логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Искрената и цврста вера има голема сила и во состојба е, според зборовите Господови, и планини да преместува (Мат. 17, 20). А во светите евангелија имаме примери како цврстата вера на друг му донела спасување од неволји и страдања. Па така, верата на таткото го спасила синот (Јован 4, 46-53), верата на мајката ја спасила ќерката (Мат. 8, 5-13).

За нас најзначаен е описот за светиот архиепископ охридски Варлаам, кој е опфатен во неговата „Книжка“, и за кој се смета дека самиот Јован го препишал од локален изворник, набрзо откако се случил овој настан. Воедно, светиот Варлаам Велешки е првиот и единствен досега познат светител кој е поврзан со градот Велес.

Грижејќи се за чистотата на душата тој воопшто не се грижел за чистотата на своето тело. Неговата облека била стара, со закрпи, сошиени со бели конци, и сета извалкана од тесто и масло. На едната нога излитена чизма, а на другата чевел од рогозина. ...

Како што вели големиот подвижник, преподобниот Исак Сирин: „Овие натприродни знаменија им се даваат само на простодушните по разум, но истовремено и најсилните во надежта“. И навистина, чинијата со пилавот чудесно исчезнала од пред очите на Св. Јован. Блажениот коњушар се вратил кај господарката и ѝ соопштил дека јадењето е испратено во Мека.

Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздорот меѓу Првото Бугарско царство и Византија. Во таa ситуација византиската власт не можела да спроведува политика на отворен притисок врз словените во Македонија и Грција. Во првата половина на IX в. словенските племиња на територијатa на Империјата сѐ уште имале многу широка автономија

Откако му се поклони на овој лик Алексиј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестајно молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица. Кога таму се прочу како богоугодник, се уплаши од човечката слава и замина оттаму, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.

 Роднина на апостолот Павле, Евреин од оние Евреи што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба за грижа на сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето.

Самиот термин – собор, или изворно – синаксис [син-аксиос = со-достојно, исто така достојно], ја доловува и суштината на празнувањето. Една кратка паралела ни нуди поопширен увид во плиромичната православно- вечноактуелна еклисиологија: имено, Црквата секогаш по славењето на некој значаен настан или личност за спасението на човекот, одлучува да слави собор на некоја личност која е тесно поврзана со соодветниот настан, односно личност.

во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“....Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.

20182799_10213511861540417_573420202_n„Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“

Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева, според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, 

За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет. За ова се зборува не само помеѓу нашиот народ, туку на секаде во светот каде што имало можност да се види и да се слушне за оваа вистинската фреска која оди (жив светител).

Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес  е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозрни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш застапник, велики Николае.

Црквата денес го празнува споменот на големиот чудотворец, светиот Василиј Острошки и Тврдошки. Љубовта и молитвената блискост на овој светител ја почувствувале многу луѓе, како од Македонија, така и од повеќето земји од Балканот, но и светот. Во прилог пренесуваме две чуда кои се случиле по молитвеното застапништво на св. Василиј Острошки.

Веруваме дека заради молитвите на таквите подвижници издржала Русија и бил спасен Петербург. На студ и во жега, на ветар и на дожд – старецот упорно барал да му помогнат да отиде до каменот; без оглед на своите многу болести тој го продоложувал недостижниот 1000-дневен подвиг. Така, од ден на ден,..

st_mary_of_egyptnamalena.jpgСе принудував себеси да влезам, но попусто, бидејќи штом својата грешна нога ќе ја ставев на прагот, некоја неочекувана, невидлива сила веднаш ме спречуваше и јас се враќав назад во тремот. И така се обидував три - четири пати, но се беше попусто; не можев да влезам. Преморена од срам и изненадена, се повлеков настрана и застанав во еден агол од тремот на храмот. И кога едвај, малку се прибрав, јас се запрашав себеси:

Zosimas_and_Mary_of_Egypt.jpgВо еден палестински манастир, се подвизуваше еден старец, украсен со праведност и благоразумност, кој уште од младоста беше добро упатен во монашките подвизи. Се викаше Зосим. Тој ги помина сите подвизи на подвижничкиот живот и го исполни секое правило, предадено во наследство од совршените монаси. А сето тоа правејќи го, тој никогаш не заборави да се поучува од Божјите зборови:

 

За сите кои ќе го сретнеле, иако тој тоа никогаш не го признавал тоа, Отец Јован бил еден навистина голем духовник: постел цело време, јадел само еднаш на неколку дена, бил буден во секое време, спиел само по неколку часа преку ноќта; додека се молел, цело време правел безбројни поклони.
Еднаш, помладиот брат го прашал за некои зборови, од кои би имал духовна полза. Отец Јован му рекол:

11 февруари 2017
"Три светители: Организатор, молитвеник и проповедник"Толку често Василиј, Григориј и Јован ги спомнуваме заедно, што станува тешко да се размислува за нив одделно. Воедно, тие се како Петар и Павле, во многу аспекти видливо противречни. Откривањето на овие противречности не го нарушува, туку напротив, го истакнува единството што им е дадено во Духот Свет и кое така органски влегло во свеста на Црквата.

По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги,

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 659
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

« »