логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Ana.moshtite.del

„Некој свештеник, со документ од Вселенскиот Патријарх, на едно од неговите патувања го посети градот Ерзерум во Ерменија.

Во храмот на светите маченици Минас, Виктор и Викентиј, имало многу свети мошти, меѓу кои и стапалото на света Ана. За да не остане оваа светиња во рацете на инославните, тој ги купи овие мошти, добивајќи уверение од митрополитите на Кесарија Кападокиска г. Епифаниј и од Силвестер од Халдија.

Неколку години подоцна двајца арапски архиереи, од Антиохиската Патријаршија, одеа на Света Гора просејќи милостина, носејќи ги со себе моштите на света Ана и уверението за автентичност, кои ги беа купиле од наведениот свештеник.

Стигнувајќи во скитот Провата го сретнале духовникот Матеј од Лезвос, кој беше исповедник на војводата Кантакузин. Старецот Матеј имал многу пари, па ги купил моштите од света Ана, заедно со уверението за нивната автентичност.

Кога Дионисиј III Вардалис го проширил главниот храм на скитот во 1666 година, браќата од скитот решија да ги побараат светите мошти од света Ана. Испратија делегација во скитот на Свети Ѓорѓи во Провата, каде што престојуваше духовникот Матеј од Лезвос. Делегацијата ја претставуваа духовникот Герман и духовникот Дионисиј од Мала Света Ана, кои и обајцата беа по потекло од Лезвос.

Старецот Матеј одбиваше на почетокот да им го даде ова скапоцено богатство. Но по петнаесет денови, без никаков притисок од отците на скитот, веројатно поради некое видение што го имал, отиде во Света Ана и ги положи во главниот храм светите мошти, каде што се чуваат до денес, и извршуваат многу чуда.

         Епископот Родостолски г. Хризостом го пишува следново за светите мошти на света Ана:

„…Со страв се допираме до светите мошти на света Ана – сечесниот табан од стапалото на светителката – кое уште одамна е сочувано во светиот олтар од киријаконот (главниот храм) и во одредени моменти се изнесува. Има многу нешта што може да ги помисли нашиот ум…

Од овие свети мошти се зачна, беше носена, и се роди застапничката на нашето спасение, Марија.

Ова свето стапало ја носеше Пресветата Ќерка во двориштата на Назарет околу три години и чекореше следејќи ги ножињата на богодетето Маријам во храмот на Соломон, за да се раздели од неа засекогаш, откако како малечка ја донесе и ја посвети според доброволното ветување и исполнување на Божествениот совет во Светињата на светињите, заради ангелската подготовка за нејзината мисија за спасение на светот.

Многу чудеса ја следат историјата на овие свети мошти, како и побожноста на народот кон светата Богопрамајка Ана, но и призивањето на нејзиното име за разрешување на врските од бездетноста и за добивање на дете, и многу се децата кои го носат нејзиното име, или она на нејзиниот сопруг Јоаким, бидејќи се родиле како чудо, поради нејзините молитви за разрешување на бездетноста.

Врз овие свети мошти се осветува таканаречениот појас на света Ана, којшто им помага на верните кои сакаат да добијат деца.

Овој појас на света Ана го следи осветување врз моштите на света Ана, и помазување со масло од незгаснатото кандило на света Ана, кое гори пред чудотворната икона на света Ана, која се наоѓа во скитот на Света Ана, богопрамајката Ана на Света Гора, и упатства и молебен канон на света Ана.

Многубројни се чудата кои постојано ги извршува света Ана и раскажувањата на монасите од скитот за брачните парови кои ја изгубиле секоја надеж за добивање деца, и станале родители со помош на света Ана, кога со побожност и вера прибегнале кон неа и побарале помош од неа.

               Чудото со султанот и кандилото на света Ана

Карактеристично е раскажувањето кое следи, за Султанот кој добил деца по молитвите на света Ана.

Султанот не можел да има деца, и поради тоа бил многу загрижен. Од жителите на островот, кои оделе често на Света Гора и во скитот на Света Ана, слушал за чудата на Пресвета Богородица и за помошта која таа им ја давала на бездетните парови, за да добијат деца.

Поради тие приказни кои често ги слушал решил да испрати дарови за скитот преку некои поклоници, за света Ана, и побарал од нив да му донесат свето масло од кандилото и света вода од Света Ана.

Но, христијаните, бидејќи Султанот бил од друга вера, ги фрлале даровите и ништо не му донесувале.

Султанот настојувал и повторно испраќал дарови за светителката и пак барал да му донесат света вода и масло, но овој пат строго им се заканил на поклониците, во случај да не му донесат.

Монасите од скитот, бидејќи Султанот не бил христијанин, и поради заканата од него, му испратиле обична вода, наместо света, и обично масло, наместо осветено.

