон сепак да покажува нагорно движење. Ни треба, само, малку да одвоиме време и за Него.

            Знаете што, деца, во ова наше време, Господ Христос ми заличува на многу богат, но осамен Човек, Кој и сега многу ни дава - како да ни е нешто должен, но Кој за едно мало внимание е подготвен да возврати со огромен дел од Своето богатство; и сè помалку го има тоа внимание. А светите Отци силно посакуваа да живеат во ова наше време, и не им беше дадено; не за лесно да добијат, туку за да дадат и да посведочат. Се прашувам сега: Каква ли неискажлива привилегија е ова за нас, или можеби огромен срам?

  Митрополит Струмички Наум

 

  

   

 

 


 

Лето Господово 2011

 

 


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2765
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1942
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »