Свети свештеномаченик Харалампиј
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина и свое длабоко значење. Православниот христијанин треба да го знае значењето на своето име и да се соживува со него, зашто нашето име го крие и нашиот карактер, нашите способности и дарби. Не случајно и Господ Исус Христос во една прилика на свети апостол Петар му рекол: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја…“ (Матеј 16: 18).