Но, света Ана, поради верата и упорноста на Султанот, му помогна и му се роди едно здраво дете и тој со благодарност ѝ подари на света Ана едно кандило, кое сѐ уште стои пред иконата, кое го имаше таксано, но бидејќи филигранџијата украл дел од скапоцениот материјал, Султанот во долниот дел поставил едно јајце, за да го пополни празното место, и за да биде таксаното потполно.

Овде треба да истакнеме, дека во април 2013 година кандилото се нишаше крстообразно.

Преданието вели, дека кога кандилото се ниша на празниците, најавува убави настани, додека кога напротив се ниша во обични денови, тогаш се верува дека ова е најава за неблагопријатни настани.

Мајки, не очајувајте!

Уште едно чудо. Света Ана навистина е чудотворка! Мојот брат и снаа имаа сериозни здравствени проблеми и нивните лекари ја исклучија секоја веројатност да имаат дете на природен начин, па дури ни со вонтелесно оплодување.

По 5 години обидување и откако веќе лекарите не можеа да направат ништо, оставија сѐ на Бога. Мојот брат отиде на Света Гора, во скитот на Света Ана и се поклони пред нејзините свети мошти и пред нејзината чудотворна икона.

Таму старците му кажале дека, доколку се согласува и неговата сопруга, тие би му дале упатства и некои благослови (масло, појас од света Ана и др.) за да знаат што да прават, и старците да се молат секој ден, во текот на 45 денови, и „чудото ќе се случи, ако сака светителката и ако верувате!“

И навистина, по еден месец по поклонението на мојот брат на Света Гора, околу 15 јули 2014 година, мојата снаа остана бремена, во неделата на Пресвета Богородица. Околу 2 месеци таа не можеше да сфати дека е бремена, бидејќи не веруваше дека тоа може да се случи на чудесен начин. Сѐ до оној ден, кога при крајот на септември самата света Ана ѝ дојде во сон и ѝ даде едно бебе во нејзините прегратки и ѝ рече: „Земи го ова бебе, твое е“.

Следниот ден таа направи тест, и навистина беше бремена! Два месеца подоцна и додека имаше многу проблеми и беше во болница многу измачена и исплашена, да не се случи нешто наопаку и да не го изгуби бебето, светителката дојде пред неа како во видение, како во сон, во 11 часот претпладне и ѝ рече: „Јас сум света Ана, не грижи се, ти дадов едно девојче и тоа е здраво. Ќе ѝ дадеш име – Ана“. Снаа ми почувстува како се буди со плачење и почна да ни раскажува за видението што го виде и претрпе шок, ја виде жива со лик како на Пресвета Богородица!

Навистина следниот ден направија снимање и лекарот ѝ рече дека 100% е девојче! Едноставно, ние тоа го знаевме еден ден пред лекарот, бидејќи тоа ни го кажа самата света Ана! Сега е во петти месец и сѐ е во ред. Одлучив да ви го изложам сето ова, бидејќи денес е нејзиниот празник и тоа е најмалото нешто што би можела да го направам во нејзина чест!

Верувајте во Бог, барајте ја помошта на света Ана и таа ќе ви го покаже начинот на кој сѐ ќе стане добро. Некогаш ми беше тешко да поверувам дека се случуваат чуда, но сега ви велам дека е вистина, сѐ додека да дојде и вашиот час да го доживеете тоа. Бидејќи чудото се доживува, и не се објаснува. Благодатта на света Ана да нѐ закрилува сите нас, а особено паровите кои сакаат да станат родители, а сѐ уште не успеале!

Благословот на Пресвета Богородица и на нејзината мајка света Ана да биде секогаш со вас! Амин.

 

Молитва кон света Ана:

         „Господи Седржителу и Сесилен, Кој само со збор си го создал небото и земјата и сѐ што се гледа околу нас, Кој си ги избавил нашите татковци од рацете на Фараонот, Кој со Својата заповед го раздели морето и паднаа во него Египтјаните. Ти, Боже, Кој ги хранеше 40 години во пустината, Ти, Кој си ја благословил Сара, жената на Авраам и го роди Исаак во своите стари години, Ти, Кој ѝ подари на онаа Ана и таа го роди Самуил пророкот. Ти, дај ми и мене, на Твојата слугинка, дете, и не оставај ме да бидам посрамена и понижена во сиот мој род.

         Господи Боже мој, та не сум ли и јас како едно од животните? Зошто се разгневи на мене и ме остави неплодна? Ти, Кој ги благослови созданијата и рече: „Плодете се и множете се“, дај ми и мене семе и плод на утробата, и ако родам било машко, било женско, да Ти го подарам со сета моја радост и да го донесам во Твојот храм и да Ти го посветам Тебе“.

 

 

Подготвил и превел од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Православна светлина бр. 62

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2022/08/05/%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%B0%D0%BD%D0%B0/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6658
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6461
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5649
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная